Свадба со детето присутно на венчавањето

Дискусија во 'Свадба' започната од pamelche, 15 октомври 2011.

  1. pamelche

    pamelche Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    9.342
    Што мислите за свадбите со деца? Дали мислите дека е ок, или спротивно? Не видов ваква тема, доколскуима канта :)
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Свадба со дете.

    Зашто не би било ок?! :^)
    Кога би останала трудна, а се уште немажена, би избрала свадбата да биде подоцна.Поубаво така отколку додека сум трудна да се занимавам со список на гости, покани, а стомакот до заби.Нема да ми избега мажот подоцна нели :D
    Но, за жал кај нас ретко кој прави свадба со дете, зашто ако родиш, а си немажена одма ќе извадат луѓето муабети од кои коса ми се крева, па не би пишувала.

    Бидејќи ја немаш убаво објаснето темата, не разбрав дали мислиш на ова што го пишував или да одиш на туѓа свадба со мало дете.
    За второво, сум малку против.Деца како деца, некому може да му сметаат вечерта, плус родителите не можат да се опуштат.Но, ако немаш на кого да ги оставиш, ќе отидеш така.Иако мислам дека најчесто не се поканети децата :D
     
    На anjathesaint, Alanna, Ekstaza и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    9.342
    Свадба со дете

    Мислев како што објасни, невестата и младоженецот да имат свадба со мало дете :)
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    Свадба со дете

    Малку нејасно објаснуваш, вака како што кажа знаеш што значи? :?: Инаку, веројатно мислиш младоженците веќе да имаат СВОЕ дете, па дури потоа да прават свадба? Или некој од нив да има веќе дете со друг, па дали демек да прави свадба?
    Во секој случај секој треба да си направи како што мисли дека треба. Знам дека во МК има места каде што прво си се регистрираат во матично, а свадба прават подоцна на кршетвката на детето. И тоа му е некако како обичај таму. Свадбените правила се одамна мутирани, па според мене, секој може да си креира свадба кога и како што сака.
     
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.191
    Пол:
    Женски
    Свадба со дете

    Кога го прочитав насловот на темата, прво што помислив е дали да се мажиш за младоженец- дете, нешто во стилот „Малечката невеста“ или ватевр.
    Ама колку успеав да разберам, сакаш да прашаш, дали е во ред првин да се има дете, а потоа да се изврши свечениот чин на склопување брак?
    Според мене нема значење, релативен избор на младоженците.Секој прави онака ккао што смета дека најдобро му чини. Мене ништо не ми менува.
    Барем детето кога ќе го гледа ЦД-то од свадбата ќе биде пресреќно што и него го има, а не како мојата ќерка, секогаш кога ќе го гледа ЦД-то прашува : А каде сум јас? Мамо зашто мене ме нема? :lol:

    Само ретко кој прави свадба со се сите керефеци откако ќе имаат дете. Најчесто се собира потесното семејство на семеен ручек и се оди во матично на регистрација, без венчаници и некои помпезни ствари.
     
  6. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    221
    Свадба со дете

    Пред некое време бев на свадба каде младенците имаат веќе дете. Девојката останала бремена,а живееја заедно во Австрија,не можеа да направат венчавка,само се потпишаа.А кога дојдоа во Македонија направија свадба. прославата беше одлична.Да бидам искрена воопшто не се примети дека имаат детенце веќе.Тоа поигра малку и после како и секое мало дете си заспа. Беше одлично. Не гледам причина зошто да не се прави свадба,а веќе се има дете. Секој има право да се радува и да слави.
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.679
    Допаѓања:
    32.718
    Пол:
    Женски
    Свадба со дете

    А зашто не би било во ред?? Ако јас останам бремена пред да се мажам, не ми паѓа на памет да правам веселба со стомак до заби. Ќе си се регистрирам во матично, за еве детето да не е родено вон брак, но црковната церемонија и самата веселба би ја оставила покасно. Па нема да биде лошо и да се спои со крштевка на малото.

    Ако јас се прашувам, поневкусно ми е бремени со стомак до заби да се венчаваат во црква и да облекувата бело. ( Знаеме што значи белиот фустан ама ајде тоа е друга тема). Така да за мене и бремените невести прават свадба со дете, само што тоа дете е во мешето на мама а не го гледаме пред нас.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.542
    Свадба со дете

    Во ред ми е! А во последно време гледам дека многу парови се решаваат на таков чекор.

