1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба без служење алкохол

Дискусија во 'Свадба' започната од Snowflake99, 27 март 2023.

  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.455
    Допаѓања:
    5.437
    Пол:
    Женски
    Дај не зезај и ова си бара чашка винце бар.:D

    Иначе не, свадба и прослава без алкохол воопшто, иако и јас не пијам превише, сепак ми е некако...е баш де ајде најди адекватен збор.
    Непоимливо ваљда.:D
     
    Последна измена: 28 март 2023
    На Ena05, JoyJoy и elimkd им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не сум контрадикторна.

    Не купвам храна и пијалоци специјално за гости.
    Од таму почна муабетот...
    Ако ми е некој дома, ќе јади и пие то шо имам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    Јас било каква прослава поврзувам со алкохол. Незамисливо ми е да не се напијам неколку чашки. Додуша мене ми е незамисливо и викенд да ми помине без алкохол ама тоа е друга тема. :rofl:
    Инаку, како што кажав, како љубител сигурно би порачала алкохол доколку има, но не би ми било ни проблем доколку младите се решиле за свадба без алкохол.
    Почитувам избор на други, и секако не сум таму за алкохолот, ама дефинитивно нема да применам на моја свадба.

    Во врска со проблематични личности. Искрено сум видела личности кои се напиле неколку чаши повеќе па им се познава, ама најмногу по веселостта и играњето. Многу ретко да сум налетала на личности кои се агресивни, и прават проблеми како тепачки и слично. Ако дојде до тоа, сметам дека има друг начин да се интервенира. Не мислам дека заради тројца останатите 300 не смеат да имаат можност за алкохол.
     
    На Peanut Butter, IRBBB, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.884
    Пол:
    Женски
    Не.

    Само што мислам дека народот треба да е повеќе со осет и да почитуваат ако некој не сака ни голтка да се напие па и тие луѓе да може да се чувствуваат поудобно. Да бидеме реални, алкохолот е најраспространета и најнормализирана дрога, искрено браво за тие што им е забавно и без него.

    Инаку за мене лично, на прослави сакам да пијам алкохол, не ми е тоа тоа без него, па затоа и идејава не ми се свиѓа.
     
    Последна измена: 28 март 2023
    На Abel, Feminka22, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    Дискриминација.:d:

    Ми се гади од алкохол искр али интересно ми е да гледам пијани луѓе :D да е до мене и свадби би забранил али чим има свадби нека има и забава. :lol: :drunk:
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.286
    Пол:
    Женски
    Веган пирошка
    Плескавица од црвена леќа и стек од Вердино
    Мус од Аура за десерт

    Кај ќе ви биди крајо, мене ништо не ми е свето. :devil:
     
    На Konfetka, CameliaMiller, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Vesper

    Vesper Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    198
    Не ми се допаѓа.
    Глупаво е следење трендови, не е искрено.
    Особено кога се работи за свадба, не треба да е приоритет како ќе изгледа на соц мрежи туку дали ќе си направиш убави спомени.

    И онака никој не е присилен да пие, зошто некој да биде присилен да не пие?
     
  8. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    5.385
    Пол:
    Женски
    Сум била на свадби каде што лица под дејство на алкохол се степале, ја уништиле свадбата, на свадби каде што немало никаков проблем и ред други.

    Во врска со канењето на гости, во младоста мојот свекор имал проблем со алкохолот. Тој е од оној тип што се вика дека една чашка ракија му е малку, две веќе многу. Не бил насилен ама бил "досаден" за сите околу него. Дури и ги навредувал, меѓутоа сите го знаеле и не фаќале кавга со него.

    Е сега тоа предизвикало со текот на годините да прекинат да ги канат на свадби, крштевки, матури... Дури и имавме случка пред некоја година поканети да сме на матура после 3-4 дена откако сите гости останати поминале и тоа кај најблиски роднини. И втор случај да речат на друга прослава дека е само за млади, да одиме само јас и сопругот, а всушност кога стасавме таму, видовме само свекорот и свекрвата дека не се викнати. Сите останати роднини си беа.
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    После глупостите како пари во плик, грепки и слично, сега ова е на дневен ред за да се ќари некој денар? |(
     
    На Алек*** и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  10. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.250
    Пол:
    Женски
    Кај нас постојат свадби без алкохол, поточно кај Албанците. Можам да кажам дека повеќето свадби кај нив се прават без алкохол.

