Не би било проблем мислам дека тоа со рестораните. За матура имавме оскудни финансии, а моите сакаа да направат скромна прослава со најблиски, скративме доста од менито, пијачки по 2 од човек, сите ресторани каде се јавивме прифатија и поминавме со планираните финансии што ги имавме... Никој не испушта гости, има голема конкуренција на ресторани, како сакаш така ќе ти организираат. Без разлика што некој од нас 3 пати повеќе платил за матура, исто славевме сите во тој ресторан, 4 матури имаше тој ден. Видовме дека другите имаа многу поголем избор на мени од нас на масите и поголем број гости, а пак никој не не одби. Некогаш и гостите треба да имаат разбирање, можеби навистина се финансии во прашање за ваква одлука. Ќе рече некој не прави прослава, не викај голем број луѓе. Не е така, дури и да си сиромашен, сакаш некои моменти да ги одбележиш, па ќе бараш начин некој да успееш да организираш некако прослава што ти е по буџет возможна.
Тоа ти е исто како и за се' друго - не биди спешл сноуфлејк побогу, на младите е денот. Или појави се и испочитувај, или не оди, симпл. Како и во сите останати 50 теми со лични преференци, ако сметам дека нивната желба не е ок, не идам, тоа е тоа. Некои без деца не би иделе, некои без +1 у покана, некои ова, некои она... компликации без потреба и лично сфаќање на работи кои не се лични
Финансии разбирам...ама искрено...без алкохол не е ради финансии. Сеедно дали ќе речеш 2 минерални или 2 пива, исто испаѓа финансиски ваљда. Ама да речеш ќе пиете минерална и сок , не пиво е ...(барам соодветен збор)....многу...спешл сноуфлејк ваљда
Правев свадба имаше и алкохол, скандали за среќа и многу пијани гости немаше. Втор пст, барем засега не планирам свадба да правам, така да не знам дали би правела ваков тип на свадба. Е сега ако ме поканат, покана не одбивам. Лично јас не пијам нешто многу, а и ниту за јадењето, ни пак за пиење одам на свадба. Така да доколку мои блиски се одлучат на ваква свадба, нивни избор. Јас немам проблем околу тоа.
Точно Ако некому е ќеф да прослави успех со тебе и во дворот да ги собериш на по едно кафе, ќе му биде мило.
Тешки глупости. Да нема ова да нема она дрн дрн јариња. Па нека нема ни свадба, матично, потписот и ајт. Нит пијани, нит прејадени, нит ненајадени и таман. Исто као некој дома на гости да ти дојде и за пиење извинете ама ние не пиеме ништо друго освен вода па еве и вие вода ќе пиете, наздравје!
Кај мене избор имаш од вода, минерална вода, кафе и цедевита, алкохол немам, освен 2-3 вина што ми ги подариле мене И јас највеќе пијам кафе у капсула, евентуално нес, па не се чудам кај шо ме нудат само турско оти само тоа пијат. А мене ми е последно на листа на кафе што би пиела, па ете.
Секој со свое мислење. И јас пијам само 2 врсти на алкохол(летно време речиси ништо) ама кога ми доаѓаат гости имам за нив пример бело вино, пиво итн што јас не пијам. Немам огромен круг на луѓе со кои имам иди ми дојди ми и тие што ми доаѓаат знам што пијат/не пијат па гледам да им удоволам. Не се тоа некои лимитед едишн со цена не знам каква па да биде проблем финансиски. Исто ме третираат и мене кога одам на гости. Сигурно нема пример да викнам друштво на вечера и јас ако сум на диета да им речам дечки пошо јас тоа јадам и пијам на менито е салата и минерална вода, нема друго ама пак ќе речам секој со свое мислење.
Ај седенка со мезе и пијачка за викенд навечер крсти го, ако и тоа не онда супер тогаш можете двајцата да си седите раат сами и да си пиете вода
Ни доаѓаат, ама ако ни доаѓаш дома, тогаш ни си ептен близок и ништо не е официјално. И гостите се 'ко дома'
Не. Ако си кај тебе дома, ќе пиеш тоа што имаш дома; Ако си во туѓа куќа, ќе пиеш тоа што имаат. Beggars can't be choosers
Прочитај си ги последните две мислења, контрадикторна си. Сакам кажам не знам речам или па само онака од инает збориш. Прво ми продаваш како дома биле после у туќа куќа бла бла. Одлучи се.
Јас немам ништо против свадба без алкохол, но џабе свадба без алкохол, ако на друга веселба се испие за две свадби со алкохол.