Свадба во престапна година??? zaljubena a sto ima vsrka ako pravis i so dete svadba eve nie imame 1,5 godisna kerkicka i sega ni se pruzi sansa da si napravime svadba i podgotovkite ni se vo tek taka da jas cuvstvuvam uste pogolema sreka sto toj den ke go spodelam so nea........i tuka ne gleda nisto cudno samo sto narodov kaj nas e so malku zatareno svakanje
Свадба во престапна година??? Уште едно суеверие на народната маса, баш мајка ми вчера ми кажа дека една моја школска се верила сега брзо и одма свадба на 15 Септември закажале , кога ја прашав зошто, ми кажа дека било престапна година следната и не се правеле свадби. Според мене некој некогаш немал пари да прави свадба па ја одложил вака, се извадил на годината . Ако е така јас ќе чекам следнта престапна да правам, ем нема гужви по ресторани, ќе си најдам некој добар термин, нема гужви ни во матично...ќе си имам свадбуле за мерак . Кога биле пости не се правело свадба, во престапна не, па кога ? А што ако на пример ми се брза, од х причини морам да правам свадба следната година и да не ја правам само затоа што Февруари имал еден ден повеќе .Eпа неможам некои работи да ги сфатам навистина, ај она за постите можда и ќе го протумачам некако, али ова со престапнава година тотално безврска .
Свадба во престапна година??? Еве ние планираме свадба наредна година и почнавме да шетаме по ресторани и има уште од сега закажани свадби за наредна година, така да тоа се глупости и не верувам во тоа
Свадба во престапна година??? Ако двајцата не се созреани и спремни на целосна почит и разбирање, не престапна година, не бурми што не биле пеени како и да беше и сите тие суеверија, џабе е се! Тоа дека било престапна година може да е само изговор за утеха ништо повеќе.
Свадба во престапна година??? А што ако се омажам во престапна? Козите на комшијата ке умрат? На мажот ми ке му свене па ке ме остави од срам? Неможам да ги сфатам овие празноглави суеверија. Од инат, баш би направила свадба во престапна година и тоа во петок 13ти (ако се погоди некој) и црна мачка ке си земам дома после тоа, па да видам што ке ми се случи.
Свадба во престапна година??? прости суеверија, не дозволувајте да ви го контролираат животот!!!!!!!!!!!
Свадба во престапна година??? И брат ми планира свадба наредната година и не се замара со суеверија, ама на женска му не и е баш сеедно. Вика дека ако недај боже нешто не иде во бракот, ќе си помислува на тоа дека бил склучен во престапна година. Па сега ќе видиме дали ќе има свадба или ќе почекаме да помине престапната.
Свадба во престапна година??? да бе нека спие таа на тоа убо, јас да сум како неа а и сум ќе си правам свадба во престапна тра ла ла ла ла и утре ако не иде нешто годината ќе ми биде крива Не дека сите други години не се разведуваат не е битна годината, датумот, времето и местото едноставно ако ти иде ти иде ако не никој не ти е крив. мене не ми се чека да бе една година сум врена време е за свадба
Свадба во престапна година??? не е за народот, јас лично не би сакала да правам свадба и детето да биде на истата, сепак немој право да осудуваш тоа е мое ЛИЧНО мислење
Свадба во престапна година??? И јас закажав свадба во престапна година,т.е. наредната.Ми мрчеше мајка ми ,сега да сме ја направили,ама не ни се брза.А и искрено не верувам во тие глупости.Демек ,само ако си останела трудна-исклучок,се правело.Така да ништо чудно и муабет да ми извадат
Свадба во престапна година??? Другарка ми мораше да лежи цела бременост, и не направија свадба, туку само матичар ги венча и тоа дома кај нив. Свадбата е закажана догодина, и ќе си има и детенце на свадбата. Мене ми е тоа ОК. А и јас ако се изобличам од бременост а треба да сум невеста нема да правам свадба. Ќе си спојам со детето и крштевка.
Девојки најважна е вашата среќа.Што повеќе слушаме приказни од народот полошо,јас лично мислам дека нареднава година ќе има најмногу свадби.
Бидејќи и јас сум суеверна одлучив да прашам... прашав еден пријател на татко ми тој е поп тој ми кажа дека нема врска дека се венча и се другооо... така да секој што се сомнева нека нема гајле и ајде следната година да ви се изнаиграме на свадба ... па и кај мене хехеххехе....
керката ке се мажи идната година а 2012 е престапна... ајде сега да не се мажи ради бабски муабети ... секако дека ќе си се мажи ...
Навистина бабски муабети,а пак има ли луѓе кои веруваат во такви работи сеуште Глупости,затоа сите трчаат оваа година беше фул со свадби,музичарите кои ги закажавме за нашата свадба рекоа дека до октомври наредната година се закажани
една другарка ја одкажа свадбата пошо било престапна година ,ја лично не верувам во тоа ,бабини деветини
тоа го зборат и за децата дека,тие кои биле родени во престапна година немале среќа....абе живи глупости. Сметам дека за чинот на крунисувањето на љубовта нема пречка.
И јас кога би останала трудна, не би правела свадба, само во матично би склучиле граѓански брак, чисто детето да не биде вонбрачно. А свадба-веселба би правела после пораѓање. Стварно не сакам трудна да носам венчаница, цел живот чекам да бидам невеста и да ја носам венчаницата од соништата, ама ако сум во поодмината бременост тешко дека ќе ми стои. Тоа и на вереникот му го зборам цело време, да не прај глупости, нек почека да помине свадбата
Секое суеверие е во спротивно од христијанството,и не е убаво да сте суеверни,ние пред да ја заказеме свадбата ,лани , прашавме поп,тетин на мојот иден сопруг,тој каза за такво нешто нема на ниедна срана во библијата,дека за Господ сите години се исти,битна е лјубовта и разбирањето на луѓето.Покрај тоа што јас ке правам свадба во престапна година,и брат ми и снаа ми се верија и правеа свадба во престапна година,па да се живи и здрави сите,си имаат три машки дечиња.Правете си свадби и веселете се нека ви е се најубаво и најсрекно,поздрав...
Ептен не треба да се прави, аха. Затоа јас минатата година (2012) бев на 4 свадби од роднини и кумови. Бабини деветини, што друго?