1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба без служење алкохол

Дискусија во 'Свадба' започната од Snowflake99, 27 март 2023.

  1. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    Убава идеја е, никогаш не можеш да знаеш кој какво пијанство има и на најубавиот ден да се секираш дали некој ке ти ја упропасти забавата но нмалце потешко е на Балкан каде што на секој ќош има некои што пијат и по 24/7 и нормално е да не ги каниш таквите, но од кај знаеш, можеби и некој што не пие баш тогаш ке се напие
     
  2. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    Тој што сака да пие и ќе си донесе од дома, нема да прават претрес на гостите нели?
    А забава, свадба, без алкохол ти е како свадба без невеста.
     
    На christinnn, sino.o.oka, Ouravanture и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Ако тргнувам од себе колку не сакам свадби и веселби, и секогаш си помагам со 2 3 чаши вино за да почнам да бидам посоцијална, за мене свадба без алкохол би било мачење.
    Каков интроверт сум, за вакви евенти не можам да замислам сок да пијам без анксиозност да ме фати.
     
    На kolovoz, WildMk, Цобра и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Алал да ви е на вас со коментарите Балкан, Македонија, тука се само пијандурите. Верувам дека имате идено на свадби низ цел свет. На нашата свадба еден тетин, Хрват, првпат на свадба во Македонија, беше фрапиран дека во 1 по полноќ е фајрон. Кај нив до сабајле седеле и пиеле. Нејсе.

    Би одела на било каква свадба ако сум поканета ради почит према тие што ме поканиле, дали ќе ми се бендиса, не ми зависи од алкохол иако знам да се напијам некоја чашка, а лично не би правела прослава без алкохол.
     
    На cresa-jagoda, KuklickaSk, JoyJoy и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Ама Хрватска е Балкан, по ново се наоѓа во ЕУ. Како така да се пијанчат во ЕУ8-| саде Македонија се наоѓаат пијаниците|(
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. olly14

    olly14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    539
    Potpolno se soglasuvam so tebe vo sekoj pogled
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Ауу да, ова со ЕУ ми ја помати водата :D
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.286
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сум за? Од една страна свадбата треба да е замисла на младоженците. Ако тие неќат алкохол или цигари или тип на музика, или сакат одреден естетик - и треба така да е. За нив е. Треба нив да им е убо. Мислам дека ептен е арогантно и нарцисоидно кога се вели дека свадбата е за гостите. Лол не. И ако нешто не ни одговара - не одиме. Ама и то е малку ију. Као ќе ми речи неќам алкохол и јас као навредена не одам, место да одам да се радвам за некој шо го сакам? Ептен е безвеза е. Буквално е официјална веселба за среќата и бракот на младите. Толку. Каква е та веселба е до организаторите - младите.

    Од друга страна, алкохолот ни е најпространета дрога. И на многу луѓе им е клучна за добра забава, за жал или среќа. Обично со умерена количина е "идеално" ама не можи да има ограничување на пијачка нели.

    Така да. Кој каква свадба сака - таква ќе си организира. Каква и да е, пак некој ќе има забелешка и на крај на ден и да сакаме не можиме сите да го задоволиме, особено со големината на свадби шо ги прајме ние.
     
    На cresa-jagoda, Ugly Duckling, pdb123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Svadba bez alkohol zosto da ne.
    Sum prisustvuvala na albanski svadbi i ubavo si pominav bez alkohol, ni zbor ne razbrav od pesnite pa se iznaigrav.
     
    На cresa-jagoda и mssuniquee им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    За пет дена, 269 постови на темава.

    Ептен битна работа испадна алкохолов...
    Напиј се хелекс пред одење...
    Или напафкај се :smoke:
    :D
     
  11. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Хелексот ми е добар другар, ама свадбите толку долго траат што ќе му пројде ефектот. :rain:
    Мислам секако би испочитувала ако ме поканат на таква свадба, ама сигурно ќе ми се јави "некој" саат време од почеток на свадбата, па ќе морам "итно" да си заминам порано.:D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    А оти одиш, ако не ти се оди?
    Маж ми е интроверт и мрази свадби.
    Малку-по малку, го научив дека ако не му се оди, не мора да оди и готово.

    Знајш колку ретко одиме на свадби последниве 15 години?
    Дали на 4-5 сме биле.. тотал
     
    На Agness му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Па зависи колку сме блиски де. Ако не сме блиски, нема да отидам, па каква сака нека е свадбава. На роднини што не сме блиски исто не одам.
    А на блиски луѓе, сакам и чест да им направам макар кратко седела. Тој ден им е нив важен повеќе од тоа јас што не сакамтакви настани, па за саат два, стегам заби во нивна чест.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    :hug: а бе срцко :hug:

    Сега брзо бевме на поголема прослава, цела недела беше нервозен оти треба да оди.
    Жал ми е :hug:
     
    На Agness му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Хахаха и мене ми е неудобно недела две пред такви прослави. Едно две па анксиозност ме фаќа кога ќе ми текне од никаде. Го разбирам како му е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Дента пред одење, паника го фати дека нема шо да носи.
    Костум го стегало, кравата го давело, кошула го нервирала.
    Па ај одбиравме нешто полабаво.
    На крај го убедив да оди кежуал (фармерки, маица и сако).

    Ко некоја тинејџерка парадираше со разни комбинации (hollest) :rofl:
    Фала шо ме потсети колку си го сакам (y) :inlove:
     
    На cresa-jagoda, see.emily.play, L.i.n.a.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    43.065
    Пол:
    Женски
    Ова уствари е одлична идеја.
    Наместо грепки, бомбони или букети, диазепам во пликот.

    Едно ограничување +.
     
    На theowndemon и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Абе не мораш да одиш на свадба шо не ти се бендисва.
    Не те тера на сила некој.
     
  19. mama31

    mama31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    251
    Bas ti e pogoden valjda
     
  20. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Свадба без алкохол, поклон во плик, грепки место цвеќе, на свадба без деца, бело носење никако да не се навреди невестата... What else? :^)
    Нека прослават сами младоженците, па нека пуштат една снимка да истераме дома со алкохол и деца останатите.
     
    На VDT2906, kolovoz, NoirSerpentine и 6 други им се допаѓа ова.