Во странство ова е наречено dry wedding и полека станува тренд. Голем број од младите парови се одлучуваат за ваква свадба каде што нема да се служат алкохолни пијалоци. Се прави поради финансиски и религиозни причини најчесто, а некогаш и за да се спречат инциденти што може да настанат од пијани гости. Што мислите за ваква свадба? Дали би правеле ваков тип свадба или не? Дали би присуствувале на ваква свадба? Мене искрено многу ми се допаѓа оваа идеја и баш би сакала да стане нешто што почесто би се применувало и кај нас. Нема поодвратно од пијани гости што пијат како да нема утре зошто е гага. Често сум била сведок како пијани роднини меѓу нив на сред свадба се караат за наследство, за некои проблеми од време на Тито, па некои урлаат по жени и деца така пијани, одвратна глетка е. Заради ваквите што немаат мерка би укинала алкохол по свадби.
Интересно. Не сум размислила за вакво нешто, за неколку години ќе го имам во предвид. Ми се допадна идејава. Дефинитивно сум за да нема алкохол на моја свадба зошто некои луѓе стварно не знаат да пијат и расипувачи се на забава заради лошо пијанство.
Бонус е и што финансиски безалкохолни пијалоци се многу поевтини. Само кај нас народ одма ќе збори "скржави, не не угостија како што треба".
Мене лично не би ми сметало, бидејќи и онака не пијам алкохол воопшто. Па не ми е пречка и покрај тоа да сум весела, да се забавувам на свадба, да станам да играм Е сега, на некои луѓе им е потребно алкохол да се опуштат и немам ништо против. Но, пак, и за тоа си треба умереност, бидејќи има секакви пијани луѓе и важно е да не се уништува нечиј специјален ден
Не пијам многу алкохол, не би ми пречело да сум гостин на ваква свадба. Тоа е ден на невестата и младоженецот, тие треба да си одберат како нив им одговара, нема што гостите да се лутат за одлуките на парот. Сум видела и јас пијаници нападни по свадби, кога ќе се сетам на такви ликови, целосно поддржувам вакво нешто.
Прослава без чашка алкохол некако не ми е поимливо, да наздравиш во име на младенците, да се опуштиш, да се забавуваш, за тоа се и забавите… Така да свадба без алкохол не ми се допаѓа воопшто идејата, а тоа што некој е без граници е веќе друго, кој сака да направи скандал мислам и дека не му треба алкохол туку тоа е само изговор, се е до паметот.
Како идна невеста, можам да кажам дека идејава е супер, мене ми се свиѓа многу. Само кај нас менталитетот е таков дека свадба без да се напиеш не ја бива и верувам дека овој тренд кај нас нема да успее . Еве јас ич не пијам, онака сум по природа весељак и да појдам на свадба нема да посигнам по алкохол оти цело време сум на оро фатена . Не оправдувам пијанчење по свадби, до тој степен да неможеш на нозе да стоеш, ама оправдувам пиење 2-3 чашки за опуштање и да наздравиме за младите
Убав тренд. Ми се допаѓа многу. Само во Македонија, малку потешко. Алкохолизмот ни е машала-машала распространета болештина.
А како да нее, сеа и за алкохолот ко за народ не чиниме, зар само кај нас се пие, а во Русија, Чешка, Германија, Америка…? Секаде се пие не е ова нешто само кај Балканот
Шо македонец е тој шо не пие алкохол? ако не поќе, барем социјално пиење... Сме локачка, пушачка, а сега и наркоманска нација.
Во право е Вајлд, на Балканов многу повеќе се пие, претеризам е. На свадби голем број гости, особено тие од постари генерации се без мерка и дрво пијани се прават.
Мене не ми се допаѓа многу оваа идеја искрено, имаше некои постови на редит читав скоро за ова. Јас на моја прослава сакам да ги угостам сите, таму се да ме слават мене и моето стапување во брак и како што би се потрудила да има од се по нешто од храна за сечиј вкус, така не гледам причина зошто да нема алкохол и безалкохолни пијалоци. Не сум јас онаа која треба да суди дали некој треба да пие или не, а и не се осеќам толку ентајтлд оти е мој ден па да биде се како што кажам јас, возрасни луѓе се и треба да си знаат мерка, ако некој сака да се опушти со чаша, две па и повеќе зошто би ми сметало, ако некој почне да се понаша има други начини да се реши проблем. Јас не сум човек кој многу пие, ама кога ќе излезам или кога сум на прослава некаде сакам да пијнам по некоја чашка алкохол. Не дека нема да ми биде забавно и без тоа, ама уживање ми е и не би сакала да го скратам истото на гости кои имаат исти преференции како мене. А ако мислите дека на Балканот најмногу се пие грешка сте оти не сте ги запознале Британците. Јас како што имам видено пијанчење тука, таков нездрав пристап кон алкохол на друго место не постои.
Влијае и културата. Не е за сите луѓе во ред да се дава на 2 годишно дете 'да проба' пиво, на 12 годишно да 'проба' ракија. Ги десентизираме децата за конзумпцијата на алкохол и учат дека е 'нормално'. 'Нормално' е да гледаат пијани родители, родини и пријатели по секакви забави и прослави.