Колку и како се подготвувате за свадба на некој близок? Барате ли посебно свечена облека, знаете што ќе носите еден месец пред свадбата, каде ќе правите фризура, кој ќе ве шминка и слично? Или одлучувате за тоа брзо и без многу главоболки? Чувствувате ли возбуда пред настанот? Се трудите ли да помогнете со совети, предлози, организација? Јас сега бев на свадба кај другарка, и од возбуда не можев да спијам претходната свадба. Ни на мојата свадба мислам деа не бев толку возбудена, а ни за свадбата на брат ми . Се ставив на диета, барав фустан низ цел град, барав марама во соодветна боја под дрво и под камен, лак што ќе ми одговара... И на крај се изнервирав што толку се напнав, зошто не сум таква вообичаено За мојата свадба бев тотално искулирана, а исто и за на брат ми свадбата - една недела пред свадбата не знаев што ќе носам, па супер излезе се. Сега се напнав, и пак на крај носев стар фустан, кој ми спеше подобро од било кој што го пробав периодов. Џабе толку барав, ич не ми требаше тоа, само време истрошив. Ама научив лекција - не се купува за одредена намена, туку кога нешто ми се допаѓа - треба да го купам, па ќе се најде.
Повеке бев возбудена за свадбата на мој 1 братучед за играњето и сите тие обичаи бидејки многу ги поштувам, одколку за облеката. Фустанчето што го носев веке ми беше облечено за Нова Година лани а тие правеа свадба во март лани. Исто и штиклите ми беа купени за Нова Година и ги носев и на свадбата. Освен на мојата мислам дека нема да се замарам за ниедна друга свадба за тоа како ке сум облечена и како ке помине се.
Како луда сум ако не најдам тоа што ми одговара, туку проблемот е тоа што јас одам на пазар 1-2 ден пред свадбата и на крајот ништо не сум најдела од тоа што сум замислувала. Замислувам како што ќе биде и на крајот свадбата поминала до дека да трепнам. Совети не делам многу за свадби бидејќи и не се разбирам многу во тоа па затоа оставам да направат како што знаат и умеат.
До сега само кај една другарка бев на свадба. И тогаш не бев нешто посебно возбудена околу целокупниот изглед, дали дека помлада бев тогаш и целата еуфорија ни беше насочена кон тоа да и овозможиме на другарката беспрекорно расположение Бев на шминкер и на фризер од причина што немав време јас сама да си направам. Носев стар фустан кој претходно 1-2 пати го имав носено. Е сега, живи здрави за свадба на брат ми, знам дека ќе бидам повозбудена и од сопствената свадба (за мојата се секирав само да не се породам ). Исто здравје кога ќе дојдат на ред внуците од золва ми, знам и тогаш ќе бидам многу возбудена.
јас не се возбудувам нешто посебно за свадбите па дури ни на таа за сестра ми. Најбитно ми е што ќе носам и тоа зависи од тоа каде треба да бидам(пр кај дргарка или кај роднини на вереникот итн) бидејќи немав некои такви свечени работи па морав да купувам. Лани бевме минимум на 10 свадби па си имам 2-3 фустанчиња што си ги менувам. на шминкер не сум била никогаш и тешко де ќе одам некогаш а на фризер исто. сама знам најубаво да се направм бидејќи се ежам од идејата некој да ми ги земе парите и да ме направи како некоја тетка оти обично коа ќе кажеш на свадба сум се нешто светкаво ти ставаат или ти ја виткаат косата како на бугаркине. искрено и за мојата свадба се двоумам дали да одам на шминка сметам дека една другарка може да ме направи точно како што сакам јас а може и проби да си правиме претходно.
Небитно дали се блиски или не,кога ќе дознаам дека ќе сум на свадба,сакам одма да си одлучамм што ќе носам-се и после да не му се замарам. Иако кај блиски луѓе сакам да сум средена,фризура,шминка па и елегантен фустан.Еден фустан можам да носам повеќе пати,пример од страната на мама па од на тато па од кај дечко ми-роднини,па кај моја другарка па кај на дечко ми-пријатели. Не би носела ист во ист круг на луѓе. Е сега па и времето си носи свое,...ако некој фустан што лани 2 пати сум го носела а сега на друга страна сум на свадба,не значи дека него ќе го носам може му е измината модата,може не ми е веќе убав...од многу работи зависи. За кај подалечни,навистина не се замарам тоа што имам носам-нормално сигурно не ќе е некоја елеганција како што кај некој близок што сум носела.Дискретна шминка,средена коса и тоа е тоа. Возбуда за кај блиски чувствувам-поготово музиката кога ќе засвири,кога ја изнесуваат невестат,влезот на младенците.За кај подалечни луѓе и не баш. Ми се има случувано од возбуда да не можам да заспијам. Помагам само на оние што сакаат, и помагам онолку колку што бараат.Неќам на никого да му се мешам и да му наметнувам нешто. Еве пример следниов месец се мажи прва братучетка на тато,девојка 26години. Се што побара и помогнав од правење бонбони,китенки,корпи...се се. Декорацијата дома ден пред тоа ќе ја правиме. Но никогаш за ништо не сум и наметнувала,се што прашала и побарала добила толку колку што побарала,кога ќе ме прашаше за мое мислење и одговарав што ми се допаѓа мене,инаку вака не и се мешав за ништо.
Јас многу бев возбудена, исто ко брат ми да се жени За фустаните знаев шо ќе носам 2 недели пред да биди свадбата, мајка ми ми ги шиеше така да немав проблем со шетање по продавници и одбирање фустани, шетав само за накит и за чевли. Со шминкањето и фризурата поќе време се занимавав, оти не знаев како ќе ми стој, како ќе се бендисам и сл, после свадбата врви дури да трепниш
Досега не сум била многу пати на свадба а ниту сум била нешто многу средена. Но сега за скоро ќе сум на свадба кај прв братучед па уште од сега осетив некоја еуфорија, почнав веќе да размислувам каков фустан да купам, каде да се шминкам, каква фризура, какви штикли...
Јас не се замарам со подготовките. Фризура не правам. Ја пеглам косата. Не ми се даваат пари за нешто што трае една вечер. Фустани ретко купувам. Се случило еден фустан на повеќе свадби да го носам. Исто е и за чевли. Само за последнава свадба си купив фустанче. Не оти немав, ама многу ми се допадна моделот. И решив да го носам. А и за останатите свадби не сум се замарала многу со фустани. Не планирам однапред што ќе носам. Знам и да одлучам во 5 до 12.