    Па и подобро доколку девојката остане бремена наместо да се замара со сите свадбени подготовки, а и самата свадба представува терет, подобро тогаш само да се регистрираат, а одкако ќе се роди детето да прават свадба.
     
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.656
    Пол:
    Женски
    Свадба со дете

    Искрено јас сега во мојата сосотојба , бремена а далеку од дома ;) ;) ... планирам свадбата да ја правиме кога ке се роди бебето . Прво затоашто не ми е многу битно сега за сега некоја голема свадба . Планираме да се регистрираме и со неколку пријатели да идеме на веЧера .колку да се одбележи . Прво моите неможат да дојдат , а би сакала да ми дојдат и другарките итн, така да се решивме прво регистрација со веЧера , а подоцна во МК и свадба :D
     
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    546
    Свадба со дете

    и мојата сестра здравје на пролет да планираат така да прават, свадба и плус крстевка на внуками, која веке е родена :) ама кај нив имаа сериозен проблем, одма од кога се верија, мн е разболе свекорот и постојано одложуваа, така да ете сега на пролет дупла веселба :D
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Свадба со дете

    Свадбата ја гледам како некоја веселба на која треба да ги почестиш роднините и пријателите. А ја прави кој како сака, кога може и како му одговара.
    Баш сега сум на свадба каде што детето е второ одд. Снашката е вдовица, мажот и загинал кога малата сеуште била бебе. Еве сега е со мој другар кој ја прифати неа и детето и се е ок. И покрај се, пак се решија да прават свадба. Нема да е нешто со 300-400 гости ама ете околу 180 гости ќе поканат и ќе го одбележат нивниот чин.
    Еве јас на пр. се венчав претходно и истиот ден правев и веридба а после 4 месеци црква и кафеана. Бев во такви околности, надвор од државата и одморот така ми налагаше (додуша и малку трудна бев :D ).
     
  12. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    53
    Свадба со дете

    Ne гледам зошто не би било во ред??? Нормално поради менталитетот и ниското ниво култура кое го имаме несомнено е дека баби и тетки ќе бидат строго против ова.Демек неее како па ти не е убаво.луѓето шо ќе речат ...оваа трудна а не се зимаат срамота.Ама јас не гледам ништо лошо во тоа...
     
  13. dragana21

    dragana21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    Свадба со дете

    hehehehe temava me nasmea malku...gledam deka nikoj ne pisal so vakvo iskustvo pa aj jas kako poiskusna t.s. majka koja pravese svadba so detence da vi pisam nesto vo vrska so ova :lol:

    vaka sega nie bidejki ne ziveeme vo mk,jas dodeka bev vo stranstvo so mm si ostanav trudna i sekako ne planirav da se vratam tuka i da gi pravam ovie ceremonii,pa taka resiv tamu da si se porodam i posle tri meseci od poragajot dojdovme vo mk na odmor kade sto i si napravivme krstenka na detenceto a voedno i se registriravme,pa posle toa slednata godina koga povtorno dojdovme na odmor vo mk(jas i kerkami bidejki mm ne mozese da dojde tolku rano poradi rabotata tamu),a koga mojata kerkicka imase 18 meseci i mozev da ja ostavam na koj sakam da ja cuva a jas relaksirano da si ja podgotvam vencavkata od moite sonista ama bas od moite sonista bidejki ne da se falam ama bese izvonredna od koja do den denes jas dobivam neverojatni komentari i od tie so bile i so ne bile na svadbata :rofl: ...pa odkoga podgotovkite bea zavrseni mm dojde nekolku dena pred svadbata za sekako da go pripremam za slucuvanjeta sto sledat i koga dojde toj prekrasen nezaboraven den koj nikogas nema da go zaboravam mozam samo da kazam deka si pominavme najnajnajprekrasno bidejki mojata malecka voopsto ne mi smetase tuku me pravese gorda ubava i zgodna mama koja i posle poragajot bese preubava nevesta,i sekako ne bev sama tuku si imav uste edna pomalecka princeza koja kako sto ja vikaa maleckata nevesticka so pampersi :inlove: ....zlatce malecko bese presrekno na toj den si se iznaigra so decinjata, a sekako jas gledajki go toa celo vreme od nekoj si agol bev uste pogorda i uste posrekna bidejki znaev zosto go pravam ova deka vredi i ke mi ostane vo pamtenje cel moj zivot ...


