1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба или пари?

Дискусија во 'Свадба' започната од lejdiii, 19 февруари 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Бланка, абе многу е безвезе да пишеш поклон во плик.
    Јас лично никогаш нема да пишам на моја покана, ама секој си знае за себе. Ако толку многу ми требаат пари, нема да правам свадба, ама нема да просам по 1000 денари од гостите. Оние што ти се поблиски гости сигурно ќе те прашаат што сакаш и што ти треба или пак ќе ти стават пари во плик. А другите, па што сакаат тоа нека донесат. Малку глупо е да пишеш поклон во плик, зошто денеска реално секој живее на кредитни картички и можеби поклонот ќе сака да го земе на рати, а ќе нема во кеш да ти даде за во плик. Реално многу ми е глупо кога ќе видам некој повикал 300-400 гости, викнал и кој треба и кој не треба, и напишал поклон во плик! Ало бе, па подобро повикај си 100-150 луѓе, ама како што треба, а не 500 луѓе за фалење, а ваму поклон во плик. Е тоа се вика ем ти се иска ем ти се стиска :D
     
    На macysh и ohoho им се допаѓа ова.
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Апсолутно се согласувам!
    Па ако треба да реновирам после свадбата, или би имала некои други трошоци, пре би направила помала веселба со најблиските, отколку да се циганчам и да пишувам на поканите да ми донесат пари. Сакаш свадба, ама сакаш гостите да ти ја платат. Безвезе...
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    И јас не сум за поклон во плик. Прво, не се сите финансиски во можност, а имаат желба да отидат на свадбата. Моите еднаш поради оваа причина кај многу блиски пријатели не отидоа. Не сакаа да се срамат со ситни пари, а толку сакаа да отидат... Свадбата е за веселба, да се соберат сите, ако веќе решиш да ја правиш. На подарен коњ не му се гледа во забите...
     
  4. pa.ki

    pa.ki Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    И јас не сум за поклон во плик, во оние случаи каде што сум била на свадби, на оние каде во поканата пишувало поклон во плик добиле помалку пари него тие што не пишале поклон во плик,затоа што тоа најчесто ги иритира па и да мислеле гостите пари кога ќе видам во поканата за инает купуваат поклон.Инаку со поклонот во пари е чиста работа, ни да му ја мислиш што ќе купиш,дали си му погодил дали не,дали ќе се повторува поклонот,едноставно рајат.Јас последно каде што одам се носам пари без разлика дали пишува во поканата за плик или не, и се гледам што се вели човек да си ја плати барем порцијата,на 1 свадба бидејќи одевме заедно со другарка купивме кристални работи резбарени и после тоа невестата ни кажа дека и се бендисале и и биле единствени такви.

    И да се изјаснам за темата јас би избрала свадба и тоа се луѓе што ми се драги и со кои нонстоп комуницирам(роднини и пријатели)
     
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Пишав еднаш ке пишам пак, нема зошто да е срамота да пишеш поклон во плик!
    Прва работа, сите знаеме дека на свадба неможеш да отидеш со 200 денари, туку секогаш бараш поклон до максимум да кажеме 1000 денари. Па подобро не 1000 туку 500 денари ке ставам, отколку шолји за кафе да купам и да им однесам.
    Братучетка ми кога правеше свадба, сите сервиси и носеа, собра 5 сервиси од кои 3 беа потполно исти и и стојат уште во подрум, што ке и се. Кога би и дале 1000 ден наместо сервис, до сега 100 пати би ги искористила за нешто што и треба.
    Секој кога оди на свадба, на ваков или таков начин си ја плаќа вечерата, дали со поклон, дали со пари во плик.
    На последната свадба на која бев, кумот у моментот немал пари за поклон да им купи, а сакал нешто убаво да им однесе и им кажал. Им даде 50 евра колку да не е ништо и после месец дена им купи плазма тв. Па не е срамота да кажеш, ни едното- ни другото.
    Ако сите ко што пишале викаат на својата свадба најблиски луѓе, зарем од нив ке се срамите да им кажете?
    Неможе си ги викнал, се потегнале цела фамилија со ламба за во спална никаква, која чини 300 ден, да бидеме реални и тоа не оди.
    Секој треба да е свесен, ако не знае што да купи подобро 500 денари во плик, отколку безврска нешто, колку ете поклон однел. После па ке оди на гости и уште прашува дали го користат, или да го види поклонот што го однел.
    Еден дедо викаше, ако не ме викне комшијата на свадба кај син му пиво ќе го частам :D :D :D
     
    На ciribiribela и blond им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Пред да правите свадба отидете кај некој што правел и заедно отварајте ги поклоните. Да видите дека ќе посакате да напишете за поклон во плик :D
    Два пати бев со сопружниците и ги отваравме поклоните се едно исто, дупли работи и кога ги прашав што ќе им прават ми рекоа дека ќе ги чуваат и даваат по други свадби. Значи имаат поклони за следните 30сетина свадби |(

    Незгодно е да напишеш во плик, не викам ме, ама попрактично е. Али има и тука зафрканции. Често се добива и празен плик. Како не им е срам ни јас не знам, ама ете си ставаат пликче во кутијата и после отвараш АШШШШШ ништо нема.

