1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба на отворено

Дискусија во 'Свадба' започната од Arika, 7 ноември 2011.

  1. Arika

    Arika Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    13
    Колку од вас би правеле свадба на ливада или некоја поалтернативна локација? досаден избор ми е хотел или ресторан некако!? Ве молам за искуства!? Имам слушнато за една девојка што прави концепти за такви свадби...и помогна со некои детали и предлог локации на братучетками која правеше македонско-германска свадба. Јас се мислам дали е тоа ризик!?
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно е ризик, но зошто не се одлучиш за алтернатива од рестораните каде имаат простор за одржување на свадбите надвор:градини,базени (во случај на невреме тие се должни да ја подготват свадбата внатре)
     
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Ouuu yea !!! Јас сонувам за свадба на отворено еден ден, мегутоа небаш на трева, туку покрај базен (пр. ми се допага базенот на хотелот New Star),а еден од најголемите фаворити моментално ми е и Мулино Гарден, баш ми наликува светски со шаторот, подот и самиот амбиент во целост.
    А најиделно е во некоја куќа, со убаво пространо двориште, како во филмовите, па к ојзнае, може додека се мажам ке отворат и некоја таква кука специјално за венчавки или прослави, но да има домашен амбиент, да не е класика ресторан.
    Нема зашто да се мислиш, ако сакаш на отворено прави си ја и крај. Ризик е во зависнот кое годишно време ке ја правиш, иако не мора да значи, мегутоа сепак во април, мај, јуни, јули и август се помали шансите за дожд, отколку сега, кога и ем е студено. Се зависи од желбата каде сакаш да биде, како си ја замислила и кој период од годината, ама јас сигурно сум за отворено, со свеж воздух, поромантична ми е целата амтосфера.
     
  4. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Оп стоп, ова е мојата свадба!
    Јас и тој на плажа во Флорида, на мек, бел песок како шеќер со зајдисонце кое одзема здив и вода облеана како смарагд.

    [​IMG]
    [​IMG]

    После со гостите си славиме во шатор и афтер-парти на јахта. :lol:

    [​IMG]
     
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Другар на сопругот летово правеше свадба на отворено, во ресторан надвор од градот. Се беше прекрасно, една од најубавите свадби на кои сум била.
    Луѓево се финансиски јаки па се беше обмислено, до најситни детали и се беше на нивоу: нивниот изглед, украсените маси и тревници, најквалитетна храна, пијалоци и вина од скапи брендови, познат DJ итн. Мислам дека аслна свадба на отворено чини повеке во однос на класична свадба бидејки во рестораните постои одреден сетинг а тука се треба да донесеш и направиш...
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    па добра е идеата,ама не би сакала да ризикувам и да мислам дали ке врне,дали ке дува,и тн,повеке би правела на затворено :)
     
  7. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Јас од никогаш не сум сакала традиционална македонска свадба.
    Јадење кокошки, вртења ора пред влез, испотени сватови, старото добро просјачко баци-рака...скраја да е :worried:

    Ако сето тоа е организирано на денот на моето судбоносно да, шансите да не се појавам воопшто, се големи, многу големи. :|

    ...Сакам свадба, во еден убав, сончев ден, на голема ливада, двор...со голема шведска маса и многу простор за играње.
    Боже ме прости, не сакам ора и чочеци колку и да ни е тоа во традицијата и колку и да баби, тетки и вујни мрчаторки да не дојдат оти нема да се вие Пајдушко.

    ...да скратам, пред да се расприкажам на долго и широко и тотално да забегам од темата, едно големо, дебело, сочно ДА за убава, весела, опуштена свадбна под отворено :)
     
    На Cinderfakinrella, mssuniquee, Trnche и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Arika

    Arika Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    13
    Летово бев на 9 свадби, месецов на уште две. Неможев да поверувам дека сите мои другарки, од кои секоја си е своја на свој начин, направија свадби кои беа исти, ама буквално ништо не се разликуваше кај ниедна освен невестата. Мислам дека треба да се промени малку тој менталитет во организирање на свадби. Знам во подготовките секоја сонуваше за ова или она и на крај резервираа хотел и толку.Валцерот, ората,бидермаерот и ај чао.

    Еве подолу што направи девојката што го ангажираше братучетками за нејзината свадба во СКопје на отворено. И подготви цел концепт од дизајн до приказна. Поубаво искуство за славење на љубов не сум доживеала.

    (Уште да знаев како да направам attach на сликите) SOS :)
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    и јас сакам свадба на отворено разгледав неколку винарии кои што имаат организирано свадби и искрено преубаво изгледа": зеленило, сонце, воздух, дрва, навистина е прекрасно а доклоку врне внатрешниот дел е исто така спремен... е сега колку чини незнам ќе треба да се распрашам али незнам како ќе им објасниме на старите за нив ресторан е единствена опција
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    За мајки-шајки, тетки, стрини, баби не ми е гајле, мојата свадба има да си ја терам јас како што сакам! Нормално де, ќе ја реазилизраме според желбите на мене и партнерот. Ако тој сака традиционална свадба, најверојатно не е мој тип :D Ама мене ич не ми се по ќеф тие ора и обичаи од можеби турско време. И кога тоа не сум јас, зашто да се согласам на тоа и свадбата да ми биде малтретирање :^) А и пошо не планирам да се женам по десети пат...

