Затоа ставив запирки. Интолеранција е исто нешто што не смее, а се однесуваше на овој твој коментар Исто како што сакаш да им угодиш на гости што сакаат да пијат алкохол, така ваљда сакаш да им угодиш и на тие што не смеат да јадат леб, месо, патлиџан итн итн.
Работам во угостителство знам колку е опасна состојбата, ама не се сите случаеви толку опасни да не смееш ни да допираш производи, така да не можеш да кажеш дека ова би било апсолутна причина, аман те тука не збориме за екстремни ситуации, збориме за каприц дека денот е твој и ќе се понашаш како сакаш и ќе наметнуваш сопствени избори на гостите кои ти укажале почит со тоа што дошле да те прослават и издвоиле финансии за тоа. Луѓе сме и ако има некој екстремна алергија на нешто да секако дека ќе се прилагодиме, ама во случај јас да сум тој со алергија јас сум одговорен за себе и нема да ги ставам 100те гости на режим оти јас имам проблем, ќе си седам дома или ќе најдам начин да присуствувам ако ми е ептен битно и заедно со домаќинот ќе се потрудам да најдам најдобро решение.
Lounge bar во Скопје е во прашање, за родителите и најблиските баби имаше секако сепареа, немаа кането баби и роднини до 5то колено, се' на се' 120 души да бевме. Масите беа тргнати и коњопои ставени, направен подиум. Во поканата стоеше да си понесеме ниски чевли, а имаше и високи шанк столчиња секако. Од невеста до сите останати бевме во ниски чевли и патики, се убивме од играње и скокање, диџејот беше предобар. Секако знаеш кого каниш на свадба ваљда, јас толку луѓе наеднаш на подиум немам друг пат видено искрено, ама 99% бевме помлади (до 50тина години), немаше баш старци, што значи и постарите се журкаа супер И на друга слична свадба бев, немаше коњопои ама на трева беше, свадбата беше предобра, толку што и заврна па никој не се "прибра", во град надвор од Скопје и ресторан што нормално нема "внатре", невестава со кал се направи и продужи весеље, едноставно атмосферата беше супер. Се' на се', јас не би сакала класична свадба, оти мене ми се досадни тие свадби, белким треба да ми е мене забавно и знам кого канам.
Да не се натегаме, живеев (со години) со човек кој има целијакија, и да, може да биде ептен озбилно, особено за деца. Во врска со твојот втор пасус, погоре и го болдирав, изопштен од социјалните сфери, значи ти не си во таква ситуација, ама ептен е тешко да мораш секогаш да "имаш свест" и да се тргаш настрана и да не одиш никаде и да не правиш ништо што подразбира група луѓе. Стварно има начини кога оваа борба не би била "ние" против "вие". А пошто работиш во угостителство (не знам што ама не е ни важно, само да илустрирам), на една маса у кафана им се превртува очи на оние кои нарачуваат чај или осмо по ред пиво? Или тие што пијат чај најубаво да си седат дома како лепрозни? Не ги носам јас во екстрем муабетите, туку малце испливува на површина себичноста на луѓето.
Јас на пример обратно, немам одено намерно на неколку свадби кај што знам дека друштвото е така, желно да се напие. Како непијач, нема подосадно од тоа да седиш со куп пијани луѓе, не мислам на 1-2 пијачки, мислам на пијани луѓе. Посебно ако се проблематични и овака, кога ќе се напијат дури непредвидливи. Се извинувам за неодење и тоа е тоа, редовно точна проценка имам, испаѓа некој проблем. Последно така еден од друштвото стварно направил проблем што завршила музиката, ќе се тепал со пејачот. Генерално во животот избегнувам места кај што знам дека повеќе се пие, кафани, дискотеки, или места кај што одат машала пијачи. Знаеш каде кој се собира, бираш едноставно. Сум се нагледала глупости од алкохол, немам нерви за тоа. Што не значи дека ми смета ако некој пие, значи дека не ми е ич забавно со испијанета група да седам, па не седам
И бај д веј, зошто е ок да почитуваш домаќин шо неќе да му се пуши дома, ама ако домаќинот неќе алкохол, не е ок? Кога идам кај непушачи не се вреѓам што треба на балкон да пушам, нормално ми е, им смета. Мене ми смета да ми се пие дома, не сакам, не е толку трагично.
Бившиот спиеше во дневна, со мене пијан не може да спие. Не беше некој си пијач, а и не би била со некој што има мерак да пивне. Да не навлагам у лесни дроги и мари, итс а ноу.
Абе и мене ми смета шо тураш млеко во кафето, ама ако те викнам на гости ќе ти дадам млеко. Освен ако во меѓувреме не развиеш интолеранција, тогаш нема. Мислам грдо е пијана бригада шо праи проблеми, ама за тоа има решение-толку пијачки даваме, нема ракија и слично. Нема сега сите млеко да ги терам да пијат оти тоа било тренд во Финска на пример.
Па не знам кој со здрав памет би служел лесни дроги и мари. Тоа е друго, алкохол е друго. Значи ти си анти пијачи и сакаш тоа да се применува каде и да стапнеш ти?