    А друга работа свадба или пари. Свадба!
    Пари кога тогаш ќе си дојдат и ќе си отидат на ист начин како што и дошле. Друго што родителите ќе се среќни кога ќе ја споделат среќата, реално многу млади несакаат свадба а на крај 99% прават свадба. Не си правете бајрам на паметот дека мама и тато ќе ви дадат 4000 евра да одите на Малдиви. Ако одите на малдиви значи ќе ти дадат пари и за свадба. Ако треба и кредит ќе земат ама свадба се прави.
    Некои викаат мала свадба 100 гости. Па јас имам 15 први братучеди, со стрини, чичковци, тетки, најблиски комшии, другарки и јас само имам 100 гости, а плус има тука и други луѓе да ги речам втор ред кои се доста блиски и на чии свадби сум играла и јас сум сигурна дека ќе имам голема свадба од причина што гоооолема фамилија сме.

    И убаво е кога луѓето се собираат за убави работи. Дај боже да има повеќе веселба. Во последниве години се ги гледам тие луѓе на неубави места, да би сакала сите нив да ги видам среќни и весели на МОЈА свадба :)
     
    На easyyyyy и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  7. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    кога ние стапивме во брак немавме никаква финансиска подршка ниту од неговите ниту од моите родители што се вика останавени на цедило но сепак имав голема желба да бидам невеста и сами врти-сучи направивме свадба.Е сега не беше свадба со 400 луѓе ама имавме околу 150 и тоа строго млади значи само браќа,сестри,братучеди и другари немаше ни трага од постарите :) сепак толку ни беа можностите.Свадбата помина екстра поразлична од она што сме навикнати ја правевме во дискотека со жива свирка и dj и што е најбитно за мене немаше одење по невеста па комшии застанати да фаќаат сеир :D :D :D си се чекавме пред матично.Желбата ми се исполни направивме свадба можеби ни требаше подолг период да се стабилизираме финансиски но и тоа помина сега сме ок но тој ден ќе го паметиме цел живот а и дечињата ги гледаат фотографиите и прашуваат зошто мама имала толку голем стомак :D
     
    На ROSII, easyyyyy и Nine25 им се допаѓа ова.
  8. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Колку го мразам тоа собирање на комшии околу ограда да видат, кој како дошол, што донел, како се облечени, да ја видат невестата... Не!
     
    На ohoho му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Па јас најверојатно би направила мала прослава, и потоа со парите или би отишле на патување, или на поубави работи би ги потрошила парите. Не ја гледам поентата во тоа да си невеста, со 500 гости, и од твоја страна некои прв пат ги гледаш. Бапни на гостите некој сок на маса, вино и ракија, салата, стекот со 3 компирчиња, и кој земи торра арно, кој не живот - шта чеш. И после сите на оро, оргазми, старите на чело, демек како почит. Убаво сето тоа, но јас не би :worried: Сакам многу малку гости, еве сите 50-70 да бидат, да е софистицорано, со одредена тема да биде свадбената забава, да се служат секакви пијалаци и специјалитети, и сите најубаво да си поминат со музика која мене ми се допаѓа, јас размафтана на оро не можам да се замислам. Ни ова не би го направила ако ми текне, и ако партнерот се сложи дека не ни се трошат на тоа пари. И со адетине веќе АМАН. Ајде по невестата, ајде кај зетот, ајде бовчи да се распостелат кој што дал, после да има шо да се зборува, ајде комшии сите уште 3 години ке прашуваат после кој шо поклон донел, па после коментари многу весела свадбата беше, остај веке, една весела млади на оро, чичковци пијани на сите страни - лепота. Не е свадба за покажување, или за добивање поклони, па во плико па со пандела ти да им кажуваш, таа е наш ден, прослава што се прави еднаш во животот каде ние и нашите најблиски треба најубаво да си поминеме.
     
