1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба без служење алкохол

Дискусија во 'Свадба' започната од Snowflake99, 27 март 2023.

  1. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Кај нас за се живо и диво се фаќа кусур, сигурно одма некој ќе мрчи зошто немало алкохол. Инаку ако младите така сакаат, треба да се почитува тоа, нивен ден е, по желба треба да им биде се.

    Да, на reddit многу се дискутира за ова. Ќе дојде и кај нас трендов сигурно.
     
    На Евроазија, cresa-jagoda, QweenSM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Обавезно!

    На погреб одат и наоѓаат маани за закопот, шо поќе?
     
    На Евроазија, cresa-jagoda и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  3. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Голем дел на свадба одат за сеир и за гага храна и алкохол, не ме чуди ништо.

    Тој што вистина е среќен за свадбата, нема да му смета дали е одлучено да биде со алкохол или без.
     
    На najjacha, Konfetka, Евроазија и 2 други им се допаѓа ова.
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    33.317
    Пол:
    Женски
    Ехееее, какво мрчење, по фб ќе нè има одма дека немало алкохол на свадбата :D, па после сите Македонци во коментари оди па исчитај ги :rofl:
     
    На Евроазија, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Пирошка битно да има, алкохол не мора. Јас за пирошките одам на свадба.

    Очекувам следно да биде хит твит: Животе, како свадба без алкохол си. :D
     
    На Konfetka, Евроазија, Ardnas789 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    15.613
    Пол:
    Машки
    Ц, далеку е Балканот од најпијачи.

    Еве малку повеќе околу тоа:
    Која земја пие најмногу алкохол?
     
    На Евроазија, JoyJoy, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Амин!
    Демек да се тешиме со полошите?
    Нели е подобро да се стремиме да бидеме како попаметните?

    Аргументов ти е буквално: “Ќути, има и полошо“
     
    На Евроазија, Bitter-Sweet, fbaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    2.321
    Пол:
    Женски
    Не дека сум некоја многу многу по пиење ама чашка ракија со салата и една чаша вино со вечерата зошто да не. А ако има такви "лоши на пијанство" не му е местото на свадба и решен проблем. А и да ме поканат на таква свадба без алкохол, би присуствувала без приговор
     
    На Konfetka, Евроазија, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Не сум по алкохолот така да идејава ми се свиѓа. :D

    Тие што правите свадби сега испопуларизирајте го ова, за некоја година да ни олесните работа. Некој мора да се жртвува, @QweenSM крши лед. :D
     
    На Евроазија, Ardnas789, elenaa0805 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Да не може човек да се опушти по свадби и забави, кај не смее цигараа па сеа и алкохол :D:D
    B7C655F2-9F39-4781-B8D6-B35630F11C49.gif
    Што е следно?
     
    На Евроазија, VDT2906, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    15.613
    Пол:
    Машки
    Ниту е нормално да се дава на две годишно дете алкохол, ниту пак се сите пијани што конзумираат алкохол на забави и прослави.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Сите сакаме да цврцниме и да запалиме цигара.
    Не е ова критика за само некои луѓе.

    Исклучоци се тие шо не пијат и не пушат.
    И тоа, е проблем.
    Искрено...
    Не пиј, не пуши, не се дрогирај, не бркај мажи... шо остана во животов? ;( :D
     
    На Евроазија, tanjaaa, Snowflake99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Е ти ако не си видел, во моите 45 години сум гледала, сум прегледала.
     
    На Евроазија, marlonbrando69 и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  14. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    33.317
    Пол:
    Женски
    Дримке мила, сакаш да ме дознае цела државааа? :rofl: Страв ми е, не се нафаќам, следејчиии! :rofl:

    Амааааа! Еве да направам така, без алкохол, после статусите ќе одат вака:

    *ми фалиш како алкохол на свадба* :rofl:
     
    На Konfetka, Евроазија, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    11.461
    Пол:
    Женски
    Проблемот не е во алкохолот, туку во културата и границите на гостите.

    Возрасни луѓе треба да си ги знаат границите.
    Според мене да се направиш мортус пијан на таков ден е непочит спрема младоженците.
     
    На Konfetka, Евроазија, elenaa0805 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    ... и треба да одиш на рехабилитација.

    Ама кај нас не го гледаат така луѓето.
    Културно, не е чудно да ја носиш другарка ти (или да те носи) на инфузија во 3 сабајле.
    'Срамота' е, ама чудно не е
     
    На Евроазија, Snowflake99 и fbaby им се допаѓа ова.
  17. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Непочитување е ама кај нас на свадба имаше многу вакви. И тоа најчесто некои чичковци, пиеја ли пиеја. Резилење, жени ги прибираат, се бламираат цела фамилија. Уништување атмосфера е.
     
    На Евроазија, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    То со алкохоличари со тапија.

    Човек што не е зависен од алкохолот, може да си постави граница која нема да ја пречекори, човек кој страда од зависност, не може.

    Исто е како дрога.
    Next fix to avoid reality
     
    На Евроазија, cresa-jagoda, fbaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Точно, алкохоличари што на секоја прослава истото го правеле. Уште како дете кога сум била гостинка на свадби кај роднини истиве правеле проблем вака со пијанства. Имаше еден што кога бев дете на жена му така пијан шамар и удри пред сите нас дека го прибираше таков пијан. Траума од детство ми е тоа.

    Јас не бев за да ги викам, но кога родители ќе запнат дека биле блиски, тоа е резултатот...Имаше и млади наши пријатели што се запија, но тоа е, веќе бидна нашата свадба.
    Сега со ова искуство, би забранила алкохол да се служи, па ко воли нек изволи.
     
    На Евроазија, JoyJoy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    15.613
    Пол:
    Машки
    Нема полошо и подобро имаш луѓе кои што конзумираат алкохол со и без граница, а баш во тоа странството кај шо бил наводно трендов се најголеми пијачи и чисто се сомневам дека ова некогаш би го применил некој, а и нема потреба.
     
    На Евроазија и JoyJoy им се допаѓа ова.