1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба или пари?

Дискусија во 'Свадба' започната од lejdiii, 19 февруари 2011.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    јас неможам да се одлучам бидејќи сум за тоа и за тоа ама некако не ми штима без веселба...

    прво не ми е јасно како замислувате свадба со 20 луѓе па само двете фамилии мислам брат сестра со маж и деца ќе има повеќе од 20 луѓе.

    јас пред некој ден бев на свадба и си помина супер и знам дека и јас сакам таков ден една голема убава журка не со 500 гости ама најблиските нормално пак ке се соберат околу 200 сигурно. парите ќе дојдат и ќе заминат а чуствата, убавината, гафовите од тој ден никогаш нема да се заборават. немора да се прави ептен традиционална свадба ама мене душата ми затрепери кога слушнав тапани и зурли, епа извинете јас сакам да си ја негувам традицијата.

    немора да се трошат астрономски суми или да се почитуваат глупави адети но сепак мислам дека секој пар го заслужува тој ден без да мисли дали се е погодено нека биде релаксирано и весело ништо друго не е важно...
     
    На barbie24, Lacrimosa, savana и 2 други им се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Колку многу мразев свадби, со присила сум одела секогаш, а бев убедена дека јас свадба нема да правам...барем не како овие нашите традиционалните...Се знае-некое романтично место, одбрани гости-најблиските, музика по наш вкус (мој и на сопругот), храна по наш вкус...Е пари ни требаа за реновирање па затоа решивме да им предложиме на нашите родители, тие пари што ги планираат за свадба да ни ги дадат нас...Одговорот на татко ми и свекорот беше идентичен-Штооо??? :@ :@ :@ Одвај го чекавме овој ден, па на толку свадби сме оделе...накратко-нема шанси. Ако не сакате свадба, тогаш нема ни пари...Диктатура, фашизам :lol: И така си се облеков во бело, си пречекав 400 гости, се влечев на оро едно добри 5-6 саати, цела испотена, изморена, измалтретирана цел ден, се трудев да бидам насмеана оти нели се мажам, а и што ќе помислат луѓето ако ме видат така скисната :^) Алал да му е на тој што вели дека денот на свадбата е еден од најубавите денови...За мене беше нужно зло...
     
    На hunny-bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Сакам свадба ама не со тие глупавите адети што не можам да ги смислам, ај кај невестата робата да и носеме, погачка да месеме, венци да плетеме, ај утре пак кај невестата да ја земеме, кокошки , баници, штикли, букети, БОВЧИ ( за нив сум највеќе против).НЕ НЕ и НЕ. а и сето ова е малтертирање плус и кога ќе дојде редот за во ресторан да се веселеме, невестата скисната па после ке има зборење еј цело време намуртена ова она. Сакам од дома да се спремам и пред матично да се најдеме со момчето, завршуваме таму, па во црква и на крај во ресторант. и во ресторант не сакам многу гости сакам само најбилиските, но што да правам кога најблиските ми се околу 100 души а и дечкоми има и те како голема фамилија. А и уште ова планирам на поканата поклон во плик, кога не им е срам на другите да пишат не ми е и мене, во последните 4-5 год немаме покана во која не пишува поклон во плик, дури познавам и многу богати луѓе кои имаа писано на поканата така
     
  4. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Ние сакавме мала свадба и да е во наш стил. Бидејќи си живеевме заедно, заедно си отидовме во матично, таму не чекаа најблиските. Сепак сон ми беше за венчаница( не Пепелашка фустан, ама венчаница). Јас си сошив многу убава венчаница, мм одело бевме во матично, црква, па во Виториа на журче. Ја правевме помала со 100 луѓе (најблиски роднини и пријатели, немаше ојле дојле), имаше два бенд еден локал гаражен бенд и нормално бенд за народњаке :D Се на се, беше прекрасно. Не беше ништо помпезно, претерано, кичерски. Немаше стандард маси за седење, туку имаше шведска маса, и за тие нормално повозрасните кои неможеа да стојат имаше столчиња. Да нагласам дека сами си ја плативме свадбата со маж ми. Ама нашите ни купија кола и ни уплатија одморче- демек за меден месец
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    И ние разговаравме на темава. Одговорот од нашите беше ист, свадба мора да има. Е добро тогаш, ако има свадба ќе биде јас како што ќе решам. Нема да има земање на невестата од дома, пијанчење кај моите дома и сл. глупи адети. Да седам јас затворена да припаѓам таму, они да пијат додека не решат вратата да ја отворат. Абе ајде. :^) па кокошка, па дарување, дрн, дрн... И така веќе живееме заедно, ова нема ни смисла. Фино лепо, пред матично ќе си се чекаме, најблиските и најнеопходните, а другото се може комотно после да си дојде во ресторан. Па и јас да видам аир од свадбава, а не да пцујам цел ден.
     
