Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба без служење алкохол

Дискусија во 'Свадба' започната од Snowflake99, 27 март 2023.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    39.037
    Пол:
    Женски
    Не е спорно тоа, и ја би ги почитувала ако одам на таква свадба, нормално. Ама зошто би донеле таква одлука е прашањето ако знаат дека повеќето гости пијат алкохол. Искрено подобро е да не викнеш проблематичен гостин отколку никој да не смее да пие. А до сега на многу свадби што сум била не се сеќавам да имало инцидент, верувам дека се случува ама е ретко.

    Или еве друг пример ми текна, може еден од младите е бивш алкохоличар и се опоравува па не сака да биде во контакт со алкохол. Скроз разбирливо. Ама не значи дека треба уште на 200 луѓе да им е скратено.
     
    Последна измена: 29 март 2023
    На IRBBB, L.i.n.a.a, Directioner005 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.200
    Допаѓања:
    125.408
    Пол:
    Женски
    Алкохолот не е потребен за убав помин.
    Гостинот не може да диктира.
    Тие двајца треба да размислат кого да поканат, а поканетите треба да размислат дали можат да ја прифатат одлуката и да дојдат.
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.559
    Па чисто те прашав дали и во случајот со пачата ќе испочитуваш и ќе ти е океј оти нивни правила се?
    Дали секогаш важи тоа?
    Нека нема алкохол ама ако е така и јас одлучувам дали 3000 или 500ка ќе ставам во пликото. Нели, мои финансии, мои правила.
     
  4. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Зависи какви луѓе сакаш да поканиш. Не може да очекуваш баба ти на коњопој да ти стои.
    И јас сум била, мене не ми се допадна. Нозете една недела не можев да си ги опоравам. Треба опција на луѓето да можат да седнат. А ова кај коњопој, па уште сред трева. Ај оди со штикли.
    Не може свадба да се спореди со рандом искачање. Во диско и за 10 минути ќе си отидеш дома ако сакаш. Ова со прием до торта делење, не ми иде.
    Не е некогаш до тоа што го сакаме, туку треба да ги имаме во предвид сите страни.
     
    На IRBBB и Ena05 им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    Првпат слушам за вакво нешто но многу ми се допаѓа, тоа можат да бидат едни од најдобрите свадбени свечености. Истото би требало да се практикува и за родендени и пречек на Нова Година. Ако е алкохол смао неколку капки ради вкус на некое јадење, рум торта, виски паста и сл. во ред. Ама да не биде дел од понудата за пијачка.

    Секако соодветно да се нагласи во поканите, па кој не му одговара нема ни да дојде.

    п.с. следно ниво (за понапредните) би можело да биде и вегетаријанска свадба, разновидни јадења но без месо и риба.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.460
    Пол:
    Женски
    Тогаш не може да диктираат да и донесме поклон во плик. или воопшто да донесеме поклон, ако им е битно само тоа да се присутни гостите без да очекуваме дека ќе сакаат да јадат и пијат, тогаш нема потреба да очекуваме поклон. Јер моја свадба мои правила, нивни финансии, нивни правила( на гостите).
    И да алкохолот не е гаранција за убав помин ама мене ми е уживање да се напијам алкохол на прослава па уживањето нема да ми е исто, а дека нема да отидам ради што нема алкохол далеку од тоа, ама дека ќе ми биде позабавно ако има не одрекувам.

    Мене секое наметнување на мој личен избор на некој друг ми е многу спешл сноуфлејк карактер. Исто мислење имам за луѓе кои мрчат дека пушиш, а они не, дека пиеш, а они не, дека јадеш месо, а они не, дека не вежбаш итн. итн. и пробат да ти наметнат став и те убедуваат докажувајќи дека се подобри од тебе.
    Ок еве ти медаља оти не ти треба алкохол за да се развеселиш.
     
    На Konfetka, Amellie13, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.597
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Друга ми беше поентата, ама пошо тебе не ти е цел дискусија, туку да се контраш нема да продолжам со муабетов.

    И да, бонтон е кога веќе си викнал некого на гости, да го третираш со почит и да му направиш да му биде убаво. Ова препичување и сакање да бидат принцези на нивниот гооооолееем ден ми е :puke:
    Кај такви јас не ни одам на „гости„
     
    На Konfetka, INNERBEAUTY, Ena05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Вода и тофу, ммммм.
    Свадбетина.
     
    На Ena05, Frosty!, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    Можеш да диктираш каква ќе ти е свадбата, ама не можеш да диктираш што му е потребно некому за убав помин.

    Така да јас на свадба можам да направам плејлиста од сите песни што ги мразиш и према твојава логика очекувам да си поминеш убаво секако. Инаку само си дошла да се наполниш со јадење.

    Сакале или не, на некои луѓе им треба алкохол да се опуштат. Инаку надворешно ќе изгледаат ко да порадо би биле дома да плетат шал.

    Апсолутно разбирам доколку има историја со алкохолизам некој да не сака свадба со алкохол. Во тој случај има смисла. Инаку реално многу луѓе ќе го гледаат тоа како знак на стиснатост.
     
    На crimson и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Јас имам присуствувано на една свадба без алкохол.
    Искрено поседов 1ипол саат и си отидов. Јас кога искачам навечер не можам да пијам сок исто и на свадба. Затоа бев да направам кеиф и си отидов. Едноставно мене не ми иде свадба без алхохол. Тоа е мое мислење.
    Младоженците можат да си одлучат како што на нив им одговара.
     
    Последна измена: 29 март 2023
  11. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Just because you can, doesn’t mean you should.
    Глупости искрено..
     
