1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба или пари?

Дискусија во 'Свадба' започната од lejdiii, 19 февруари 2011.

  1. lejdiii

    lejdiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Здр сакам да слушнам мислење од вас.....Ако од дома ви нудат да ви дадат пари наместо да правите свадба што би изберале вие????????
     
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Би ги зела парите и би си организирала мала венчавка, само со луѓето кои ми значат. Моите запнале за голема свадба, со од прилика 150-180 души од една страна демек неможеле никој да остават да не биде повикан. Мене искрено ова ми е ептен безвеза,јас сум за мала, скромна венчавка и потоа за забава, доволна да има и 50-60 души, се што е повеќе е само свртување внимание. Можеби грешам, но тоа е моето размислвање.
     
    На ABI.3 и butterfly2 им се допаѓа ова.
  3. lejdiii

    lejdiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    леле мн ќе е убаво да го имам твоето размислување...... јас си сакав свадба со сите адети и со многу гости а моиве ми нудат пари и да поканиме најблиските да одиме во црква и да дадат ручек и така
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Без размислување, би направила една вечера со строго најблиските од двете страни, негде околу 50 души, а другите пари би ги искористила за едно парување или во Египет, Дуаби, Куба или низ Америка. Две муви убиваш со еден удар. Ем патување што да речам за мене дека никогаш нема да можам да си го дозволам со мои пари, ем една прослава колку да се обележи настанот.
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Од богата венчавка не се откажувам така лесно, ама би се сложила да е со помалку гости и без некои непотребни детали.А звучи примамливо тие пари да си ги искористиш на добар одмор, некаде далеку или на некоја недвижнина...
     
    На Busavka.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Можеби се повеќе девојки повеќе не размислуваат како мене, ама јас искрено сакам свадба. Сакам да дочекам дај Боже момент да облечам балски бел фустан и да бидам Невестата еден ден во мојот живот, во буквална смисла на зборот. Не сакам некои балски перипетии, ги сакам најосновните адети и лично некои би ги скокнала. Но си сакам Македонска традиционална свадба на која ќе си ги поканиме роднините и пријателите и сите заедно да се веселиме тој ден. Тука би додала дека би замешала прсти во листите на гости. Навистина не сакам некои лица кои еднаш во животот ме виделе, да ми дојдат и да ми се трупнат. Но и јас и моето момче имаме големи фамилии со кои сме многу блиски и нивното присуство е неминовно, а само со нив имаме една релативно добра бројка која и те како не прави мала свадба. Но, јас лично мислам дека и не е толку фрлање на пари, ако не се претерува во луксузите, не знам фустани со Сваровски, и шо ти ја знам какви тракатанци. Едноставно, сакам отмена, убава, свадба во која јас ќе бидам во бело, сите ќе гледаат во нас двајца и сите (се надевам искрено) ќе се веселат за денот во кој ќе ја овековечиме нашата љубов. А парите? Тие се релативна работа. А, пред се' се за трошење. Пари се заработуваат - пари се трошат. А свадба еднаш се прави, а пари се прават цел живот.
     
    На kate21, eutixismena, Abeja и 7 други им се допаѓа ова.
  7. lejdiii

    lejdiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    нема ли да е малку глупо со малку луѓе каква ќе е таа свадба ?????????? јас во бел фустан а малку луѓе кој ке стане да играе кој не и со знам ............леле незнам
     
  8. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Што посакуваш ти?
    Тука сите имаме различни желби и размислувања за своите свадби, ако веќе се работи за твоја свадба тогаш какви се твоите желби и очекувања?

    Сестра ми на пр. е за свадба со сите обичаи.. јас нај спротивно од тоа :D
    Мала прослава, со сите најблиски од двете семејства, јас во бел фустан нормално затоа што за тоа мечтаам од мала и место да ја чувствувам свадбата како тортура да уживам во неа. Мене тоа ми е најбитно!
     
  9. Lucky88

    Lucky88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Би направила мала свадба, колку да облечам бел фустан, затоа што баш сакам да се видам како невеста и утре да имам слика од свадбата. Ама свадбата поинтимна да, онака по блиските роднини, и со другите пари виа Малдиви...епа сон ми се малдивските плажи.
     