    На Annath, rossonerka, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас и мојов вереник имаме разговарано на темата свадба, бидејки се веривме и сега сите очекуваат свадба веднаш :^) , а бидејки ние нигде не брзаме мораш секому поединечно :!: да објаснуваш дека за неколку години ќе правиме свадба, сакаме првин да го завршиме факултетот па понатака полека, полека работа, свадба и тако даље.

    Ние планираме неколку недели пред свадба да се венчаме во матично, сакаме матичар на терен и венчавката да ни биде во Охрид во некој убав ресторан покрај езеро, или на плажа. На оваа венчавка да присуствуваат 30 луѓе само најблиски. После тоа во Скопје да ни биде официјалната свадба, односно журка која ќе биде без обичаи, и повторно сакаме да биде на отворено, на некоја голема полјана или на некој приватен имот со убав и голем двор зошто гледајки според на брат ми свадбата на и нашава би имало окулу 250/300 гости.

    Знам дека е многу, но ние сакаме така, сакаме да го означиме тој ден и да имаме спомени, парите се релативна категорија, денес ги имаш утре не, она што останува се спомените :)
     
  7. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Ги бирам парите па фино лепо еден тооп одмор на Парадис ајланд на Малдиви па таму би се венчале и тоа ќе биде меден месец. Само јас и тој и целата магија и екзотика на местоотo. Зар треба уште некој?
     

    Прикачени фајлови:

  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сите по америчкиве филмови си правиме наши филмови дека сами ние двајца на егзотична плажа во бела облека со некои црнчиња како сведоци правиме свадба. Арно ама јас не познавам никој кој така правел свадба, а познавам што биле на Малдиви на меден месец откако нивните прво им направиле свадба а потоа и им дале пари за меден месец.
    Секој родител сака да му направи свадба на своето дете, а често младиве се противат божем модерни бла бла и на крај резултатот е среќни татковци мајки баби дедовци а невестата се намрштила мислиш на погреб е.
    Многу ми е грдо така. Ко божем инат тера невестата.
    А сум присуствувала на свадби каде невестите со сила се смејат, гледаат на саат на 5 минути.
    Аман бе, не идете никад у кафана или не слушате македонска народна музика? Не сакате да им покажете на луѓето дека се сакате и да им овозможите да уживаат во тој ден сеедно што не е 100% по ваша желба? Никогаш ништо во животот не е совршено. Добро е во животот да се прават компромиси. Со негативна енергија не се прави свадба.
    Море кога ќе правам свадба ветувам дека ќе се смејам цел ден од лева до десна осмица да се гледа. И да не ми е по ќеф се, ќе се смејам за сите тие луѓе убаво да си поминат и да уживаат во тој ден. Не постои совршена свадба. Ако си на пуст остров сами ти он и матичар ќе ти фала твоите. Ако имаш мала свадба одвај ќе направиш список секогаш ќе се каеш што некои не си поканил. Ако имаш голема свадба ќе викаш леле онаа баба која и да е прв пат ја гледам не требало да биде тука. Ако има народна музика постојано ќе си викаш уф ај да заврши ова па да продолжиме во дискотека. Ако имаш само рок бенд ќе си се запрашаш да не требаше барем некоја наша македонска песна да имаше? И се така милион прашања ќе има :)
     