    Сакам свадба на отворено! Не мора да биде тоа голем спектакл, океј група на луѓе и фино декорирани маси, столчиња и сл. Не мора да си наоѓам некој кој ќе ми ја организира свадбата, јас тоа со задоволство би го направила, одбирајќи се, дури и до најситен детал.

    Кажав дека не сакам ора, затоа ќе повикам некој бенд што прави океј свирки по кафичите. Ми се допаѓаат овие Валкан Експрес, кул дечки се. Ако е треба дури и ќе му дозволам на пејачот под костумот да си ја носи неговата саут парк блуза, кој ја носи на речиси секоја свирка. :D

    Песна на која сакам да ме најават - http://www.youtube.com/watch?v=U_7DnHbcgn8

    Порано не сакав, ама сега сум решена да носам чисто бел невестински фустан. Фустанот бел, јас бела... можеби ќе се познавам :D

    Свадба на отворено :up: :up: :up:
    И него да го гледам среќен :inlove:
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pink.think

    pink.think Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Еве неколку совети за свадба на отворено
     
  12. Oaza.123

    Oaza.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Здраво девојки!
    Јас сакам мојата свадба да биде на отворено и планирам наредна недела да се впуштам во поход кон совршеното место! :) Е сега, би ценела доколку ми помогнете со списокот на ресторани кај кои постои можност за свадба на отворено. Јас досега ги имам Белви, Ореов Лад, Мулино Гарден и New Star. Некој друг???

    Фала многу.
    Поздрав
     
  13. Melory

    Melory Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    2
    Ова мозеби и сигурно не ти одговара ама јас скоро бев на свадба на отворено во Попова Кула близу Демир Капија и многу убаво беше се беше како на филм а највеќе од се ми се допаднаа онака раштраканите маси насекаде и имаше и посебен дел како бина за играње :call: поз и со среќа нека ти е :) :*
     
    На Oaza.123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Oaza.123 ,...исто така и Имес имаат простор за свадба на отворено.
    Во моментов на друг не ми текнува :|
     
    На Oaza.123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Незнам дали си слушнала за плацот во Нерези за свадби што се издава...еве ти линк да видиш слики, ама бројче немам да ти дадам. Јас гледав таму за свадба, плацот е на газдата на Лапласт па јас отидов до таму и ми го кажаа бројот. Еве линк

    http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 628&type=3

    Можеш да видиш и Пантелемон, ресторан Матка (прекрасно е, ама бара многу топло време), Регент клуб ( http://damcevski.com/regentclub_ARCHIVE ... /index.php , Дуомо (за помалку гости) и евентуално Македонска Куќа во парк и Инвино до МЗТ салата. Сепак мој совет од срце би ти бил да имаш и опција за внатре или да е убаво покриено надвор. Јас правев свадба на отворено и ни заврна..:) Да беше Дуомо на пример незнам каде ќе одеа гостите што ги фаќа дожд :)
     
    На BellaS и Oaza.123 им се допаѓа ова.
  16. Oaza.123

    Oaza.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Ви благодарам девојки за брзите одговори! Ќе разгладам па ќе кажам што-како сум направила.
    Фала уште еднаш,
    Поздрав!
     
  17. Adorablek8

    Adorablek8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Изнајмување на двор за прослава на свадба

    Знам дека можеби звучи чудно но јас радо би одбрала наместо во хотел или ресторан да ја прославам свадбата во некој огромен двор.Но досега немам чуено некој да изнајмува таков или да веќе има некој направено таква свадба.Па доколку имате некакви информации околу ова ќе ве молам да ме известите.
    Фала:)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Изнајмување на двор за прослава на свадба

    Конкретно за двор не знам, ама знам дека во Белви го рентаат дворот за свадба и мислам дека чини 5 еур по човек (ама најубаво прашај си ;) )

    Инаку, по некоја случајност бев до ресторанот Галеб кај ПМФ да се распрашам за кетеринг, и типот ми предлагаше шатори за свадби тие што ги рентаат и некои локации (ама сега не ми текнува кои) затоа, можеш да се обратиш кај нив или таму од кај би ги изнајмувала шаторите (ако планираш да имаш шатори) и тие да ти предложат некои дворови или ливади за такво нешто.

    Знам дека на Водно, околу Св. Пантелејмон има такви ливади. Исто така, еден другар ми збореше за некое преубаво место накај Марков Манастир каде што бил на некој коктел, па он таму свадба би правел.

    Се надевам ти помогнав ;) поздрав!
     
    На Adorablek8 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adorablek8

    Adorablek8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Фала на коментарите девојки..очигледно не сум единствена на која и е здосадено да иде по такви традиционални свадби и би сакала својата свадба да ја направи на отворено:)
     
  20. Bianka

    Bianka Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    18
    Бев на свадба во Ореов Лад надвор на отворено, немаш никакво чувство дека си во ресторан, има огромен двор со кружно место во средината за играње, така што гостите и од двете страни имаат убав видик...посебно ако е на лето, сенките од оревите се вистинско уживање, провери си и таму ако сакаш!