Ние мислевме да чекаме да се роди, па кога ке има 6,7 месеци да правиме свадба. Но потоа ми текна дека трауми ке бидат за бебчето тоа... затоа што ке имаме многу гости, а секој ке сака да го види, да го земе. Па ке му се спие, па ке мора некој да оди дома да го однесе итн. Затоа за некој месец ке правиме свадба A башка јас би сакала посебно крштевка
ние правевме свадба со дете, од причина што јас не сакав да бидам трудна невеста, и ми беше многу помило што сопственото дете е на нашата свадба, син ми имаше тогаш 3 ипол месеци и поглемиот дел го приспа, до нашата маса си спиеше во количката и воопшто не му пречеше музиката, имаше кој да го гледа а јас и маж ми лумпувавме крштевката не ја правевме заедно со свадбата, неа си ја направивме кога на 40 дена, не сакавме заедно... јас сум за свадбите со дете, но сепак секој си одлучува што и како сака...
не планирам да правам “македонска“ свадба воопштo ама у некоја хипотетичка ситуација што би било кога би било би преферирала детето да ми игра на свадба , извинете невести во 9ти месец ама мн неубо ми изглда ко ќе видам трудна па и зела некоја венчаница со корсет , додека не се познава ок ама после НЕ
Јас најискрено не сакав свадба со детенце,поради обврските спрема него.Треба да ангажирам некој постојано да се грижи за него.Но поради непријатни случки свадбата три години на два пати ја одложувавме.И еве сега во август ке правам свадба со 8 месечно бебе.☺☺☺
Искрено пре би со дете, него трудна. Кога ќе видам ептен раскокана до заби трудна невеста, искрено, со грч сум цело време. Можеби грешам и нема опасност, ама ете, јас така ги доживувам. Можеби се ми е потсвесно зошто имав таква “ситуација“ во фамилија, па беше и налет свадба и налет се, кога невестава од трудна до заби, заврши на ГАК во 5ти месец. Може не е никако поврзано, ама ете, ми останало во глава дека трудна не се скока на ора. Бев на една свадба летово, младите имаат ќеркичка од година ипол и им беше деверуша Ептен беа интересни. И сум била на уште една таква ама одамна, ама младите имаа детенце од 3-4 години, башка невестата до заби трудна со второ Секој си знае што му е најубаво, лично не ни сакам свадба, ама ако ете - што би било кад би било - не би со стомак да ја правам.
Не им придавам многу важност на свадбите, ама кога ќе погледнам невеста во фустан и партнерот до неа ме асоцира на невиност, на почеток нов, свеж, возбуда од заедничко живеење од денес па натаму и слично. Што не значи дека е така нели, никоја невина не е а и многу живеат заедно пред брак, ама така делува. Скоро гледав слики од пар кои се во брак веќе неколку години, имаат две мали деца, па оти пропуштиле свадба од не знам кои причини, ајде сега свадба и тоа типична со сите салтанати. Не ми изгледа убаво не знам зошто. Зошто мора свадба, зошто да не се одбележи поскромно, поинтимно, вака не ми личи едноставно.