Свадба во престапна година??? Знам дека се е ветер и магла ама ете кога некои постари ќе запнат,па не било убаво,па шубе да не ти било бла бла ......... Кој излегол на крај со нив
Свадба во престапна година??? Леле каква глупост... Ако на некого не му е судено годината нема да го смени тоа. Сешто... На тие кои се двоумат да имаат свадба во престапна година им препорачувам да не си ја оддолжуваат среќата туку слободно да се венчаат.
Свадба во престапна година??? Нема веза дали е престапна годината имам братучетка што се омажи во престапна година бидејки беше бремена и прашаа поп тој им кажа дека нема веза каква е годината
Свадба во престапна година??? и јас мислам дека нема везе. Братучед ми имаше свадба во престапна година, еве и дете си имаат, фала му на Бога.. Не сум суеверна А пошо на секои 4 години, доаѓа престапна година, што треба тогаш, во 2012 да нема ниту една свадба? Нема смисла Терајте животот, Во Господ треба да се верува а не во баби жаби глупости што останале од неинформираноста и суеверието на претходните генерации
Свадба во престапна година??? Друга причина освен таа дека нема да можеш да си ги броиш годишнините ако правиш свадба на 29-ти февруари , не гледам. Баш планирав при крај на годинава веридба па може почеток на другата свадба. А мајка ми за да убрза ме убедува дека била престапна не бивало. Е како па да не, она мене не бивало , ај ќе види дека бива.
Свадба во престапна година??? Искрено првпат слушам за ова и не верувам дека има врска, живи глупости. Не верувам во вакви работи, кога ќе дојде време за мојата свадба ( здравје Боже ) ова воопшто нема да го земам во предвид.
Свадба во престапна година??? Лелеее, па јас сум зезнала работа... престапна година правевме свадба А исто и моите... туку ај да не им кажувам, да не ги насекирам
Свадба во престапна година??? И мојата ќе биде во престапна година, ама Ариел штом е таква работата јас ич не му ја мислам
Свадба во престапна година??? Епа Реинбѕ мн среќа и мн љубов и хармонија и одличен секс...хехех се најдобро...или како што би акала да речам May God give you true bless, and from me my wishes for you to have a little piece of heaven... Congratulations
Свадба во престапна година??? И јас не верувам во ова, ако останеш бремена во јануари во престапна година и кога ќе правиш свадба? со дете наредната година , празни суеверија ништо друго
Свадба во престапна година??? За секој случај...Пред свадбата (во престапна година): Двапати Оче Наш, Три Аве Марии, сол преку лево рамо, пет-шест пати пу пу пу и обавезно катанче на невестилникот... Да се разбие малерот Се зезам...А можеби и не?
Свадба во престапна година??? Живи глупости ! Ох колку мразам суеверија ,од црна мачка ,преку не мети навечер па се до вакви ср**а ! Каква врска би можела да има престапната година и среќата и слогата на двајца млади??? Ако некој од тие луѓе (најверојатно жени ) што ги сејат ваквите приказни може да ме разубеди со научен факт ,онда не се мажам во престапна и цела престапна нема да му давам на маж ми ! А дотогаш ,нека си седат тие стари моми ,небаре некој нив ѓе ги чека цела вечност !
Свадба во престапна година??? Ние правевме свадба во престапна година и во октомври ќе правиме 4 години во брак. Пу Пу да не се урочам супер ни е. Според мене нема врска дали правиш свадба во престапна година или не. Има х примери каде што не правеле свадба во престапна година па животот им е хаос. Така за они што се мислат дали да прават свадба во престапна година од мене имаат зелено светло.
Свадба во престапна година??? Ова според мене се празни суеверија. Еве моите правеле свадба во престапна година, па еве 18 год се во супер солиден брак и јас сум родена во престапна година. Бабиби деветини се ова.. луѓето некогаш изгледа немало што да прават па верувале во се и сешто.
Престапна година памтам пред едно да речам 15 години ко ке дојдеше крајот на декември и само ке слушавме се мажи оваа се ожени тој еееее цел куп луге ке се извереа.зошто?заш другата година била престапна....ама ако си бил верен можело да прајш свадба...малку и сега несватливо ми е,заш фактички ти пак ке се мажиш во престапната... покасно мислам дека понеосетно беше ова...барем јас така мислам за вервење знам дека полно народ вервит во то ама пак ич не значит дали то ке донесит растурање на бракот подоцна....а нели вервењето во превод е дека нема да истрајт бракот.... моето искуство е поврзано со темава....мажена сум во престапна година и до сега ништо не ни фали да не се заречеме а кога дојде ред да се земаме со маж ми ни на крај памет не му текна на некој од нашите да ни речат можда од пусти страв дан се премислиме...според нив стари бевме јас скоро 30 мм 38... можда си помислија бегај шукјур кај му текна пак уште да одложиме
Престапна година Не верувам во вакви бабини деветини и не сум суеверна. Престапна година, чудо големо. Тоа се само народски верувања, нешто што некогаш се рекло... Мислам дека денес и не се внимава толку дали годината е престапна или не за некој да стапи во брак!
Престапна година Имам слушано дека не требало да стапуваш во брак во престапна година, но искрено како и сите други работи ( Абе беше во неделата празник не чини да се чисти - а сега петок и сл. верувања на луѓето) ме тераат да не верувам во вакви работи. На мајка ми професор се родил во престапна година и тоа на 29 па ене го ништо не му е, ако веќе и не е умрен.
Престапна година Не верувам во овие работи, но ако имаш и малку сомнеж дали да стапиш брак во престапна година, тогаш немој. Не дека нешто ќе ти оди наопаку, туку чисто да не те јаде сомнеж и сугестија цел живот. Кога си чекала досега, почекај уште малку. BTW Се најубаво во бракот и мноооооогу среќа и убави моменти.