1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба или пари?

Дискусија во 'Свадба' започната од lejdiii, 19 февруари 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Јас еве подготвувам свадба. Иако мојов избраник, ќе го прави тоа по втор пат, не се одлучи за неправење на свадба. Што ми е поентата? Сите мислиме дека еднаш се прави тоа (како што пиша погоре Трендафилка, со исклучоци на оние кои се развеле) и сакаме тоа да е перфектно.
    Никогаш не би се откажала за правење свадба (иако од родителите на мажулето имаше притисоци за тоа), па тоа е така еден од деновите што ќе ги паметш цел живот и ќе се дискутира.
    А, пак ќе ја повторам Трендафилка, парите се заработуваат, на патување, уредување на домот и слично, може да се направи подоцна.
     
  2. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Јас најискрено сакам, а и дечко ми се согласува со моето мислење, да не правиме голема свадба.
    Сакаме да направиме само мала прослава, со моите родители, неговите, кумови и старосватови. Да одиме во црква, матично, некаде на убав ручек или вечера и утредента со спремни куфери на некое најнајубаво место 20 дена.
    Моите не се согласуваат со моето мислење сакаат свадба но не голема само со најблиските, а како тоа да го направам кога најблиските ми се 50 луге и од страната на дечко ми се околу 50, а тоа е веке голема свадба. Тука се надоврзуваат и другари, другарки, колеги... Кого да поканиш, кого не???
    Според мене парите во џеб и на шетање, 100 пати поубаво наместо да се спремам со месеци, да си ја лупам главата дали на сите ке им биде ок, дали ке им погодиш и угодиш и дали на крајот им се свиѓала свадбата или не.
    Сепак ова е мое мислење.
    Еве и една интересна случка со еден познаник. Го сретнувам случајно и го прашувам што има ново и ми вика се оженив. Како, кога? епа вика, отидов да закажам во матично во јуни месец, за во јули свадбата да биде и ми рекоа има слободен термин во септември дури. кога има порано? утре. супер утре доагаме. отидовме во матично, во црква на ручек и после 2 дена во авион и за америка отидовме на 3 недели.
    Според мене одлична одлука!
     
    На al-vik и Srekicka им се допаѓа ова.
  3. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Како само се препознав и го делам истото мислење како girl1985(абе како јас да го имам напишано :lol: ), и јас посакувам свадба и си ја замислувам мојата свадба секој ден (со оглед на тоа дека сум во долга врска), ама сепак одлуката е твоја. Јас искрено би ти рекла направи си свадба за да не ти биде криво еден ден а како што рекоа претходните девојки за патување има време
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Цитирав за да не се повторувам! Го делам истото мислење со нив и би ти го дала истиот совет како Ана Банана.Можеби сега сакаш да си го средиш домот или да отидеш на патување, ама еден ден кога твоите другарки ќе се присеќаат на нивната свадба тебе ќе ти биде криво (бар мене би ми било, ваљда и тебе). Кога децата ќе ти побараат слики или снимки од свадбата како би ти било да им речеш: јас не правев свадба. бев на патување. Глупаво звучи нели?! :)
    Свадба и венчаница е сонот на секоја девојка! :)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    и јас сакам свадба но дечко ми не :( не сака да правиме свадба . не знам како да го наговорам :( стварно е еднаш во животот и не треба да се пропушти . баш во неделата бев на свадба кај другарка ми и беш преубаво. можеби на машките не му значи многу али сепак за девојката е нешто неповторливо. и да не можеш да си овозможиш голема свадба можеш барем со најблиските и тоа е нешто . важно ќе бидеш принцеза во твојата бајка :$
     
  6. anonimen1

    anonimen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Со оглед на тоа дека свадбата обично ја плаќаат родителите за кои не ти викаат дека треба да ги вратиш не знам зашто не би правеле свадба туку би избрале пари.направете една проста математика колку пари ке земе невестата на пречек дома(минимум 50ден),пречек у ресторан(минимум 50),на вечера(опет минимум 50ден),од поклони(кои се у пари) и коа би израчунале ем би имале свадба која вечно ќе ја паметите ем би имале пари за некое патување.сеа од дома ако ви нудат 10000 или 15000евра тоа е веќе друго.али крај краева,бар кај нас у мк,свадбата е таа на која сите роднини и пријатели се на купче.
     