    На Ena05 и Frosty! им се допаѓа ова.
  12. FairyRedForest

    FairyRedForest Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2023
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Безалкохолно пиво :lol:Бев пијана незнаев што правам :rofl:
     
    На n.lauda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Некои муабети на темава ептен звучат неубаво, човек да се запраша озбилно какви меѓучовечки односи градиме.
    На темава, ако младенците кои ме канат ми се важни (се поштуваме) и ако има конкретна/оправдана/логична причина зошто одлучиле да не се служи алкохол на нивната веселба (па дури и да е во прашање финансиски аспект, хеј, секој има право да си прослави свадба и да си прослави, иако нема услови да дига кредити) ќе им ја почитувам желбата и тоа секако нема да влијае на изборот на мојот подарок. Ако не ми се нешто посебно битни (не идам на свадби само пошто сум фамилија) и ако мене ми е битно да љокам, тогаш ќе ја одбијам поканата и нема пасивно-агресивно да ги казнувам со тоа што ќе им купам лош подарок или ќе им дадам помалку пари. Нема да ми биде апсолутно никаков проблем да се адаптирам на барањата на драги луѓе за заедно да си прославиме таков убав ден, ако е свадба на ливада, ќе носам патики, ако е на плажа, нема да се шминкам и ќе носам панталони, ако нема пиење, ќе пијам вода, ако има вегетаријанско/веганско/живо/морско итн. мени, тоа е тоа. Не гледам проблем.
     
    На Ugly Duckling и crimson им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Малку ги измеша лончињата. Нетолеранција на лактоза или одредена храна, целијакија и слично, тоа не се баш каприци. Така што да, ако ви се "проблематични" вакви гости/луѓе во животот, не ги дружете.
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.460
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека треба да влијае на изборот на твојот подарок, ама да пишеш поклон во плик и да очекуваш некој да одвои добра сума на финансии, а притоа да служиш само вода оти ете така сакаш не дека финансии се во питање е мизерно.
    И некој не зборува за локање, збориме за културно пиење.
    И да се финансии во питање, а не верувам дека се во случајов на неслужење алкохол, пошто дали ќе земеш сок или ќе земеш пиво и поефтино вино нема да ти направи кој знае колку разлика.
    Темата зборува за оние кои сакат своето непиење да го наметнат на други оти е нивен специјален ден, сакат да докажат дека они се подобри од другите оти не пијат па нема никој да пие или оти не јадат месо и нема и другите да јадат.
    Не е ниту нечовечно ниту за замерка ако сакаш и очекуваш да се напиеш нешто на прослава.
    Да атмосферата можат да ја изберат само како што рековме, планина, езеро, плажа, ливада, диско… нивен избор ќе се водиш спрема тоа и е сосема во ред, ама наметнување на не пиеш оти тие сметаат дека пиењето не е убаво и поради тоа нема да ги послужат гостите, е крајно недомаќински според мене, а верувам и спрема други, па вие како скаате сфатете.
     
    На Konfetka, Ambitious, doll.a и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.559
    Ако не запримети посебни мислења беа двете :)
    Каприци мислев од типот - моја свадба е па ако сакам ја и оцет ќе пиете.
    А патем и да имаш интолеранции и алергии и све или си веган, ТИ имаш, не гостите.
     
    Последна измена: 29 март 2023
    На Angie1432, Sophitas и VDT2906 им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Како што младите очекуваат гостите да ги почитуваат нивните правила пр. Поклон во плик, без деца...така и младите треба да им направат нешто за гостите да се чуствуваат добро на нивната веселба. Тоа е нивни ден да ама без гости ништо нема да биде. Ако мислат дека некој од гостите ќе се испијани до степен да прави неред, тогаш нека не го канат или нека кажат на неговите блиски да внимаваат и ако прави проблеми да си оди.
     
    На Konfetka, Ambitious, Alexandrite и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ова е твое читање на темата, јас ич не го сфаќам така. Башка напишав во моето мислење, ако има конкретна/оправдана/логична причина за одлуката. Инаку апропо " недомаќински" не можеш сите во исто кош да ги ставиш. Живеев со човек што има целијакија, премногу е опасна кросконтаминацијата и ништо дома не се внесуваше од брашно, не смее ниту да се допира. Тоа важи и за гостите, кој смета дека ради тоа сум недомаќинка, ич нека не ме дружи. Јас еве не пијам, ама баш хард кор непијач сум, и искрено, моето искуство е баш обратно, дека тие што пијат се сметаат за супериорни во однос на тие што не пијат. Константни притисоци и прашања и претпоставки (од најдолните сигурно е болна, до најсељачките сигурно е трудна), криминалец најзакоравен полесно си поминува во животот отколку непијачи на алкохол.
     
    На CameliaMiller и Polyincognito им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Пишав веќе, да не се повторувам, ама изгледа треба. Ако имаш целијакија на пример (моето искуство), не смееш ниту да допираш производи од брашно, значи изопштен си од сите социјални сфери. Или, имаш нормални пријатели и фамилија кои малку читнале за состојбата (или разбираат зошто во животот правиш одредени избори, да не пиеш, да не пушиш, да не јадеш месо) и наоѓаат начин и за компромис. Не е свадбата фронт на кој треба да се докаже кој е побитен, сите се подеднакво важни и сите треба да уживаат.
     
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.559
    Аман знам што е целијакија, чил.
    Пак ќе речам, каприци за друго мислев.
    У све да се пронајдете, боже сачувај.
    Секоја интолеранција иначе не е целијакија.
    Различни состојби се.