Свадба не е толку за нас, колку за другите. Ако сакам да е чисто за мене, или нема да викнам никој и ќе биде само прослава меѓу мене, партнерот и уште три-четворица, или ќе викнам само луѓе со кои делиме ист вкус. Ама во моментот кога викам 50-100-200-300 луѓе, нивните желби и удобност треба да се приоритет, себично е да скратам нешто во кое што уживаат барем 60-70% само затоа што јас не го практикувам. Алкохол, месо, одредена музика, што и да е....
Младоженецот и невестата си прават венчавка и свадба за нив, не за другите. Битно е што сакат тие, а другите ако ги сакаат и ценат, ќе поминат убаво без алкохол. Секоја прослава се прави за споделување среќа, не за пиење алкохол. Ваква свадба почна да се прави поради гости кои немаат разум. А, тие кои имаат разум или не пијат или не повеќе од една чаша. Вториве можат дома да си пијат, кај друг можат да издржат неколку часа без алкохол.
Ако прават само за нив, нека не викаат никого. Simple as that. Мислам сасвим разбирам ова моја свадба мои правила ама малце... Исто како што не викаш гостин ако го третираш без ни малку почит оти твој дом било. Ако славиш нешто со некого, не го славиш за себе. Ако славиш и сакаш да споделиш со другите, нема тука да тераш каприци до бескрај.
Можам декорот и ресторанот да ги изберам по моја желба, фустанот и првиот танц, ама гостите треба да уживаат во атмосферата. Да, прославата е за сите, не само за мене.
Да, младенците си прават свадба каква што сакаат. Разбирам декорации, слатки, музика. Ама што ќе ти смени дали гостите ќе пијат алкохол? Не е само почит да ги поканиш на свадба. Кога веќе си поканил некого веројатно сакаш да си поминат убаво и да им удоволиш со се. Па баш затоа и се порачува да има секаков пијалок, од вода до жестоки пијалоци. За сечиј вкус. Тие што не пијат алкохол, пак нека не пијат. И не, не значи тоа дека гостите доаѓаат само за пиење и јадење. Ако се водиме по тоа, нека нема ништо. Ќе играме и забавуваме гладни и жедни.
Невестата и младоженецот имаат право каква сакаат свадба да си направат. Ама исто така и гостите имаат право да си формираат мислење за нив врз база на тоа. Можам да поминам цела свадба без пиење, не е проблем тоа. Ама не можам да гарантирам дека мислењето за славениците нема да ми се промени.
Да ама и не. Зошто тогаш се прават свадби со 500 души? Свадба е ден и чин на кој треба да присуствуваат луѓе што навистина им е мило за тебе и затоа што си стапила во брак со човек кој го сакаш. А, на тие луѓе не им е гајле дали ќе имаш послужено пилешко или телешко, дали кока кола или синалко А, не да се покануваат некои од 5то колено. Тие секако доаѓаат за гага кога не те ни знаат.
Абе ај да викнам некого на ручек ради повод не знам, роденден и му вадам на маса пача. Оти мој дом де. И да очекувам гостинот најаден и задоволен да си отиде. Нема грешка.
Ако ги викам на ручек нешто, ок, али овака за рандом кафе викање, не ни нудам алкохол да бидам искрена.
И на свадба со коњопои само и мезе сум била, баш журка беше. Предобро си поминав. И не оти им фалеа пари, и тоа што го имаше и локацијата кошта солено. Ама не беше идејата вечера, идејата беше журка. Јас лично за себе така би правела.
Јас пијам повеќе од една чаша, од две или три, сакаш да кажеш дека немам разум? И да во право сте свадбата е на младенците и тие ќе одлучат каква ќе биде, тие што се веселат ќе се веселат и без алкохол, ама како што ти очекуваш да те испочитуваат со поклон, треба и гостите да очекуваат да ги испочитуваш со еден ручек и што сакаат за пиење. Како што кажа некој може да одлучат за атмосфера, декорации, фустан, музика, па дури и тука се прават компромиси, може не сакам и јас ора ама за ќеф на баба ми која ме удостоила да дојде ќе исвират 2-3 ора, гостинка ми е сакам да е ќефна. Исто како и за другите гости, направиле напор да дојдат, одвоиле финансии за поклон и спремање и јас да сум толку егоцентрична и да речам, веган сум ќе јадете само салата или мразам алкохол ќе пиете само вода ми е тотално недомаќински и непочит спрема сите гости. Исто и за децата ми е, ако пријатели мои нема на кого да остават дете за да дојдат на свадба мислам стварно ми е ван разум да им речам нема да дојдете оти не може деца на мојата свадба, една порција плус нема да ме осиромаши сигурно. Јас сакам да сум добар домаќин и сакам да понудам се што сум во можност да понудам, ако немам за многу ќе понудам најефтина варијанта ама сепак сакам да има разновидност и да ги удостојам гостите, дошле да ме слават мене и ме испочитувале, да беше свадбата само за нас ќе идевме сами во матично и крај на приказна, ама радоста е поголема кога ќе се сподели со среќни гости.
Ако на гостите им значат нешто младоженецот и невестата, ќе ја почитуваат нивната одлука за свадба без алкохол. Ако не можат да прифатат, значи ништо не им значат, туку би дошле само да стават течност во себе.
Не е само за алкохолот. По логиката дека е нивна свадба можат комотно само вода да ги послужат. Ама не е океј нели? Еве што кажав примерот. Викаш некого на ручек по повод и вадиш пача. Ај да не се правиме дека ќе ти биде сеедно
Вакви манипулативни глупости секогаш може да се свртат и кон другата страна. Ако младоженецот и невестата си туркаат лични ставови врз гостите, знаејќи дека не им е по желба, значи не ги ценат и почитуваат ич и ги канат само за статисти на свадбата, колку да се дешава нешто. Не им е гајле за нив и дали ќе си поминат убаво.