  7. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Сакам интимна свадба и со луѓе што ги знам, а не кани 12ти братучеди што прв пат ги гледаш во живот и со сервис за ручек од Се за 99 да ми дојдат. Мал број на гости, само најблиските, без адети од вид на сватовите да ја земат невестата, да месиме погачи, пари да и ставаат во танга...штикла де, да вртиме ора околу дворови... Не!
     
  8. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    kako mislis 50 den?
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Свадба дефинитивно, барем мене сон ми беше да се видам во бело, со мојот принц до мене...
    Со оглед на тоа дека ми беше дијагностицирана патолошка бременост не се знаеше дали ќе правиме свадба...Секое одење на гинеколог и двајцата прашувавме-а може свадба да правиме? И после 3-4 месеци трпение добивме потврден одговор и бевме пресреќни..Родителите ни рекоа ако не правиме свадба, ќе ни дадат пари ама некако не бевме заинтересирани, и двајцата ја сакавме свадбата... задржавме основни адети, поканивме најблиски роднини и пријатели и тој ден беше прекрасен, се чувствував како принцеза, доволно ми беше само да се погледнам во огледало и да му заблагодарам на СЕвишниот што ми овозможи да бидам невеста, во центарот на вниманието, со многу љубов околу мене...нема ништо поубаво..и тоа со пари не се заменува. :)
     
    На ana-banana и Hopeful им се допаѓа ова.
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    мислам дека за ниту една сума не би се откажала од свадба, може звучи глупо но тоа сум јас. без разлика дали ќе биде од 100 или од 10 души сакам да правам свадба и сакам да носам невестински фустан. ете тоа сум јас и сметам дека никој нема тоа да ми го одземе ;)
     
    На ana-banana, Hopeful и kate21 им се допаѓа ова.
  11. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Парички и шетање дефинитивно. ;)
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Би направила мала свадба со најблоските во мало ресторантче интимна ама убава.з потоа со парите -чур низ европа ;) и така и така свадбите се само фрлање пари а потоа цел град да те оговара како и шо било,шо чинело шо не ,некои доаѓаат само за да набљудуваат.пола од гостите нема да ги познаваш ,некои ќе ги викнете само зошто тие ве викале...мој совет-собери си ги најблиските и друштвото на еден убав весел ручек и после трк кај ќе шетате :!:
    позз и пиши ни што си одлучила :)
     
    На Busavka.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anonimen1

    anonimen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Па не знам за кај вас,али кај нас пример коа идат дома по невестата,на пречек сите сватови даваат пари на невестата,у ресторан на пречек на гостите пак сите гости даваат пари на невестата,пред вечерата невестата дели као купони за вечера,пак сите даваат пари на невестата.тоа 50денари го стајв чисто онака како пример,за да си направат математика идните невести :D
     
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас направив свадба оваа недела,навистина е трошок, ама ако парите ги даваат родителите вие нема за што да се секирате. Ние со маж ми си собравме 2500 евра поклон од гостите, така што ем свадба, ем шопинг, ем патување 8)
     
    На ana-banana и eli25 им се допаѓа ова.
  15. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Ако бирам меѓу свадба и пари, тогаш бирам свадба... Бидејќи отсекогаш сум сонувала за тој ден кога ќе облечам венчаница... А мислам дека и родителите живеат за тој ден, да ја видат ќерка си во бело, мислам дека тој ден и тоа чувство се неповторливи, и затоа не сакам да го испуштам за ништо на светов...
    А парите се минлива работа, денес имаш-утре немаш...
     
