Јас прв пат слушам за ова ама во 2012-беше прстапна јас бев на свадба па шо ништо мислам то е суеверие
Глупо е... Што би можела годината да влијае на среќата во бракот? Според мене, ништо. Тоа не е предзнак за лош брак. Тоа се само суеверија, нешто како „Аиии, престапните години се чудо големо, па мора нешто лошо да се случува во нив“ .
Имa некoј стaпенo вo брaк .. 2016 ќе билa престaпнa. Плaнирaвме брaк..oвoј мoјoв цц се предoмислувa хaхaх... Акo е тaкa кoи се причините дa не се прaви свaдбa и сличнo?
Не сум слушнала нешто поглупаво од тоа дека не треба да се стапи во брак во престапна година. Бабини деветини.
Баш бабини деветини.Јас правев свадба 2012 година. Престапна е бидејќи секои 4 години месецот Фебруари има ден повеќе.Затоа имам слушнато дека не е добро да се прави свадба во Фебруари на престапна година,а не за другите месеци.Иако мислам дека и тоа се гупости. Затоа мажете си се, ич не му ја мислете Ако ептен му ја мислите,прашајте си во црква поповите треба најдобро да знаат.
Две колешки нема да закажуваат свадба ради престапнава... муабетов исто како - дали е строг празник денес
Тие што не се мажат оти е престапна годиона се истите кои плукаат 3 пати на црна мачка и се крстат кога поминуваат пред црква, а не влегуваат во неа.
Случајно налетав на темава... Која глупост значи. Правевме веридба во јули, а сепак се решивме да направиме свадба на пролет наредна година без разлика што имавме доволно време и сега да ја спремиме и тоа на раат. Ама што да кажам, секогаш имало такви глупави суеверија и луѓето си веруваат. Нормално, зависи кои луѓе.
Бесмислено... Празноверен муабет... Моите оравеле во престапна година, јас правев во престапна... Календарот нема никаква врска со среќата во бракот љубовта.. Едиствено ако баш на 29 февруари сте правеле ќе славите годишница на 4 години... Е тоа ти е во брак, кратење трошоци
Кој кажал дека не се прави свадба во престапна година? Тоа е исто како за муабетот дека тој што е девер или кум после една година неможе да се венча во црква. А тие што се околу 40 години и треба веќе и деца да имаат ќе треба да чекаат уште една година? Ова се само глупости. Нека е само за убаво и со среќа на сите што ќе прават свадба
Мој прв брачед се вери во 2012 во февруари. Се жена истата година.. И ние планираме свадба 2016 и шо? Помало градче е нашево па уште сега се закажани свадби до јуни-јули.
Хаха поголема глупост немам слушнато. Ние се веривме во август минатата година, решивме свадбата да биде во мај, кога бевме да прашаме за ресторан едвај успеавме да најдеме слободен термин, цел мај беше резервиран уште во октомври. Така да нема врска тоа каква година е, од лугето зависи дали бракот ке успее или не.
На нашата планета и е потребен еден ден за да го заврши кругот околу својата оска. А времето кое што и е потребно на Земјата за да заврши еден круг околу сонцето е една година. Но овие единици на време не се распределени подеднакво, што резултира во нашиот календар да една година трае 365 дена, 5 часа, 48 минути и нешто повеќе од 45 секудни. Секои 4 години ги земаме овие дополнителни часови и минути и ги „сместуваме“ во еден дополнителен ден, односно на 29ти Февруари, кој што го нарекуваме Престапен Ден. И затоа секоја 4та година е Престапна Година. Ако немавме еден дополнителен ден на секои 4 години, за 100години нашиот календар ќе биде неточен за 24 дена. Верувања има вакви и такви. Некои пак, сметаат дека баш напротив, престапната година е среќна. Децата родени во престапна година се сметаат за среќни. Реално, нема никакво значење. Ние ќе правиме свадба годинава. Значи, траењето на бракот не зависи од денот или годината. Зависи само и само од вас двајца.
Скопска епархија одговори на верувањето: Се венчава ли во престапна година? Верувањето дека треба да се избегнуваат свадби е само суеверие и никако не е поврзано со црковниот или со духовниот живот Бракот склучен во престапна година кратко ќе трае – верување што постои толку одамна, што никој не знае зошто и од каде произлегува. Веројатно, старите Македонци вака сакале да си ја објаснат или да ѝ дадат значење на годината со еден ден повеќе. Според едно предание, пак, суеверието што и денес им прави шубе на идните невести, го почнала мајка што сакала уште една година да си ја чува ќерката дома. Во минатото, за венчавки или за свадби се чекало до следната година, а доколку младоженците немале време за чекање, како што бил случајот со печалбарите, за да не ги бие малер на свадбата принесувале леб или погача месени со брашно од минатата година. За црквата ова суеверие отсекогаш било само тоа – суеверие. Отец Бобан од Македонската православна црква вели дека престапната година е таква само поради бројот на деновите, ништо повеќе и нема никакви импликации врз основа на црковниот или на духовниот живот. – Сите работи си се прават нормално, како и во сите други години. Тоа е суеверен став, кој произлегува од суеверието на луѓето. Во престапната година и се венчава и се крштава и се прават сите работи што ги правиме и во годините што не се престапни. Ако одиме по таа логика, зошто би се одзела само венчавката и крштенката, зошто не би се одзеле и некои други свети тајни, кои ги извршуваме или некои други чинодејствија. На пример, како опелото, погребението на мирјаните, тогаш сето тоа би требало да се скока и да не се прави– вели отец Бобан. Но, и покрај тоа што свештениците на секоја идна брачна двојка ѝ објаснуваат дека тоа е чисто суеверен став, кој нема никаква врска, никаков контекст со преданието, учењето и верувањето на црквата, и денес се гледа пад на бројот на венчавките во престапна година.