1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба без служење алкохол

Дискусија во 'Свадба' започната од Snowflake99, 27 март 2023.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Очигледно не ме сфаќаш и правиш како тие што рековме дека сме за алкохол дека се правиме и поддржуваме правење ѓон. Каде тоа го кажа некој, те молам потенцирај пошто се вртиш во таа конотација.
    Друго, ако некој сака да ти направи драма на свадбата не мора да значи дека е по дифолт напиен и напушен. Сум била сведок на настани каде имаше физички пресметки трезни.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.062
    Пол:
    Женски
    Леле не ве можам со муабетиве
    Сериозно би правеле свадба без алкохол?
    Мене тоа воопшто не ми е сфатливо. Како за слава дома, да им кажам на гостите само сок има за пиење и вода од чешма. Нели е малку срамота?
    Јас не викам да има некои скапи алкохоли или не знам што, него ете да кажам тоа основното (ракија, вино, пиво).
    Ако не па, ако невестата е на диета, не мора ни јадење да има. Нека ги послужат по една бомбона и доволно е! (зашо нели 1 сат трае цела свадба, па може и така да се помине)
    Јас како невеста ако не сакам нешто, ако не пијам алкохол, ако не јадам не знам ете благо на пример, тоа не значи дека не треба да има. Ги канам гостите, и сакам што е можно подобро да ги пречекам и угостам.

    Ова е само мое мислење, и не мора секој да се согласува со тоа!
     
    На christinnn, MakeDamnSure, Ena05 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Чоек, абе дај читајте мислења, зашо ме цитираш ако не читаш?
    Кажувам имам алкохол на свои прослави, се дружам со луѓе шо пијат и се самоконтролираат, а да, имам избркано гостин што се наљока и правеше проблем.

    Како поинаку да објаснам?
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Мене екстремно ми сметаше бившиот да ми мириса на алкохол, затоа не спиевме заедно кога ќе пиеше.
    Пепељара ќе истресам и не ми смета, ама алкохол не трпам, ни пијам, ни сакам некој да ми диши, да мириса на алкохол.

    Што пак да се повторам, секогаш сум имала алкохол, оти не е проблем во имањето алкохол, проблемот е во имањето безосетни гости.

    За веган свадбите ги разбирам, ако си активист и се бориш и кауза ти е тоа во животот, лицемерно е да служиш месо.
    Ако те поканат вегани некаде а тебе ти е дил брејкер немање месо, не оди, пошто луѓето имаат право на свои ставови и каузи во животот кои ќе ги најдеш во секој сегмент од нивниот живот.
     
    На Victorian, Polyincognito и 1209 им се допаѓа ова.
  5. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Машки
    Ако нема алкохол не одам
     
    На christinnn, Gosh и Miss666 им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Па ако повеќе сака алкохол од мене, би рекла имаме проблеми. Ама латентен алкохолизам очигледно кај нас не е проблем, битно да не се праи мортус секој ден.
     
    На celineparis му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Ме потсети баш на др. Даниел Амен: "која количина на алкохол е безбедна? - ниту една" :)

    Сфаќам јас пороци, пушач сум, ама не тврдам дека е тоа ДОБРО.
    Не е. Како што не е ни алкохолот.
    Глорификација на нешто штетно ви е. И не, нема "здрав" алкохол. Не постои таков.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    И пак ќе кажам, не знам кој со здрав разум би се впуштал со хроничен алкохоличар.
    И да се доедитирам, не знам дали сте биле по другиве земји. Во Германија е океј да се пие сред бел ден било каде. Од железнички, возови па по сред пат. Не знам од каде ви е тоа дека само кај нас има алкохолизам.
     
    На Konfetka, Bezimenka90 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Јас не живеам во Македонија, така што ова кај "нас" го подразбира светот и општеството во кое живееме. Не ми беше муабетот за хроничен алкохолизам на луѓе кои пијат до бессознание, туку за латентен, оние кои пијат по малку, таман колку што е општествено прифатливо. Знчаи секој ден, 365 дена во годината, со години и децении, по една ракиичка со салата, по едно пиво пред спиење, или винце, за лечење несоница. И три дена без чашка, најтешка апстиненцијална криза, и затоа толку многу луѓе, особено помлади, страдаат и од мозочни удари, нервниот систем не може без медикаменти да ја преброди кризата. Ама темата не е тоа. Свадба без алкохол, и како младенци и како гости, не би требало да биде предмет на толкава осуда и критика, неколку саати се во прашање. Ако среќа, задоволство, уживање, забава ги врзуваме најмногу и исклучиво со алкохол, тешко нас.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Многу е просто.
    Можете да не отидете на свадба која има правила, кои не ви се допаѓаат.

    Тргнете од себе, вие ако правите прослава, ќе ја организирате вие како што сакате, оти ваша е прославата.
    Исто е и за оние што не се 'вие', ами 'тие'
     
    На KuklickaSk, Ugly Duckling, Abel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Никаде не е ок. Ни тука, ни во Германија, ни во Америка.

    За мене и "запијување" е проблем. Така што, потенцијалниот маж не може да е уживател на алкохол.

    За некого моето пушење е дил брејкер и тоа е ок, јас на пример имам проблем да сум со маж непушач, никад нема да се разбереме, ниту па имам намера дома да не си пушам.

    Не викам дека треба на сите да ви смета маж што пие (мислам на повеќе од 2 пијачки), мене ми смета.

