1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба од соништата

Дискусија во 'Свадба' започната од yawn, 13 мај 2011.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Мене ама ич не ми е битен луксузот, нај битна ми е атмосферата, луѓето да бидат весели, среќни, убаво да се чувствуваат, така и јас ќе бидам задоволна. Сакам да се играат македонски ора, да се веселиме во балкански стил, да се изнаиграме, провеселиме, начукаме :$ Дури уште не се знае дали ќе отвориме со валцер, дечко ми е против, некако тоа му е по шаблон, можеби има право, зошто да не отворам свеченост со наше македонско оро, зошто со сила да правам нешто во кичерајски стил. Ќе видиме дали ќе го отстраниме тој кич или ќе наседнеме на "правилото".
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    bi saakala da ja imam naj sirkota vencanica sto postoi mislam so najgolema korpa i sekako bela boja ne sampanj ili nesto slicno... sakam golema svadba so site adeti i obicai
     
  3. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    сакам свадба со не ногу луѓе,и не сакам у хотел туку некаде на отворено како на филмовите со маси и така само покриено одозгора со бело сакам кога ке бидам невеста со лимузина да ме земат ете тоа сакам не барам ногу и ваков невестилник сакам
     

    Прикачени фајлови:

  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јунска свадба во бел шатор со (демек) кристални лустери. Околу 150 гости, максимум, и претежно млади луѓе.
    Не сакам да ги викнам сите тетки и стрини кои нит ги познавам, ниту пак они мене ме познаваат.
    Сакам да носам бисери, затоа што на матура не ми се исполни тој сон, па ете за свадба ги токмам. :lol:
    Веренички прстен сакам од Сваровски. Убаво изгледаат, има еден кој ми е останат во срце + поевтини се од убава бурма, па ми следува уште нешто. :angel:

    Во матично сакам да носам бел костум со шапка или пак некој тесен фустан, од типот на Викторија Бекам.
    Ова би го носела како шминка, но кармин во месо боја варијанта, комбинирано со пунџа и вел.


    Фустан


    Масите под итно вака:
     
  5. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    72
    Широк фустан со многу долг вел , многуууу гости ( роднини-не), видни личности- премиер, министри, хахаха, сите мои пријатели, летна свадба исполнета со убава музика (македонски ора (пембе и егејско за душа-задолжителни), забавна странска ).Преголема торта и многу вино :*
     
    На Anouk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Блиски пријатели и најтесното семејство, 60-тина луѓе би била некоја горна граница. Матичарот не венчава на отворено, во дворот на некоја црква со прекрасен поглед. Многу цветови со валкано бела боја, украсено како во најубавите филмови. Потоа влегуваме внатре, во црквата за религиозниот дел.

    Од тука одиме во некое ресторанче, мало, но убаво, со кристални лустери и светли ѕидови. На видно место се наоѓа тортата, врз која паѓа еден сноп светлина. Прегрнати, пресреќни го играме првиот танц, некоја преубава балада. Натаму не ми е смислено, ама се си мислам дека ќе има и dj :lol:

    A, заборавив да се опишам, јас носам тесен фустан, валкано бела боја, завршува со тул, дискретно, а преку целиот фустан е навезана скапа француска чипка. И :!: задолжително носам дискретна огрлица со само едно камче кое зрачи :lol: Мажот ми може да носи што сака, само ако се согласи на мојов план :)
     
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Венчаница
    [​IMG]
    Бидермаер
    [​IMG]
    Место
    [​IMG]
    Торта
    [​IMG]
    Штикли
    [​IMG]
     
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Класична свадба не сакам, сакам забава за младите на отворено . Каде што претежно ќе има само млади, без тетки, стрини од петто поколение, со малку ора, колку за адет, а повеќе забава .

