Меѓу бармен и царска од Куветира, која ја препорачувате? И кога би бирале слаткарница општо за невестинска торта, која би ја одбрале во Ск?
Здраво девојки, знае ли некој како се движат цените на тортите од Моцарт, заедно со колачите? Фала однапред.
Сестра ми имаше невестинска торта од Моцарт, заедно со колачиња и плати околу 17.000 денари. Торта на три спрата невестинска им е 12.000 денари, а едно колаче е по 240 денари.
Tortata ne sakam da bide mnogu visoka. Ne za drugo, nema da se gleda nevestata Seuste razgleduvam ama najverojatno skroz bela ke bide...ili mozda nekoe crveno cvetce za da e slicna ko bidermaerot ( poso bidermaerot sakam bel so crveno da e )
Што мислите девојки 10 000 денари за торта на 5 спрата од која би излегле 250-300 парчиња и единечни торти од 40 парчиња за 1300 денари. Дали цената е ок или да барам друга понуда?
ova za so tortite prasajte si vo restorantite dali ke prifatat da vi gi secat kelneritw I podelat na gostite za desert zosto nekoi ne prifakale so izgovor nemale vreme za torta I taka ostanala tortata id 300 parcinja
Ќе правиме свадба во Гламур Летна градина, ми рекоа ќе ми дадат ваучер од слаткарница Кувертира за невестинска торта, ме интересира искуства со слаткарницава, имам слушнато за царска/кралска вкусна торта и доколку има некоја невеста што правела овде свадба да ми каже од колку пари е ваучерот
Не знам за ваучерот, ама за царска од кувертира чувај ми едно парче. Мене ми е многу убава тортата. А не сум многу по тортите.
Ќе имаме од прилика 200 гости на свадба може и помалце, е сега со оглед на тоа што од ресторанот десертот е парче торта, плус имам торти од кумот и старосватицата, со колку парчиња да нарачам невестинска торта? Сакам да е на три спрата ама пример да е помалечка појма немам, на пример 80 парчиња?
Доволна ти е. Ако не стаса, ќе пресечеш парчиња од другите торти. Така беше на една свадба кај што бев. А и не стануваат сите по торта.
Девојки, несекојдневни украси од младоженец и невеста за врз тортата, дали имате идеја каде би можела да најдам?