1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба во пости?

Дискусија во 'Свадба' започната од Fikretka, 14 ноември 2010.

  1. Fikretka

    Fikretka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Сум слушнала дека не е убаво да се прави свадба во пости, што мислите вие???
     
  2. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Не е убаво!Подобро почекај,нека поминат постите па после прави свадба.Сепак тое е само мое милење.Јас лично не би правела свадба во пости. :!:
     
  3. Fikretka

    Fikretka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Секако дека нема да правам толку време чекам че почекам уште месец два ама сакам да слушнам и туѓи мислења па затоа прашувам,дали некој знае поконкретен одговор зошто не е убаво да се прави свадба среде пости???
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    мислам дека во црква не венчаат за време на пости, а самата свеченост па тоа не е некоја голема фрка дали во пости или не. но чинот во црква викаат не се правел за време на пости. но мислам дека денес поповите за пари би венчале се изгуби она важното значење на венчавка во црква. но прашај си поп ке ти објасни. иако мислам дека само заради тоа викаат не се правело (мое мислење )
     
  5. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Еее и тоа што викаш карак.Нешто сега прочепкав по интернет,и види стварно поповиве за пари правеле свадба дури и во пост :|
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Црквата не венчава во пости, скоро никогаш, а за пари не знам дали би го направиле тоа. Глупаво е малку, ама овде во Македонија парите диктираат многу работи.

    Како и да е, не знам дали се исплати да правиш свадба во пости, затоа што ако постат голем дел од луѓето што ќе ги каниш (ова хипотетички, не дека нашиве постат кој знае колку), и ако правиш свадба во ресторан, менито ќе ти биде само со посни јадења и риба? А имај предвид дека многумина не јадат риба.

    Како и да е, мислам дека главната причина што не се прави свадба во пости е тоа што нема црковна венчавка, а освен тоа мислам дека во пости и не се дозволени такви поголеми прослави. Сепак, не сум сигурна во ова последново.
     
  7. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Jas pravev svadba za vreme na Petrovdenski posti,popot sto ne vencase ni zede 1000 denari poveke od voobicaenoto.Gostite sto postea jadea riba a ne bea mnogu zosto tie ne se strogi posti kako veligdenskite ili boziknite.


    [mod-kirilica:ugzv4po2][/mod-kirilica:ugzv4po2]
     
  8. Fikretka

    Fikretka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    фала ви на мислењата свадба секако нема да правам во овие најголеми пости само сакав да го слушнам и вашето мислење фала ви многу!!! ;)
     
  9. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Сепак би ги испочитувала постите,пред се сакам мојата венчавка да биде благословена во црква како што си е редот.Секој индивидуално си решава за себе нели, а баш ми е чудно што ете нашиве попови венчаваат тогаш за некој денар плус,ако е навистина така срамота.После они ќе проповедаат морални принципи |(

    Христијани сме,не мора да одиме секој ден во црква или Библијата да ја знаеме напамет,ама барем она што е основно фино би било да се применува,барем јас би се чувствувала многу поспокојно ;)
     
    На libragirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    75
    Мојата свадба е за време на пости :( Но, црква и матично ќе биде во Белград, 23 октомври, така да само прославата овде е за време на пости :| Неможевме да најдеме термин да е сабота и да е во ноември , па така го зедовме првиот викенд, сабота во декември и испадна дека се пости тогаш :| Се надевам се ќе помине во најдобар ред и нема да паѓа снег :) Позз :f:
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Сметам дека 40ден. не е голем период за некој да не почека да изминат постите.
    Не велам НЕ за некои исклучоци од хх фактори.
     
  12. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    девојки ми треба одговор, братучетками има закажано свадба на 2 јуни меѓутоа тогаш се паѓа задушна недела и плус во недела кога е свадбата е празник Духовден па им кажале дека не било убаво да се прави свадба на тој ден па ако знае некој нешто во врска со ова нека ми каже
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Знам најмалку 3 случаи кои правеле свадба на задушница. За најдобро и најточно мислење, секако обратете се во црква, бидејќи они ќе ви кажат дали венчаваат или не. ;)
     
  14. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    девојки да ве прашам во контекст на постите од кога се велигденските а од кога петровденските пости. Многу би ми помогнале.
     
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Велигденските пости почнуваат од празникот "Прочка". А за петровденските незнам :?:

    Инаку јас мислам дека не е убаво да се прави свадба во пости,прво и основно во црква не венчаваат.А за таа феминката што праша дали се прави свадба на Духовден јас мислам дека не. Но најдобро да си прашате во црква,за најубав одговор и најточен. :rofl: :rofl:
     
    На SuNsHiNe989 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    јас прашав во цркав и попот ми рече единствено ќе ве венчам само доколку дадете посен ручек - вечера. Ама се премислив сепак ќе си правиме како што е редот.
     
  17. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    За 2013 година
    18.03-04.05 се велигденските пости
    30.06-11.07 се петровденските пости
     
    На SuNsHiNe989 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Јас можев комотно да ги трефнам најстрогите велигденски пости без да знам... Еден месец откако закажавме свадба, приметивме дека се работи за ВЕЛИГДЕН!!! Прв ден велигден човече, ич значи немам навика да видам ко празник кога е... Ама си прашав во црква, мојот поп беше воодушевен од идеата, и ни кажа дека е голем благослов, па така некако се смирив. Ќе си фарбаме 120-130 јајца.... :rofl:
     
  19. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    и сестрами кога правеше свадба беше задушна недела, и погачата ја месевме во саботата вечер (а не во четвртокот) кога веќе изминуваше задушницата, ама нив повеќе ги мачи што во неделата кога баш е закажана свадбата се паѓа прв ден Духовден и повеќе луѓе им рекле дека на тој празник не е убаво да се венчаат, ама како и да е ќе им кажам за сигурно нека си се обратат во црква, ти благодарам
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^па ако не им е зорт, ако им се може со терминот нека поместат една недела +-
     
    На mila25ve му/ѝ се допаѓа ова.