    Зошто па треба да трпам?
     
    На Biljarkata, Lady D ❤️ и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ах!
    Ми фалеше твојата зрелост :inlove:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    И балконот е во склоп на нечив дом. Не е дека не ти дава да пушиш, туку не ти дава да пушиш во одредена просторија.
    Пак имаш опција.
    Да не ти дава да пушиш по дома, ќе те испрати надвор на улица.
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Нема ни да одам :D
     
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    Премногу се согласувам со ова. Уште од тинејџерските години сум осеќала осудување дека немам желба за пиење, затоа што забавување едноставно мора да вклучува алкохол, инаку не е забавување. Не можам да сфатам и јас, ама океј, не е ни битно да сфатам јас, го прифаќам само како факт врз кој немам и не треба да имам влијание. Потоа почнав да се поднапивам по некоја чашка заради „друштво“, пошто го расипуваш расположението ако се делиш или едноставно чувствуваш како да му опаѓа мислењето некому за тебе. Сега сум подобра во тоа да не одберам алкохол иако над 90% од случаите кога пијам пак е заради „друштво“. Ама сепак при тоа неодбирање алкохол, сѐ уште се осеќам виновно кога не пијам, дека расипувам забавување :).
    Се согласувам со ова 100%. Покрај грдиот вкус, ова е исто така причина зошто не сакам да пијам: го доживувам како порок, кој слично како цигарите, кладилниците во Македонија/Балканот е нормализиран (само на светско ниво) до степен што дури и некултурно е еве да правиш ваква свадба :D.

    Имајќи го сѐ ова предвид, кога би правела свадба, не би била ваква, затоа што знам дека никому нема да се допадне, и со тоа и јас ќе се чувствувам без врска. Впрочем, баш заради тоа што се замарам дали ќе им е убаво на другите, размислувам дали воопшто да правам свадба во животот. Убаво е да се прослави, ама не вреди притисокот за на крај како и да свртиш, пак лошо да се чувствуваш заради тоа што не си погодил нешто некому :).
     
    На CameliaMiller и Abel им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Хах, да не зборам за ова притисоков за пиење.
    Сите, ама СИТЕ ме замараат, не памтам во животов да не ме замарале зашо не пијам.

    И сама не знам колку пати ме прашале дали сум трудна :rofl: очигледно не сум, Карен, чурам среќо :D
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.148
    Пол:
    Женски
    Не.
    Некој не пие алкохол, некој сака да си пивне, јас не сум за ограничување. На прослава кај што има возрасни, зар да нема алкохол? xD Во игротека на детски роденден само тоа. xD Ни јас не пијам, многу ретко порано можев да се напијам една до две чаши максимум, сега не, ама за свадба да не се служи алкохол... :shake:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Не сум за вакви ограничувања, далеку од тоа дека поддржувам пијанења на туѓи прослави и со тоа да се уништува нечиј убав ден, но невкусно е да ставаме граница на 200-300 луѓе, само затоа што во таа бројка на луѓе може да се најдат 2-3 кои можеби би пиеле без контрола.
    Од најмала возраст одам по свадби, сум била на стотина свадби и други прослави, и не паметам да се случил некој скандал со пијани луѓе, можеби пак само таков ми бил кругот на роднини, пријатели и познаници, еве не знам:D
    Лично, сум личност која сака да си пие некоја чашка алкохол на гости, или на прослави, ама знам до каде ми се границите:D дали би отишла на прослава без алкохол, би отишла, ама би се досадувала екстра:D не дека алкохолот ми прави адреналин и возбуда де, ама ми делува така малку опуштувачки на забави:D
    На крајот, секој има право на свој избор, без разлика дали јас или било кој друг ќе бидеме погодени од тоа.

    @pdb123 Ама немој да пиеш штом не сакаш, не се форсирај само да задоволиш туѓи побуди, и не сум саркастична, те сфаќам дека не сакаш, бидејќи и јас не пушам цигари, не сум пробала дрога воопшто, а и двете работи ми се нуделе, а јас не сум ги конзумирала иако сум се дружела со луѓе на кои им годат. И мене ми годи алкохолот, да кажеме ете, ама не форсирам да пие некој кој не сака, едноставно е.
    Што се однесува до трендов со непиење на свадби....само тоа и е, моментален тренд:D едно е да не сака еден човек по свој избор да не пие, сосем друго е да наметнува забрани на 200-300 луѓе да речеме.
    @Bitter-Sweet И во игротеки на детски родендени има алкохол. На масите каде што седат возрасните, оставаат за пиење вино и пиво:D
     
    Последна измена: 30 март 2023
    На 1209, Ambitious, Ena05 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.148
    Пол:
    Женски
    Да, некаде има, некаде нема. Во секој случај, едина прослава кај што ми е логично и прифатливо да е без алкохол е таа, во игротека. :D Или муслиманска свадба. Мислам, не дека ќе оговарам или ќе мрчам ако некој прави свадба без алкохол, мене секако исто ми е, само не ми се допаѓа баш таков избор. Јас ако не пијам, некој друг пие.
     
    На L.i.n.a.a и Rama им се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Ама и муслиманите пијат алкохол, многу ретко да не пие некој од нив. Дури и на серии често се снимаат со чаша алкохол во раце, а знаеме добро каква масовна пропаганда е тоа:D
     
    На cresa-jagoda, MakeDamnSure и mssuniquee им се допаѓа ова.