Мислам дека Кувертира се најефтини ако има поевтини некој нека каже ,ама оди на фб Станислава Трифуновска и Аромати Чоколатерија и нема што нема е сега за цена што и како сакаш ќе си прашаш. А за тоа да правиш дома не ти треба тоа,па дали се погодиле па ако не се погодат нервози,батали тоа не ти треба(додуша ако имаш некој близок што имаш доверба дека ке ги направи како што треба можеш инаку подобро да си купиш).
Ваква ќе биде нашата торта Преубава е...најпрво мислев да има некоја друга боја плус, меѓутоа сфатив дека токму тоа што е целата бела ја прави поелегантна и понежна...едвај чекам да ја видам направена
Запнале моиве да најдеме слаткара во Тетово, демек од таму да нарачаме, да не се бавтаме со тортата дополнително, да ја возиме развозуваме. Ајде ако има некоја од Тетово да ме просветли со некоја слаткара што ќе ми заврши работа, ама добра да биде, или некоја жена дома што прави. Инаку свадбата е во Лешок па затоа ми одговара Тетово повеќе. Чекам некоја Тетовка да ме просветли