    i da ne dolzam mnogu samo da vi naglasam da ne se zamarate so toa dali ke imate detence pred svadbata ili ne so togasniot decko i iden soprug bidejki veruvajte nema nesto poubavo od toa da ja gledate plodta na vasata ljubov da seta pokraj vas na toj volseben den za vas :inlove:

    pozdrav i se najubavo na idite nevesticki :*

    [mod-kirilica:35ikxygw][/mod-kirilica:35ikxygw]
     
    На Alanna и delvi им се допаѓа ова.
  14. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    193
    Свадба со дете

    Две години сум во брак и имам детенце 1,5 год. не напрвивме свадба од причина што останав бремена па не сакав да правам свадба а да бидам бремена невеста. Не сме венчани в црква а и детето не ни е крстено , е сега ми се јави желба да си направиме свадба заедно со крштевка. Мене ми се јави желба да облечам бел фустан , прв танц, сечење на торта , фотосесија , 150 гости , покани и сите моменти што ги носи една свадба. Е сега се мислам да не претерувам малку , мојот син ќе наполни 2 години додека организирам свадба. Да не закаснив малку????? Дали ќе изгледа вкусно ??? Што мислите ми значи мислењето.
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.349
    Свадба со дете

    мене ако ме прашаш мислам дека е во ред, гостите се ок (мислам на бројката) така да може да си направите и свадба и крштевка. ако имате мерак зошто да не. е сега ако го прашаш мојот вереник ќе ти каже дека се си има свое време и ако одредени работи не се направат во одредено време после се губи секакво значење и убавина на тоа. затоа крај на крај немојте да мислите што прават и што мислат другите туку како вие со сопругот се чуствувате.
     
    На SuNsHiNe989 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    2.422
    Свадба со дете

    Зошто да не, ако го сакате и ти и твојот сопруг тоа, тогаш ок. Мислам дека баш ќе биде убаво, баш ќе биде слатко. Сон на секој девојка е да биде невеста, па зошто да не си го исполниш сонот ако имаш услови.
     
    На SuNsHiNe989 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.975
    Свадба со дете

    Јас мислам дека тоа е сосема во ред и нема ништо страмно или незгодно околу тоа. Никогаш не е доцна за тој прекрасен ден,а и малото кога ќе потпорасни ќе вели дека беше на свадбата на мама и тато и за него тоа ќе биди прекрасно.Прекрасна идеа е таа што ти се јавила и нема причина да не ја реализираш.Среќно ;)
     
    На SuNsHiNe989 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    Гледам одамна никој не коментирал на темава, јас случајно налетав на неа па да си го кажам моето мислење.
    Сметам дека подобар избор е свадба без дете, јас никогаш не би правела свадба на која би присуствувало сопственото дете. За секој си има посебен ден, и за свадба и за крштевка и за роденден...
    Меѓутоа нели секогаш има исклучоци, одредени ситуации кои поради оваа или онаа причина тоа го прават во присуство на децата, а и сега у последно време некако тренд стана во исто време да се прават и венчавки/свадби, крштевки и детски роендени во ист ден.
    Сепак кој како ќе си одлучи.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.903
    Допаѓања:
    106.366
    Пол:
    Женски
    Јас не би имала ништо против. Сепак тоа дете е плод на нашата љубов, незнам зошто би го исклучила од таа можност. Дали како бебе или расте во мене исто ти се фаќа. Свадба си е свадба. Не би било лошо, а би било интересно. Инаку во денешно време се повеќето невести остануваат бремени пред свадбата, па така да не би требало детето да се исклучува од таа прилика. Напротив тоа треба да е благослов и среќа. Тоа е вашата љубов, вашето второ јас и вашето дете. За свадба никогаш не е доцна.
     
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    30.151
    Пол:
    Женски
    Животот е составен од различни моменти.Секој го доживуваме на свој на начин.Но, најубавите сакаме да ги споделиме со најблиските.Дипломирање, свадба, венчавка и крштевка се моментите кои го одбележуваат нашиот живот и за секој од нив треба да одвоиме посебен ден.
    Свадбената церемонија е чин на кој двајцата партнери го прославуваат почетокот на заедничкиот живот.И треба да остане како таков без присуство на деца.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.