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Уште од сега ја замислувам каква би ми била свадбата, и уште од сега кажувам дека тоа НЕМА
    да биде класична традиционална македонска свадба.
    Како прво.. знам дека повеќе ќе речат не ги почитуваш твоите корени и обичаите и слично... ама јас мислам дека е ВРЕМЕ да се искоренат тие некои стари адети од пред 100 години и ние младите да воведиме нешто ново, свежо.. сепак, сега се помодерни времиња.. тоа што било поминало, треба да се оди напред.. да се смисли нешто ново и убаво.. Така да.. ем помал трошок, ем да се задоволи вкусот на сите.
    Значи.. можеби еве би биле против моите или родителите од страната на младоженецот за таква модерна свадба, ама затоа тука јас ќе им речам.. или ќе биде модерна свадба или нема ич свадба, само одење во матично и во црква и толку.. така да, ќе мора да се согласат :D И за ништо живо јас не отстапувам од мојата замисла за мојата совршена свадба :!: Па еднаш се мажам и има да биде како што јас сакам.
    Прво.. од обичаите единствено би го запазила кога младоженецот оди да ја зема невестата од дома, мислам дека тоа е убав обичај од старите.. и после тоа нормално во црква и во матично.
    И веселбата не сакам да биде стандард во некоја кафана каде што ќе се вртат ора и ќе се пие до даске.
    Сакам само млади гости, не сакам стари кои ќе ми дремат и ќе ждерат цела вечер..
    Инаку веселбата би сакала да се одвива на некое отворено место.. пример некој клуб/ресторан каде има базен.. и одоколу да се наредат маси.. и да има забавна музика.. онака опуштено.
    Венчаницата во никој случај не сакам да биде огромна и со некои џиџиња и глупости.. за во црква секако сакам долга.. елегантна и прееемногу едноставна, нешто вака
    [​IMG]
    А за во кафана некоја полелеава да можам да играм и да се движам :)
    И младоженецот исто сакам опуштен многу.. може да си дојде по патики уште поубаво. :D

    Јас си испланирав све, уште да го најдам младоженецот и да наполнам години да се мажам :D :P :tmi:
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Како сакате да изгледа вашата свадба?

    Да Ви кажам право, јас не сонувам. Ама најозбилно, никогаш не сум помислила на мојата свадба. Па и мала сум. :rofl: Имам една другарка, што е удав, на пример. Цело време само за нејзината свадба ми прави муабет, а колку мене е. :wasntme:

    Ама еве сега кога ќе размислам, нејќум нешто големи церемонии. Што поедноставно, онака стокмено, толку поубаво. :rofl: Нејќум многу гости, што има јас да викам некои на комшиката брат, па нејзината сестра, што е доктор, има многу добар пријател, ама на тој пријателот комшијата, па сестрата. :D Ако сакаат, слободно може поклон у плико и чао, здраво, пријатно. :rofl:
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Како сакате да изгледа вашата свадба?

    Иако сум прилично возрасна никогаш не сум размислувала за свадбената церемонија.
    За мене тој момент и не е некој спектакл да направам забава со 500 луѓе и илјадници пози и фотографии,па на тој начин да ја споделам среќата.Јас сум скромна и ме прават доволно ми значат моментите кои секогаш ќе останат во сеќавање со партнерот.
     
  12. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Правев свадба,но не по моја замисла,мојата еве ја:
    Свадба со најблики 100 луѓе(од двете страни заедно)
    1.Венчаница...
    [​IMG]
    2.Шминка...
    [​IMG]
    3.Фризура...
    [​IMG]
    4.Нокти...
    [​IMG]
    5,Маж ми,со вакво одело
    [​IMG]
    6.Место...
    [​IMG]
    7.Вечерта...
    [​IMG]
    8.И потоа со мм да уживаме...
    [​IMG]
     
    На kuc и Saricko им се допаѓа ова.
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Кратко видео, ама фантастично. Мислам дека нема нешто подобро од свадба на плажа. Особено кога плажата е совршена и песочна http://bit.ly/1ljHah1
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Само јас ли не сакам свадба (веселба) да правам? :?:
    Пре би да биде како коктел-забава да се обележи моментот со најблиските (ама навистина најблиските 20тина луѓе) и ај пријатно.
     
    На Dust и Victorian им се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ја би ваква. :o :inlove: :inlove: Само уште невеста што слуша транс да се најде и ве канам сите. :rofl:
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.