За тие што правеле во New Star, дали се сеќавата колкава беше сумата(цената до која) за избор на торта од Кувертира?
Јас колку што се сеќавам гратис беше тортата ,од Кувертира беше за нашата свадба,на три спрата. Ама да те посоветувам за Кувертира тортите на вкус им се топ ама декорација нула,јас пред две години за свадбата барав со фондан да ми направат,и се истуфкаа како неможеле бла,бла,бидејќи несакав со светки и тракатанци,сакав да биде коцка и тоа неможеше и се изнервирав и им реков бела да биде само со машна и среќа што за тоа се нафатија. А да и кумот или кој и да е друг недозволуваат од друго место да донесат торта нити да сечат ,мислам може да ја донесат но нема да се сече. Така да јас ги поштедив кумовите од купување на торта,што ке ми е само трошоци за во фрижидер да ми стои замрзната.
Леонтина, на работа сега купуваат од Кувертира торти, не е дека се лоши ама преблаги се, а за декорација, да не зборам, секоја втора е иста. Иначе од 5 родендени на 3 ги имаат згрешено тортите, таман ќе ја пресечеме ете го трча дечкото со нова торта, таа била за на друго место Јас сакав од кај нив, последно јадевме една прекрасна со јагоди, многу беше вкусна, ама ме плаши ова со грешењево. Сакав да прашам, имала некоја торта со капкејкс? Како иде? Баш е типичен капкејк, не е филуван? само украсен? Јас сакам една голема торта горе, нели за оваа главнава маса и блиските а за останатите да има мали тортички да речам, ко капкејкс ама да бидат филувани. Ако имала некоја како идат цените? Се мислам искрено да ја правиме дома Или бар да пробаме