  10. lejdiii

    lejdiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    јас би сакала свадба со повеке луге ама сега се двоумам од предлогот на моите родители да направиме колку да се обелези и да ми дадат пари секако немам план одма да ги потрошам ке си ѓи чувам за кога ке ми се потребни највеќе.........затоа сакам помош од вас што да изберам
     
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ако не прашуваш нас, тоа не го поистсоветувај со тебе. Сите ние имаме различни визии за различни работи. Па така и за настанот - the свадба. Направи ја онака како што ти сакаш. Облечи се онака како што ти си сонувала од малечка. Уживај во тој ден затоа што еднаш се доживува. Еднаш си Невестата и затоа не мора да го делиш нашето мислење за некои работи. :*
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Зошто да те поколебаат парите? Денеска ги имаш утре не. Направи си свадба од своите соништа! Ако веќе тоа го посакуваш ;)
     
  13. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    /\
    Незнам Лејдии ти си знаеш најдобро што сакаш, ако тоа ти е желбата да имаш раскошна и голема свадба, само напред нема што да се мислиш. Јас кога сакам нешто така ќе биде, без оглед дали другите се за или против. Најдобро е кога со идниот ти сопруг заедно знаете што сакате. Еве јас и мојот дечко сакаме помала свадба, кога би ги слушале родителите би требало да има сигурно 400 души од двете страни, мене ми е тоа премногу, јас од тие 400 луѓе дали и половината ги познавам. Незнам зошто така мислиш кој ќе игра, да имаш 80души тоа не е малку. Сега ќе ја одбираш и салата според бројот на гости. Јас мојата свадба би ја правила во лето,после венчавка и регистрација се оди на мала забава на пример во некој рибник,на отворено..гости, музика се ќе биде во ред, сум присуствавала на такви свадби и тоа ми се е допаднало. Го сакам тоа и не отстапувам од тоа.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ако посакуваш покласична свадба направи го тоа. Пари се заработуваат, немој еден ден да ти биде криво, па да кажеш ех имав пари а не направив свадба, зошто има такви кои баш сакаат свадба, но немаат пари за истата па организираат поскромен ручек или вечера. Разговарај и со вереникот, па договорете се заеднички за чинот.
     
  15. lejdiii

    lejdiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    глупо е малку само од кај мојата страна да има гости а од машката никој за тоа е проблемот........
     
  16. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Свадбата ја плаќаат родителите а подароците, кои што во мојот град се најчесто во плик (а се надевам и по другите градови е надминато носење филџани за кафе како подарок) си ги задржуваат младите, така да може ке добите повеке, може помалку ама тара-бара, невеста си била :) Тој ден не се заборава. Мојата свадба беше 70 луѓе и супер си поминавме. Сега керка ми гледа слики кога мама била НАЧКА :D
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Јас би свадба..ама ЈАС би..значи сето тоа е индивидуално,Од мала си го имам филмот за венчаница и сите траканци кои одат со свадбата па не би го сменила за ниедно патување на светот.Има време,млади сме и парите се заработуваат па здравје ќе имаме шанси и за шеткање. :)
     
  18. lejdiii

    lejdiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    70 луѓе се вкупно така ли ? мози најарно ке е да си обелезам ссамо и така ке облецам фустан слики и камера ке има и ок ке е се надевам
     
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    И јас ти велам, немој да те примамуваат парите. Еднаш се мажиш, ако сакаш голема свадба, направи. Цел живот ќе се сеќаваш на тоа. Мораш сама да си одлучиш, бидејќи секој различно размислува околу тоа прашање, ете јас пример, воопшто не сакам адети и такви работи, подобро ми заминала некаде далеку на меден месец. :)
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Како мала за мене најбизарно нешто беше поимот свадба (некои на кои сум присуствувала такви и беа :^) ), ама ни под разно нема да скратам од мојата свадбена церемонија.
    Мислам, па не сум со нож под грло, ко само една сума на пари да ќе имам во животот и сега - бирај ТОА ИЛИ ТОА.
    Ги бирам и двете, во различни периоди од животот.
    Свадбата е ЕДНА, (со исклучоците кои вклучуваат развод, така можеш да имаш и 2, 3...)
    а патувањата на различни дестинации не се којзнае каков неостварлив сон - пари се печалат, ако не истата година, ќе појдам друга, трета итн...

    Сума сумарум, на свадбата нема да штедам. Ниту да правам компромис со други работи.
    Ќе ги чкртнам неомилените роднини од списокот, Боже ми опрости, кај мене крвта не е вода, точно, ВИНО Е :D , и знам само дека нема да има земање од дома и нема професионален фотограф со оние одвратни наместени фотки, испеглани, наредени купишта во албум тежок 7 кг!

    Сами ќе се чкрапаме, има да сум кокиче на мојата свадба...
    Само една фалинка во грандиозниов план... Немам кандидат.
    :D
     
    На ohoho, lolyta777, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.