како што имам заприметено во последно кај нас се во тренд овие торти не се нешто посебни ама интересни се...се чудам како ќе одберам торта за свадбата што вкус ќе беше овај мојов ништо не ми се бендисува...
Женски итно е потребен ваш совет. Торта ќе имаме на еден спрат, правоаголна, зошто не ни треба поголема, од страна ќе биде ваква значи со ситни бисерчиња ќе биде направена форма на баклава, а покрупни бордо ќе ги разделуваат. Е сега проблемот ни е што да има одозгора, а да не се класичните ружи и цветови??? ДАвајте идеи зошто мене ми се потрошија. Инаку се ни е во бордо -бела боја, и со бисери(зборам за покани, бомбончиња и така ситни украси.
Не сакам такво нешто, не ми е убаво, никогаш не ми ни било :/ Прво сакав буквите наши сребрени да се, ама тоа биле пластични и ваму никаде ги нема(јас мислев се прават од нешто). МАшна голема како што ги прават не ми одговара на сето ова, па затоа немам идеа што да ставиме .
Еве ја нашата торта. Многу сум незадоволна како излезе, зошто објаснив нешто сосема друго дека сакам, и слики праќав, ама очигледно џабе..... Среќа на вкус беше одлична па тоа ме смири. Извадивме повеќе од 50парчиња, а кога порачував ми кажаа дека е за 35. Нормално во тоа брзање при сечењето не штедевме ни најмалку, затоа и сум зачудена како излегоа толку многу.
Wedding cake trends: How to make yours big hit "We're definitely seeing a growing trend this year for wedding dessert buffets featuring a collection of different cakes," says Anne Heap, owner of Pink Cake Box.
Јас мојата ја нарачав од Перфето и морам да кажам, секоја чест за секој денар кој го платив за тортата, да тргнеме од изгледот, и повеќе од очекуваното, да бидеме искрени тортите на Пинтерест не е баш лесно да се направат и овде со нашите буџети, ако сакаш таква торта треба да си платиш дебело, поготово ако сакаш и цела да ти стигне до Лешок Вкусот? Не треба да коментирам, прекрасен вкус кој успеав да го запамтам и покрај тоа што бев во преголема збунка и каснав само еден единствен залак Имав уште три други торти од кои едната домашна ама оваа беше прва лига нема што, кој се предомислува слободно да си се одлучи за нив, плус тоа што сигурна сум дека да сечев асални парчиња ќе исечев многу повеќе од 150 како што беше првично предвидено, но сечевме поголемки парчиња да има за да каснат повеќе луѓе од еден тањир и секој кој ја проба ми потврди дека сум го направила правилниот избор Перфето една голема 5
Нашата торта беше правоаголна. Одозгора имаше шлаг и златни светки. Внатре имаше чоколаден фил, бел фил и џем од вишни. Малку имаше пандишпан - 2 тенки ленти. Вкусна беше тортата. Не ми се допадна тоа што кога ни ја донесоа да ја сечеме, беше полу-замрзната.