Сакам да ве прашам дали некој е запознаен зошто се избегнуваат да се прават свадби во престапна година???Дали има некаква врска или и тоа е само празно суеверие ???
Свадба во престапна година ??? За престапна госинја се смета онаа во која месецот Февруари има 29 дена т.е. н асекои 4 години!!!
Свадба во престапна година ??? Тоа според мене е празноверие.. Луѓето веруваат во разни чудни работи, без посебна причина
Свадба во престапна година ??? И мене ме ова интересира, зошто ни се запнале сите ајде, ајде наредната е престапна. Аман бе луѓе разберете еднаш, ние одлучуваме. Инаку јас не верувам во вакви работи, некако ми е навистина безвеза, ко демек другата година воопшто ќе нема свадби.
Свадба во престапна година ??? и јас знам за ова и додуша сум суеверна а понекогаш па си викам.. глупост ... уствари и не сум суеверна толку колку што ми имаат ставено шубе со ова... а претпоставувам дека потеклото води од некоја мајка која сакала да и поседи ќерката уште барем година па ја излажала дека во престапна не се мажи шала на страна... ова се чисти глупости. друго во престапна што не се прај ? не се јади? деца не се прават? аман со глупости
Свадба во престапна година ??? Јас па прв пат слушам за тоа. Глупости. И што таа година свадба НИКОЈ нема да прави?
Свадба во престапна година ??? Тотална глупост и суеверие. Моите се венчани во престапна година па еве ги 28 години во брак!
Свадба во престапна година ??? И мене и дечко ми сите не убедуваат дека оваа година ни истекува ,,последениот рок,, за да направиме свадба бидејќи догодина било престапна (ние викаме високочна) година и не се правело свадби ! Е сега,за да биде уште подебило тоа, луѓето измислиле начин како да се надмине проблемот , односно како и во престапна година да се прават свадби без да се стравува за успехот на бракот! Се меси погача но брашното требало да биде од невисокочна година,демек погача со старо брашно! И после тој адет може да се прави свадба и во престапна година! Демек погачата ќе го реши проблемот и го разбива мелерот смајлиштосекрсти Ова ми го раскажуваше една повозрасна сосетка, ама кој луд верува во ова бре??? Мене ми е ова чиста лупост и не планирам да се оптеретувам со вакви глупости (ако правам свадба во престапна година)
Свадба во престапна година ??? мислам дека тоа нема врска, па неможе никој да не прави свадба цела една година... некако ми нема логика, не верувам во тоа
Свадба во престапна година ??? Еј престапна е наредната година? И ние сакавме наредната да правиме свадба, а сега... Јас малку сум си суеверна, ама па што, цела година свадба ќе нема? Не ми иде ова некако.
Свадба во престапна година??? Престапна, непрестапна, whatever. Јас ако дојдам до тој момент и почувствувам дека е тоа вистинското, нема да ме сопре ниту престапна година, ни дожд, ни црна мачка на патот. I gotta pocket full of sunshine.
Свадба во престапна година??? и јас мислам така, ако тоа е "она вистинското", тогаш се друго одии во втор план...
Свадба во престапна година??? Глупости! Јас правев свадба во престапна година и дете добив во престапна година...! Бог да чува што нема да измислат
Свадба во престапна година??? Не сум суеверна за ова, али сум за тоа кога се некрстени денови, помеѓу 2 Богородици или пак пости. Дека се тешки и големи религиски празници а престапна година нема везе. Еден мој школски другар е роден на 29,02 па слави роденден или на 29 секоја четврта год. или на 28.02 па сеуште е жив и здрав
Свадба во престапна година??? Кога е љубов во прашање ништо друго не е важно.Се што се прави со љубов успева.
Свадба во престапна година??? и ние планираме свадба 2012 и воопшто не ми е битно каква е годината престапна или не воопшто не ме засега
Свадба во престапна година??? мислам дека само кога се постови во текот на годината младите не смее да се венчаваат во црква
Свадба во престапна година??? Мое мислење е дека тоа е суеверие, како и петок 13-ти и ред други работи. Мислам дека нема врска со вашата среќа, дом, семејство. Ако се сакате и сакате да ја крунисате вашата љубов тогаш престапната година нема да биде проблем, ниту пречка.
Свадба во престапна година??? Не верувам во вакви работи Па на крај краева ако можеше принцот да се ожени на престапна година, можат и други луѓе