    Сум била на ваква свадба и некако ми е мех дали дека не сум навикната не знам. Иако не пијам воопшто алохол но на свадба знам да се напијам чаша - две .

    Мислам дека тоа со ѓон пијан почна да се проретчува низ свадбите. Поготово на свадби кај што има исклучиво млада популација. Дали веќе почнавме да се освестуваме дека тоа не е почит спрема младенците, дали дека младината почна да живее ,,со здрави навики,, па не конзумира алкохол до паѓање у несвест или пак ни доаѓа памет дека е мн просто и глупо, не знам.

    Факт е дека на секоја свадба има по едно мртво пијано чиче. Но мислам дека порано беше мн повеќе застапено од колку сега.

    Јас сум за алкохол, а на гостите останува почитта и нормалното однесување.
     
    На sj *O* и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Зошто би укинала алкохол ако јас не пијам?
    Ете може и не јадам месо па да не служат месо ли? Малку too far си го разбирате она “твој ден” па и до лична преференца за алкохол.
     
    На Amellie13, Peanut Butter, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    :rofl:
    пари во плик, па без деца нагласено, без алкохол..
    тоа веганска свадба нема да се деси пошо е поскапа варијанта, наредно може од дома земете си храна пошо не можеме укусот да ви го погодиме, торта нема да има пошто има дијабетичари меѓу гостите...:D
     
    На IRBBB, Ena05, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Ова на моја свадба, не се дешава. Има да се пие :D :rofl:
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Не е баш интересно кога ти си организаторот на свадбата :)
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    Аууу ама сте разврзале за тема која не е ни нова нит модерна на Запад.

    Одувек имало тамо open bar или не (зборувам за САД и Велика Британија). Ако е Open bar тие што ја прават свадбата плаќаат за сите пијачки. Ако не е, тогаш ако нарачаш алкохол (освен пиво) што е поскапо сам си плаќаш. Не е тоа од сега. Отсекогаш таму така било. Само сега некој се сетил да го стави на face или insta.

    Инаку за пиење. Дрва се прават не само посвадби туку и на секојдневни искачанки во Велика Британија. До степен да мочаат и повраќаат по улица некои од нив. И не смее да се носат во болница, зашто болниците се за тие на кои им требаат не за некој што се испијанил. Обично или заврнува и ги трезни или поминува камион за миење улици и ги трезни.

    А да и бидејќи алкохолот е скап во кафиќи се пие по дома пред да се оди во кафиќ. Кога студентарија прави журки по дома (родендени, обични собиранки и слично) секоја си носи сам за себе пијалок (кој што сака да пие).
     
    На CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.519
    Ако невестата Веган, сите леќа ќе јадат, нема месо. Ако она не пие, никој нема да пие. Ако она сака само Диско музика, само тоа ќе се игра. Ако сака само анал, сите само анал таа вечер.

    Мислам дека правите фама од настан по повод брак. Големото чудо, се омажила некоја.
     
    На Konfetka, 1209, Jane Doe. и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Кај што сум гостин, поштувам ќејф на домаќините. Ако нема алкохол - нема, вода има сигурно, ако е веган, па ваљда некоја салата ќе ме бендиса. Крај краева одам чест да им направам, не ставам акцент на храната и пиењето.

    Јас коа сум домаќин што сакам и можам тоа ќе послужам, ич не ме интересира дали на некој му се допаднало или преметнал очи.
     
    На CameliaMiller, WildMk, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Женски
    Во ред тогаш не викај дека се како дома пошо не може да е како дома ако не сакаш една лименка пиво да го послужиш пошо ти не пиеш пиво.
     
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Сум била на свадба без алкохол муслимани беа луѓето, малку ми беше чудно али мене не ми пречеше и онака не пијам нешто многу може една пијачка. Кој како сака нека прави, може малце се претерува со некој трендови ама па сите за среќа не ги практикуваат.
     
  20. Tomato

    Tomato Нов член

    Се зачлени на:
    7 март 2023
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Mnogu ubava ideja licno na mene mi se dopaga ima i drugi pijaloci nemora alkohol