    На ana-banana и Hopeful им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Јас не сум баш за свадба. Прво ме нервираат сите оние адети, ме нервира кога невестата оди да дели купони, а сите и даваат пари, што, вечерата ли си ја плаќаат? Овој мојов ко што е таму од едно село, не знам ни колку адети имаат, и немам намера сите да ги правам, па колку сакаат нека се лутат.
    Сосема друга работа се парите. Моите едвај се прехрануваат секој ден, кредити колку сакаш, така да мислам дека свадба тешко да ни платат. Неговите се на исто дереџе. Ако сакаме свадба ќе треба сами да си ја платиме. Големи трошоци се. Ако некој има финансии и желба за свадба, не гледам зошто би се двоумел. Ама ете во мојов случај и те како е за двоумење :)
     
    На MacenceEna и kate-the-great им се допаѓа ова.
  17. lejdiii

    lejdiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    кај нас само од кај женската страна кога се поздравуват дома и дават кој по 50 кој по 100 а некој поблизок и по 500 а тие луге со се поздравуват нека се се на се 30 души.....а во ресторан невестата дели само невестински бонбони на сите и и дават по 50 и по 100 ден.............на мене моиве ми рекоа оти ке ми дадат околу 3--------4 илјади евра валда 3 мн е 4.............плус ќе ми уредат една соба со наместај кревети или што си сакам јас и се што е потребно за во една соба...........тоа е обавезно кај нас незнам како е низ другите градови кај нас обавезно се купува наместај на женското дете кога ке се омажи и руба кебиња и со ли не друго.

    ете последно што им реков на моиве да направиме со околу 60 души свадба да не каниме многу они ми кажуват е како да ѓи исфрлиме другите кога и ние сме биле на нивни свадби и по нивна пресметка се збират околу 120 а можда и 130...........и се надевам дека за 1 недела се ќе се реши како ќе е зошто немам живци веќе за таа свадба само се нервирам :envy: :envy: :envy:

    срцко секој сам си ја избира среќата ти кога знаеш како е да живееш во немаштија зошто да одиш пак на такво место терај си живот.............јас дома живеев од убаво поубаво и тука кај што дојдов не е лошо ама немаш се како што си имал дома малку што ми фали тешко ми е........сите додека да се ожениме викаме лубовта е битна ама потоа свааме дека не е така.....можеш и ти да си правиш мала свадба потоа од парите што ке ѓи зберете ќе платете у ресторан важното ќе се виде невеста.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски

    Е за ова првпат слушам. Јас правев свадба, немаше ништо такво, добро, кај мене и немаше класични адети, ништо од тоа. А колку што знам, сватовите даваат пари кога доаѓаат по невестата и тоа кога немажените девојчиња на врата им ставаат китенки. И тие пари после си ги делат девојчињата. А невестата не добива пари, ниту пак ги дели купоните за вечерата, има кој да ги дели. Ама тоа веројатно зависи во кој дел од Македонија живееш.
    Инаку, што се однесуваше до мене и мојот сопруг, ние сакавме скромна свадба, со помал број гости и без адети. Е сега, не беше мал бројот на гостите :?:
    А обичаите и адетите не ги ни теравме, едноставно не сакавме. После јас слушнав коментари од постари луѓе, претежно од страната на мојот сопруг, на кои нешто не им чинеше. Ама искрено... уво не ме заболе.
    Со овој ум сега, сигурно би направила помала свадба. Би го ограничил бројот на гости со тоа што би поканила исклучиво помлади гости, значи наши врсници, кои нема да седат и да оговараат што и како било, туку ќе се забавуваат, а заедно со нив и ние. А после тоа, секако за едно патување ќе излезе нешто. Парите се заработуваат, а свадба се прави еднаш во животот.
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    јас сум за свадба, затоа што тоа е еднаш во животот,а пари секогаш ни требаат, како така ке заработиме, кога тогаш :rofl: . намора да биде голема, јас правев свадба во октомври и имавме околу 150 гости од двете страни, и на поканите си имавме напишано поклон во плик :lol: па сите гости си го испочитуваа тоа ]:)
     
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    :clap: за вас...навистина многу младенци си соберат убави пари,ем ќе се прошетат ем ќе си реновираат нешто.особено денес можеш повеќе да потсобереш ако на поканата нагласиш-поклон во плик :P ..ама ова е веќе друга тема :)