Ja би сакала едноставна торта,не сакам од оние раштркани насекаде што се ,или високи до небо би сакала вакво нешто да не се замарам со сечење на торта на гостите-оти во некои хотели не сечат келнерите туку луѓето си чекаат ред на невестинската маса за торта а ова е доста практично и преубаво
Е Маца браво баш ваква торта сакам одозгора голема торта а другите спратови мали тортички баш ми се слатки
E kонечно некој да се согласи со мене на сите кога сум им кажувала ми велеле- ,абе ај се знае торта ама јас че имам ваква торта шо убаво ќе изгледа кога ќе им поделиш вакви парченца а шо ќе има мрчатори ќе има ама нека пукнат од мака
e цeна незнам отприлика и не е баш евтино,можам да ти пуштам во лп линк од фб,од жени што прават вакви торти мислам дека се од прилеп,и за секоја тортичка имше различна цена-зависи колкава е и шо содржи нормално
Ние за свадбата имавме ваква торта, баш од причина што ова е нешто ново, убаво и слатко. И плус нема потреба да сечеш да се замараш, па да се мачкате по лице Колку ме нервира тоа само. Културно си земеш парченце секое спакувано одоздола, без никој да биде извалкан и ничиј фустан измачкан Инаку за цена беше 60 денари од парченце.
мојата беше на три спрата една розе, бела и сина. на сината имаше кукличка маладоженец и невеста и внатре во таа кукличка 3 бебенца демек пуни со деца да сме незнам ,слаткарот изгледа на тоа помисли
Тортата треба да е од испробан мајстор и големината во зависност од тоа колку гости имаш на свадбата. За просечна свадба од 180-240 гости доволно е торта на 3 спрата, све што е над 3 е премногу, според мене. Со старосватицата бевме заедно да ги порачаме и нејзината ја решивме во парчиња. Сите парчиња - имаше околу 100-150 не се сеќавам беа толку убаво повржани и делуваа како една целина. Ретко кој примети дека не е цела торта и не се сече, туку само со штипалка се делеше. За мене и пресуден е вкусот а не само декорација која е индивидуална во зависност кој што бара и сака.
moze a mi pratire lp tso kontakt od zeni sto pravat vakvi torti so pomali kolacenca ili nekoj link od facebook so sliki ?
Јас сакам невестински торти барем на три спрата. И тоа со колачите убаво ми е, практично, ама најубаво би било кога не би се познавале. На една свадба баш видов така, значи изгледаше како цела торта, а всушност колачи беа. Еве нешто што мене ми се допаѓа:
Душо топло ти ја препорачувам Зага Захарица. Ја имаш и на фб. Ние од таму порачавме торта, презадоволна сум, а има и со помали колачиња. Види, па кажи дали ти е допаѓа, позз
zlato mnooguuuuuu i se ubavo tortite na zaga zaxarica jas i gi gledav i pred da mi kazes ti no ona e od bitola mislam deka bese a jas sum od veles a i ne mi se isplaka bas oti skapa e 2.5 evra i e edno kolace i plus prevozot ke mi ispadne debeloooo......od veles da mi preporacate nekoja ena za torti?
Мене оваа торта најмногу ми се допаѓа и веројатно таа ќе биде на мојата свадба освен ако не се предомислам во последен момент Мојата торта планирам да ја порачам кај Елизабета од Велес, што ги прави тортите и благите работи во емисијата Храна и вино, има победувано многу пати на Вешта жена. Па Драгана можеш да отидеш кај неа...е сега за цените не знам како се движат, но јас сум решена кај неа да ја порачам.
Јас кога правевме свадба го прашав мажот ми дали сака заедно да одиме тој ми рече дека тоа е женска работа и отидов со мајками.Во никој случај не сакав торта на спратови мислам на спратови раштркани на сите страни демек да се знај оти многу торти има мојата торта беше замок во бела боја и златно во сооднос со салата и масата невестинска.сите беа воодушевени од идејата оти очекуваа да видат стандардна торта.