    На sesilija, k.i.m и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    изгледа јас сум една од ретките која е за поклон во плик :lol:незнам како е во вашите градови, но верувајте во бт и ох тоа е веке нормално, и пак ке речам дека не е воопшто глупо, незгодно или тоа е просење :devil: јас правев свадба затоа што сакав, а не за да соберам пари, ама кога веке можев да бирам си одбрав ваква покана, и мислам дека тоа веке кај нас нее чудно,можда беше пред некоја година ама веке не :P
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    100% те подржувам, јас пред месец дена правев свадба, пишав на поканите поклон во плик и воопшто не се каам. Тие што сакаа дојдоа и нема кој не рече дека супер си поминал. Пари си собрав доволно за да си купам се што ми треба во станот и ми останаа.
     
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јас избрав пари, си бев скромна невеста во бело за во матично, и наместо да се срамам и да барам од луѓето пари за поклон се договоривме парите за свадба да си ги уплатиме за станбен кредит. Точно е дека некои луѓе немаат срам да дојдат на свадба со чаши ама аман бе луѓе не доаѓаат луѓе од улица па вие сте си ги поканиле. Плус денес се се купува на кредит и некој може сака да ти купи микробранова ама нема пари да плати одеднаш, па ќе си ја плати на 6 месеци а вака може ќе ти стави 1000 во плико зошто да се разбереме нема фамилијата да гладува зошто некоја нескромна двојка прави свадба за да си реновира. Воопшто не се согласувам со тоа дека свадба се прави за да се соберат пари. После матично ние со најблиските 15 отидовме во ресторан и никој не ми донесе поклон затоа што јас и маж ми така сакавме. Многу им благодарам на луѓето што дојдоа да бидат сведоци кога ние си искажавме вечна љубов и за мене тоа е значењето на гостите а не поклоните.
     
    На WhiteAngel и al-vik им се допаѓа ова.
  13. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    јас во скор време ќе правам свадба ама сакам покана каде јас и мажѕлето ќе сме сликани двајцата не сакам обична покана каде што ќе пишува поклон во плик
     
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.943
    Па искрено не гледам некоја добитка во тоа пари да ми даваат за двадба . Тоа се пари, како што се добиваат така и се трошат. Денешните гости на свадба се повеќе го бираат тој начин на подарок но јас мислам дека на младоженците треба да им се купи нешто за да им остани во сеќавање од нив а не пари за да ги потрошат . Исто сум против тоа ако две работи се исти едниот да го даваш на некој трет а другото да го зачувуваш за тебе . Па кога ќе се расипи едниот миксер на пример тука е другиот , ќе ви притреба кога и да е . Па и да не ви притреба , и расипан да го чувате дома ќе си речите : Ех, на мојата свадба ова го добив од тој и тој за подарок :)
     
  15. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Колку мразам кога некој прави свадба за да собере пари. Или кога кум му станува некој си, само поради тоа што е богат. Ејјј. До каде одиме?!?
    Јас свадби несакав! Посебно не да канам роднини кои ги гледам само по свадби и погреби (според бабите- свадбите се одлично место за запознавање со роднините, бидејќи, јас како женско,би можела да налетам на некој братучед и да се заљубам во него- затоа што не го познавам) :^)
    Туку...да се вратам на темата...си отидовме во матично, па 50-тина луге на вечера-и толку. Без скапи подароци, адети, чеизи и што уште не. Моите и на мажот ми ни помогнаа за домот, си земавме и кредит, прославата сами си ја плативме-така сакавме.
    Секако-секој сам си одлучува. Мене лично ми е непријатно кога ке прочитем`подарок во плик` иако признавам и без тоа двојно полесно ми е да дадам пари отколку да губам време во барање подарок. :emo:
     
  16. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    да подарок ама да вреди а не некој чаши и филџани за кафе од по 150 денари..........да ти донесат поклон сто ке вреди барем до 1000 денари
     
  17. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Тате и мама викаат дека од младоста највеќе ги памтат екскурзијата од средно и свадбата... а пошто сеа си прајме екскурзии скоро секоја година (основно, средно, факултет) а и свадбиве не се нешто посебно - се е тоа изживеано (па чак што више и невестата е испробана) јас искрено би се замислила дали да правам свадба или не... што би рекол стрико ми: еден ден весеље - година дена маки додека да го исплатиш кредитот. |(

    И не сфаќам што е сеа "модава" со поклониве во плико?! Они ионака треба да го вратат кредитот или трошокот што се прави за свадбата а парите што им ги поклонуваат им идат ко кец на десетка, и испаѓа као гостиве си плаќаат за тоа што го јадат. :D
    Ненормална работа!
     
