Свадба или пари?

Дискусија во 'Свадба' започната од lejdiii, 19 февруари 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    во никој случај не би правела свадба!!!!
    толку пари за фрлање, а не можеме да закрпиме крај со крај - НЕ, фала!

    и за што? за јадење за повеќето непознати и ради реда канети роднини, комшии, дојдени за јадење и пиење, јас да земам кредит или да ги задолжувам моите кога во местото каде треба да живееме треба уште 15 000 евра да се вложат.

    и многу ми се без врска тоа земањето на невестата, ценкањето пред врата, черешна се од корен корнеше (аман!!!), бацување со триста тетки и баби, не, не, не......... :!:

    а, за да бидам центар на внимание, кој ме почитува и сака - тоа е секој ден, а не ми е потребен еден ден од животот за да глумам како сум јас главна тука, не ми е потебно внимание од сенекакви комшии и роднини... :x
     
    На crazylady, A-j-a и MrsH им се допаѓа ова.
  2. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    Ова сум го слушнала од жена која нема правено свадбе и сега и се плаче само тапан што ке чукне.Свадбата е еден ден и точно дека домашните се зафатени со тоа дали се е ок со гостите дали е се како треба,зетот и невестата се најуморени ама еден ден се издржува јас на мојата свадба бев бремена и малку ми беше тешко на моменти ама не ме кошташе ништо да се веселам и да бидам насмеана цел ден.Еднаш се прави свадба.Кој како сака нека мисли.Ние сакавме така така и направивме.И тоа не беше мала свадбат имаше околу 400 гости.Додуша тоа беа само најблиските немаше никој канет само затоа што бил роднина а не ме знае како изгледам.Кој ни направил чест и ние му направивме! :D :inlove:
     
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    И јас се согласувам. Можеби ете не е до моментот што ќе бидам центар на внимание, ама драгиот спомен што ќе си го памтам до гроб, па кога ќе им кажувам на децата, внучињата итн. цд-то да го гледаме заедно... тоа чувство е незаменливо, исто и споменот. Не се купуваат со пари, и никогаш никој спомен не би го заменила за пари. :)
    После свадбата ќе имам уште цел живот да печалам, да печалам, дури да ми се здосади што се вика. :D
    Не би чекала на готово, родителите да дадат пари, да направам куќа итн, и да се излежавам дома :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Зависи од монетот и финансиската состојба ама сакам мала свадба со најблиските не сакам некоја голема свадба со по 200 луѓе и некои што првпат ги гледам и ќе ги земам парите :lol:
     
  5. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    120
    Сонот ми беше свадба само со 30-40 души повеќе не! Најблиските,така и бешеее :) :)
     
  6. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Значи колку иде времево се околу пари се врти, сега дури и свадбата се заменува со пари...ако се прашувам јас никогаш не би зела пари во замена за свадба.
    Тоа е нешто кое цел живот се памети, среќа за двете семејства, веселба, чин кој е симбол на спојувањето на младите, секое едно девојче уште од мали нозе сонува за денот кога ќе биде невеста. Ако се нема доволно средства за организирање на свадбена прослава и се што е потребно до некаде разбирам да не се прави свадба, ама да го заменам денот кој треба да биде најсреќен за мене и за моето семејство за пари кои и подоцна можам да ги заработам...не :shake: . Се разбира сакам убава, голема свадба не нешто крајно екстравагантно и необично, но сепак впечатливо, ако дозволуваат можностите боже здравје до тогаш има време...а ако не може да биде и помала церемонија но никогаш не би ја изоставила, а посебно не за пари :!:
     
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    42.832
    Пол:
    Женски
    Хм интересно ...
    Свадбата ке се памти да да долго .. ама колку пари ке се потрошат за таа свадба (ресторан, музика , спремање по дома нели коа доагаат сватови што ти ја знам , бовЧи итн итн,)
    Една моја братуЧетка правеше свадба пред некое време , и знам колку нејзиното семејство се испотроши за да ја исполни желбата на керката и зетот. Свадба во денешно време , на оваа скапотија и невработеност.
    што треба сеа да се лупам од зид зошо моите не ми направија свадба . Треба мајками да ја заглавам да земе кредит и после да исплака којзнае како ... :|
    За тие пари што ке ги дадам за свадбата , би си ги купила најпотребните работи кои ми требаат за бебето . а свадба секако ке правам ама нема да биде со 400 гости него со најблиската фамилија :!:
     
    На crazylady и Miamigirl им се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Свадба еднаш се прави, тој е моментот кога секоја од нас тој ден е принцеза :)
    Сега немора можеби да се прави кој знае колкава свадба но сепак мислам дека тој ден е еден и единствен.
     
    На crazylady, Divinebutterfly и rajna-vojvoda им се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    без да се размислувам ке кажам свадба, нема нешто поубаво од тоа да направиш свадба, тоа се прави само еден пат во животот а парите секојдневно се печалаат....секоја жена сонува за денот кога ке облече бело и ке дојде нејзиниот принц по неа
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    свадба дефинитивно!!! веќе се изјаснив во темата - Не сакам свадба затоа што... па еве и тука ќе се самоцитирам :lol:

     
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    И јас сум за свадба дефинитивно. Колку можат да си дозволат нашите толкава ќе биде и свадбата. Ама моите не верувам дека ќе ме остават така :) колку и да немаат, барем за најмалку 50 гости од моја страна ќе одвојат.
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Дефинитвно свадба !
     
  13. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно свадба! Па без невестински фустан ,матично ,црква и цела ноќ играње не бива. Што ќе ми се парите кога ќе немам по што да ј паметам мојата венчавка
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Би избрала свадба,али не свадба со 300 гости.Од секогаш сум била противник на големи свадби со по 300 гости,од кои пола ги гледаш само на погреби и свадби.Сакам мала свадба во интимна атмосфера,со најблиските кои знам дека од срце ќе се радуваат на денот кога јас и мојот избраник ќе ја славиме и овековечиме нашата љубов :)
     
    На crazylady и bubibubibubi им се допаѓа ова.
  15. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    дефинитивно свадба, ако треба нека е со 50 гости само најблиските. тој ден се памти засекогаш
     
  16. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Нема пари на светов кои вредат повеќе од најубавиот ден во животот. Парите се заработуваат, а свадбата е (hopefully :lol: ) еднаш во животот.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Пари. :)
    Ич не сум по свадбите, та свадба, та циркуз ми изгледа како исто. :$ :tmi:
     
  18. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    јас бев за пари ама дека маж ми е единец и неговите беа на голем мерак да му прават свадба и као да и угодев напраивме свадба ама не угодив,а сум повеке за пари!!!
     
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    HEV не те разбирам, угодив, ама не угодив, дај дообјасни.
    Инаку кај нас е вака на чинот ќе присуствуваат само домашните, тоа се вкупно околу 15-20 луѓе и толку. Кога им најавивме дома си прифатија. Едната страна сами кажаа штом е така еве ви одредена сума пари да ви помогнеме, значи никој не побара, изненадија, а другава не рече ништо и ок, тоа е тоа
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.615
    Допаѓања:
    38.102
    Пол:
    Женски
    Свадба, ама со мал број на гости. Таква правев јас. Имавме 50 гости од двете страни. Ич не ги сакам оние свадби каде што има по 300 и кусур гости и каде што се канат ојлевци-дојлевци.