На сите свадби што сум била досега, ниедна торта не ми оставила посебен впечаток. Сите биле или премногу едноставни или премногу накитени и кичести, во секоја смисла. Највеќе ми се допаѓаат оние едноставните а убави што се. Да нема премногу цвеќиња и светки . Мислам, да има тек-таму, ама не целата да биде испокитена во сите можни бои. На свадбата на моите, имале торта на три ката, филувана со бел шлаг и одоколу некои цветичи. Од страната пишувало: ,,Од кумовите'' со НАААА толкави букви . Баш сега гледав слики, се изнасмеав. Еве мене што ми се допаѓа:
леле тортава !!!!!!! огромна , инаку оцекував нешто по спектакуларно , не само за тортата туку за се во врска со свадбата на елена ! некако ...не ми остави впечаток ништо посебно па не и тортата освен шѕо е голема
http://ilike.mk/art/dizajn/subcategory/vencavka-od-sonistata/ http://www.time.mk/read/NONE/c0ee88c572/index.html
Јас за мојата свадба имав наместо торта чоколадна фонтана. Не сакав да се мачкам со торти и колачи, а фонтаната беше топ атракција (сите за збореа после свадбата). Башка гостите си добиваат една торта од ресторанот, зошто да се дуплираме? Ретко кој ќе изеде 2 парчиња торта, а ова со фонтаната беше дури и ред за репете
Со оглед на тоа колку луѓе ќе има на свадбата најмногу нас ни одговара оваа за да има за сите од невестинската торта нели