  18. jagod4e

    jagod4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    па наместо да чекаш од нив 1000 денари, слободно не ги кани на свадба и со тие пари што би ги дала за нив за порција купи си што ти треба...така и ти ке бидеш задоволна, и гостите кои ке заштедат некој денар...
    ова со полкон во плик за мене е софистицирано просење :|
     
  19. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69

    :D многу ми се допаѓа нестандардново размислување.морав да потенцирам.

    1.се согласувам комплетно со секој збор...плус би додала "некои роднини или т.н пријатели кои служат само за оговарање наоколу и при тоа се занимаваат само со туѓи животи" и "од секоја добра приказна за тебе по секоја цена сакаат да го извлечат најлошото"...зошто ми се такви? за да видат сите дека сме една голема и "сложна" фамилија.Не фала.

    2.баш така...иако сепак го ценам секој поклон каков и да е,ако е даден од срце,но да се трупам со работи кои не се по мој вкус...тоа не...едноставно многу место зафаќаат...

    3.колку е само ова точно,би додала и во матично некогаш се прават непотребни помпи ама ајде тоа,еден потпис ќе ставиш ако ништо др не мора да е кичерајско...како и се останато :puke: ...

    4.(ова и под број 1 би го ставила зошто против ) :D музика едноставно ужас ...не ми се оди по свадби најмногу заради музиката...очајна е ...плус тоа ако правиш свадба многумина гледаат да одберат музика што на повеќево од гостиве ќе им се допаѓа за тие да се забавуваат...
    односно да речам да ги видиш во стриптиз филм кој до тогаш не си ги видела...посебно ова стариве дедовци попалени...па тресење га*ови,циц*и,дебело сало и што ли уште не...а може и "жаде" танчарка да си одбереш нормално да го надополни и "збогати" претходно наведениов кич.. а и на крај ти мора да се потрудиш во секоја смисла да ја надиграш,и надитриш за на тебе да остане целото внимание...значи да се тресеш и виткаш како змиичка :dance: и при тоа да електризираш се наоколу и едноставно на крај сите мора да се напалени :P на невестава зошто тој ден таа е центар на светот нели...
    не... не... и не...

    5.рационално во секој случај...да не коментирам за вкусови ама кичот царува само тоа ќе кажам надополнето со претходното...

    6.исто да,цело време го глеадаш младоженецов таков "страда" :sweat: кутриот прв или втор пат облекува одело...


    инаку да не ме сватите погрешно не сум тотално против свадби но нема шанса да изберам свадба во погоре наведениов стил...

    свадбава ја замислувам како многу мал собир на луѓе (10-20 максимум) пожелно на некое релаксирано природно убаво местенце на пример планина,река,езеро,шумичка...
    по мој избор тоа би било се разбира тропско место,со прекрасен поглед на водна површина по можност океан или море...и убава вегетација,каде што нема да има потреба од тие украсите вештачки...и ќе биде многу скромно но со стил ;) и се разбира таму би следел медниот месец...:D
    у ствари јас сум повеќе за меден месец од колку свадба :D

    и свадба да нема меден месец мора да има :!:
     
  20. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Така некако и јас си замислувам да биде, бел фустан обавезно но не невестински, црква матично и сите заедно на вечера. Тие сите, се секако моите, неговите, кум, старосват и најблиски секако тетка, чичо вујко, баба, дедо- оние за кои знам дека вистински со кеф ќе дојдат и ќе можат вистински да уживаат и моите а не да трчат цела свадба да угодат на сите и да се под стрес како се ќе помине. Па чекај бе нели свадбата се прави за нас ние убаво да си поминеме. А не кефови да тераш на другите. Воопшто не го сакам тој циркус од свадба што се прави па комшии кои едвај ме познаваат,9бидејќи одамна сум во Скопје) па колеги на мајка ми и на татко ми од работа, па не знам кој ти не таму. А ти толку време, нерви и пари ќе потрошиш за да слушаш коментари, па невестата не беше нешто баш највесела, па малку играше , па ова фалело па она вишка било, па немало добра организација. Ајде таму. Пари како и да е ќе се најдат, дел ќе си вратиш со поклони ама не бе не, тоа малтретирање е излишно според мене. Тоа е само покажување е видете јас колку можам, сум гледала подготвување на свадби, е ќе треба се да е најголемо и најскапо да им покажеме на луѓето. Не сум тип кој сака да се покажува за другите и за тоа веселбата ќе си ја правам за мене и за оние кои ме сакаат.