    На Veki4kaa и joelle им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Факт е дека секогаш некоја страна е незадоволна од свадбата. На сите не може да им се угоди, пак ќе најдат нешто да зборат. па кога веќе и така ќе зборат, барем јас може да си бидам задоволна нели? :lol:
    Нашите се согласија со таква свадба, ем они да не се трошат многу по дома. Пак се трошкови така, да дојдат кај мене дома, таму треба јадење, пиење, се да е спремно... Па од кај него кога ќе тргаат и таму исто. Абе триста салтанати, уште од турско време. Ама вака, мене ми е супер. Башка што скоро цела свадба сами ќе ја финансираме. Нашите колку имаат толку. Е затоа и нема да се бунат многу, многу :)
     
    На Andzelika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Не се фолирам како по филмовите како што кажа rossonerka дека сами ние двајца на егзотична плажа во бела облека со некои црнчиња како сведоци правиме свадба. Едноставно тоа е мојата желба и сваќање. Никогаш не сум мечтаела за мојата свадба каква ќе ми била, колку гости, како ќе биде украсено, па каква ќе ми била венчаницата......Не гледам зошто цел ден би глумела лудило како сум на 7 небо од среќа и задоволство само да им го направам ќеифот на другите па и врв на тоа ако има луѓе кои прв пат во живот ги гледам. Тоа е момент кој двајцата треба да го посакуваме и бидеме среќни. Моја пријателка се одлучија на ваков чекор наместо класична свадба ќе си уплатат тура низ Европа, што според мене е многу паметно зошто свадба ко свадба ќе дојде и ќе помине и после тоа секако дежурните оговарачи ќе оговараат на велико вака било, така било дрн дрн дрн...А додека вака ем ќе си прошеташ, ќе си се венчаш со саканиот без никакви стресови и оптоварувања. Битен е моментот јас и тој, нашите погледи :inlove: љубовта, прекрасното место. Зар треба уште некој? И после неколку години кога ќе поминат ако си правел стандардна свадба ќе се сеќаваш и на убави и на не убави работи па ќе си викаш ова требало така да биде она не испаднало ко што треба...., а додека на тоа патување, меден месец како и да е, секогаш ќе се секаваш на убави моменти исполнети со мнооогу љубов.
     
  11. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    А кога всушност детето не сака свадба, кое е задоволството на родителот да прави нешто не пожелно за тој кој најмногу треба да ужива. Па да ви кажам сум видела милион примери кога баш родителите не видат ни с од свадба, за тоа што цело време се растрчани наваму натаму за се да биде под контрола и организирано. Радоста на родителите е што ќе ме видат во црква и пред матичар и после тоа ќе си седнат како луѓе да си се почастиме најблиските. Се друго е излишно, најсиромашна земја сме сите кукаме, а се прават најголеми свадби. Тоа е пусто македонче ќе враќа кредит со години ама да се покаже колку сме јаки. А и плус тоа како може сите па и невестата од срце да се смеат на свадбата кога до тогаш сто кавги се направиле околу тоа. Кој се скарал со сватови кој дома меѓусебно, еден влече наваму друг натаму, еден сака ова друг она, тоа го имам видемо на без ислучок сите свадби и не сакам да поминувам низ истото и на мојата.
     
    На Trendafilka, A-j-a и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.309
    Допаѓања:
    101.453
    Пол:
    Женски
    Јас си сакам свадба. Не дека нема да дојдат добро и парите ама сакам бе да облечам фустан, па да застанам пред матичар и да си го кажам свеченото ДА. Што знам ми има некој драж целиот тој чин, таа возбуда. За гостите не сакам 500 луѓе. До кај 200 доволно е да има. Сакам тие што ќе ми дојдат да знам дека ми се радуваат на свадбата и ми се блиски а не некои тетки кои ги немам видено од кога сум била во пелени па сега МОРАЛО да се поканат. Е нема тоа.
     
