Девојки има ли тука некоја што знае и може да ми прате линк од некоја работилница з торти во Крушево.
Може ли некој да ми предложи добра слаткара?Ми треба торта за мојата свадба на два или три спрата,и дали знаете цена одприлика.Исто ме интересира одприлика цена за еден спрат и капкејкс надоле
Девојки ај мислење за Шарлота од Скопје? Повеќе ме интересира дали се добри во декорирање отколку за вкус. Тортата ми е гратис од ресторанот, и треба да ја нарачам од Шарлота. Ако има незадоволни да ми кажете па имам опција да си нарачам сама од друго место.
Тортите на Шарлота се убави на изглед. Имам гледано невестински торти и ми се допаѓаат. Ама тоа е мој вкус. Прашај и други, па размисли. Еве ти линк за невестински торти од Шарлота http://sharlota.mk/Nevestinski_torti_mk.html
Не ми се допаѓаат Шарлота за декорирање, на вкус се одлични. Јас би препорачала Кејк бутик, освен стандардните фондан фигури имаат и техика за цртање на него. https://www.facebook.com/CakeBoutiqueSkopje Цените зависат од бројот на парчињата, а колку спрата ќе биде тоа вие одлучувате. Груба рачуница, околу 3000-4000ден за 100 парчиња торта.
Ти благодарам kitten, леле најмногу се нервирам за тортата зошто од Везилка ме ограничија на Шарлота, и сега не ми се даваат дополнителни парти ако веќе ми спаѓа во цената. Ама ако ептен не ги бива ќе морам
Повеќето ресторани нудат гратис торта но не мора да прифатиш. Нормално дека си имаат соработка само со една слаткарница. Јас си нарачав друга, по мој мерак, а таа што ја даваат гратис ми ја дадоа за дома Еден спрат за моите, еден за старосватицата, и последниот за нас
Шарлота ми е во комшии, порано правеа убави торти и чоколадни и особено домашната им беше фантазија. Сега се заникаде, повеќе ми имаат вкус на маргарин него на било што. Барем таква беше последен пат кога порачав и од тој ден ја отпишав иако ми е на 100 метри. Последен пат од ВеМикс порачав, пред тоа од слаткарницата на ресторанот Ханибал (имаат посебно). И двете беа сосема солидни, иако повеќе од Вемикс ми се допадна, Е сега... Летото и есента бев на две свадби во Каскада и морам да кажам дека на Шарлота тортите се неколку нијанси поубави од таа во Каскада што ја даваа со менито. Не знам од каде им е, ама ако некој бил во последно време и знае каква е, нека спореди
Искрено да ви кажам, бидејќи ќе правиме свадба во ресторанот Ханибал, тие ќе ни ја обезбедат тортата од нивната слаткарница. Тортата ја даваат "гратис" ама нормално е вклучена во цената на менијата. Само ние треба да одбереме каква сакаме. Сум слушнала коментари дека тортите им се солидни . Така да за торта нема многу да се сеќирам.