Ако некој до мене пуши, јас сум пасивен пушач. Ако некој до мене пие, нема јас да смрдам на алкохол. Патем ако некој нема алкохол дома не ми е проблем, не сум ни јас пијач. Ама ова со ако јас не пијам, нема никој да пие на свадбата...тоа го збориме. Или како невеста да се гребеш по маси на свадба ама скапо ти било виното. Ај важи.
Абе и можеш да излуфтираш после мене, нема засекогаш да ти смрди дома на чад Ама е прифатено дека кај непушачи не пушиш внатре, барем мене ми е прифатено и не го сметам за увреда искачањето на балкон Јас реков во првото мислење, имам алкохол на свои прослави иако јас не пијам, ама затоа што 1. знам кого канам и знам дека нема да се летвоса и 2. ме заболе ако се навреди, првиот летвосан ќе биде замолен да напушти веселба и да не замара други.
Не го реков тоа никаде Не сум анти-пијачи сите до еден у мое друштво пијат, ама сите до еден СО МЕРКА. Кога бившиот ќе се испијанеше, мене ми сметаше да делам кревет и не делев. Ни би била со човек што сака да се пијани. Голема е разликата меѓу 1-2 пива и пијанење
Освен ако не е од верски причини, што разбирам, онда е некој еко активизам, од оние шо се лепат за асфалт и фрлаат каша на ВанГог. Ете тоа е трендот. Вистина имаат израснато цело генерации во Финска, со некоја мантра, во кафич да пијат млеко место алкохол. До кај се стигнати со намалување на алкохолизмот не знам, последно на траектот од Естонија, сите влечкаа алкохол за Хелсинки, дека во Естонија поевтино
А, кој кажа некаде пијанчење ко летва и кој би сакал такви било каде? Темава е за ригорозно против алкохол на своја свадба. Ако јас сум решила да ти направам драма на свадбата ќе направам како @Ketchup ќе се напијам дома и ете. Џабе рестрикции. Бтв некои ги фаќаат и од две пива
Каме ни јас не се вреѓам што треба на балкон да пушам, нема да се навредам и ако немаат дома ништо за пиење, нема да се навредам ни ако нема ништо за пиење на свадбата, ама не е тоа гостин еден или двајца што ти дошле дома, збориме за свадба или прослава небитно, не е убаво да очекуваш од 100те гости да не пијат ни една чаша вино оти ете ти си решил дека не сакаш вино, не знам дали ние не знаеме да објасниме или стварно поентата не се сфаќа на темава. И да се согласувам дека не е забавно да си трезен кога сите си пијани и мене ми смета некогаш кога сакам да си одам пример, а мажите се заседнале и пијат и ги разбирам забавно им е, ќе се соберат еднаш во 100 год, сите сме на различни страни во светот, ама јас не наметнувам да не пијат оти ете мене ми смета, него седам колку ми се седи и потоа станувам и си одам. За пушењето дома и алкохолот не можам да споредам оти цигарите смрдат, не можеш со денови да излофтираш, алкхол едноставно ќе истуриш во мијалник, ќе измиеш чаша и тоа е тоа. Јас сметам дека имањето само веганска исхрана или немање опција за веганско мени, немањето алкохол или служењето само вода на свадба од без некоја стварно оправдана причина е каприц на младите кои со тоа што е нивен ден сакаат да наметнат одредени стандарди и на гостите и ми е екстремно некултурно, не знам како да кажам, непочит од моја страна кон моите гости ми е, може не сум во право ама тоа е мое гледиште.
Ако некој до мене се наљока и поврати, или прави проблеми, или бзди на бочва, као не е проблем? Мене ми е проблем Нема врска алкохолот, има врска кого каниш. Не кани пијаници. Јас не канам пијаници. Кој има самоконтрола ок, кој нема, не е добредојден. Реков по 65 пат, на мои прослави има алкохол, и повеќе од доволно врсти. И луѓе што не се пијанчат.
Ама за тоа да се деси не е самото пиење доволно него пиење без усул. А едно е дома, друго е свадба со 200 души.
Не е џабе, ќе те отстранам ако немаш самоконтрола, па макар сестра да си ми. Без оглед дали дома пиеш, на свадба кај мене, или дуваш зад ресторан. Тоа го потенцирав многу пати. Ако си ти безобразна и мислиш дека е ок да се глупираш, верувај јас сум побезобразна и ќе решам и пријателство и роднинство тогаш и таму.
Да де. Дома немам алкохол како што дома немаат пепељари многумина. Ако дошле на кафе, кафе ќе понудам, ракија немам. Ни за прозори бришење. Ако дошле на ручек, тоа е настан што се планира нели однапред, ќе смислам и што да зготвам и што да купам за пиење. И немам која пијандура да ја поканам, немам толку блиски за на ручек да ги викнам, а да се летвосаат За на свадба/друга веселба објаснив, немам проблем со алкохол зошто немам проблем да исечам врски со луѓе. А да се начукаш на нечија прослава и да му се сереш на денот е ултимејт непочит. Така што, ок си е. Само ако се мои гости, значи дека се мои пријатели, знаат дека глупирање не сакам. Ако им е тешко да се самоконтролираат, секако можат да одбијат покана.