  13. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Секако дека би ги зела прарите и би направила мала венчавка со најблиските :*
     
  14. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Свадба.
    За патување можам да причекам и година, две, три, четири...а свадбата неможе во секое време да се направи...мислам може но нема да ми биде по мерак. :)
     
  15. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    Е сега прво вака,најнапред да ве прашам нешто,Дали кога ке слушнете музика дека некој прави свадба барем на секунда и вас не ви затреперува срцето,а замислете како и е на невестата,тоа чувство не може да се замени со ниедни пари на светот,,,ако не направев свадба ,засекогаш ке жалев,кога ке видев невеста,НЕ ГО ПРОПУШТАЈТЕ ТОА ЧУВСТВО,,парите се печалат а радоста што ке ја донесе свадбата,подготовките,и се она сто е пропратно со неа НИКОГАШ,,,,
     
    На barbie24, dimoska, palavoto.devojce и 3 други им се допаѓа ова.
  16. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Значи сосема се согласувам со тебе, јас најпрвин мислев да не правиме свадба но кога маж ми ми го кажа ова се премислив и одма закажавме термин за свадба ЧД ЧД
     
  17. lolooo

    lolooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    11
    Go imam istoto mislene so tebe ednska si nevesta a za pari se pecalat :)
     
  18. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Секако ,свадба !
    Ем со сите ќе се видам ,ем ќе си бидам невеФче во бело (или какво ќе ми падне на памет ) ,ем ќе се изнаиграм ,ем ќе си соберам парички и поклонлиња ,да му се невиди! :rofl: :rofl:
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Читајќи ја темана за тоа колку ве чинела свадбата си велам - сиромаштија во Македонија? Ма како да не! Мисловна именка.
    10 000 евра за свадба? За 200 - 300 души? Абе ајде, ако е ова сиромаштија јас сум мајка Тереза :)

    И сега онака си размислувам што би можела за тие пари да направам. Колку сиромашни да наранам наместо тоа да канам некои ЖЉ луѓе кои еднаш во живот ги виделе моите родители - бидејќи ако тргнам по оној македонски, традиционален терк - свадбата ми се чини дека се повеќе ја прават родителите ради себе а не децата.
    Свадба? Да. Здравје ако дојде тој ден, сакам свадба. За 200 души? Не благодарам. Скромно и оригинално. За мене и кандидатот - ако се најде таков еден ден :lol:
    Има на Зајчев рид да се качам во најубав фустан или во парк да направам журка за најблиските, но да ми простите грев ми е 10 илјади евра да потрошам за што? За 4 часа циркузи, опа цупа, за време на кои нема ни да успеам да се видам со сите гости? Јок. Јас не сум тој тип на човек.
    Може поевтино да се помине и поубаво. Вртење оро и зурли и тапани за комшиите за мене не е претстава на свадба од соништата.
    Јас ја сакам македонската традиција, но некои свадби се навистина конкуренција на Медрано и немаат нитуедна допирна точка со македонската традиција.
    Сакам мојот ден да биде забележан, одбележан, за паметење и долго сеќавање. Сакам да гледам мили и познати фаци, онакви кои ги среќавам веќе цел живот, а не - сум пиела кафе со нив на бензинска у Ниш и ајт на свадба. И за таков јас да плаќам, ма глупости! А не сакам после грло да ме жуља како не можам леб да јадам затоа што огромни пари сум дала за свадба, за еден ден во мојот живот.

    Сва среќа што на мајка ми и се туѓи овие работи, а знам дека и да беше жив татко ми немаше да настојува на свадба со 300 души. Така да уште да си најдам кандидатче кој ќе има разбирање за моите желби и поинакви погледи и таман, се ќе биде супер :D
    Но ако треба да ме кошта волку една свадба, поарно за тие пари одам да правам венчавка на Сејшелите во кругот на најблиските. Јас не морам да сум видена од сите, доволно е да се покрај мене оние кои ги сакам.
     
    На girl.23, Hopeful, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала свадба, што поголема и погламурозна. Сепак тоа е единствениот ден кога само ЈАС ќе бидам во центарот на вниманието, и тоа е МОЈОТ ден кога ќе се чувствувам најубаво, единствениот ден кога над 200 луѓе ќе ме гледаат само мене :D и маж ми секако :D . :)