Ние сечевме торта, но на гостите се служеше (а и на главната маса беа како декорација) cupcakes. Поубаво ми изгледа декорација со cupcakes отколку торта на маса.
Здраво..Има ли некој од Струмица? Сакам да прашам за слаткарница Ресана од Струмица..Дали сте порачувале од таму торта и како сте задоволни?
https://www.pinterest.com/pin/732397958128348376/?lp=true https://ohbestdayever.com/2019/06/09/vintage-wedding-cakes/ https://www.fabmood.com/inspiration/the-50-most-beautiful-wedding-cakes-47/ Разгледај тука, има многу убави.
Здраво на сите Пред се се извинувам, не знаев каде да го поставам прашањето. Познава ли некој или да ми препорачате некоја жена што прави торти по нарачка од Битола? Или некоја слаткарница да ми препорачате. Поздрав се најубаво
Не сум од Битола, но би ти препорачала според тоа што сум видела на инстаграм. Го следам профилот mm_sweets_bitola_ и гледам дека прават многу убави свадбени торти а и за други пригоди секако.
Јас нарачав торта, на друга свадба пробав од таму и беше многу вкусна и ги прашав, се изненадив од цената, доста ефтина ама има еден проблем, не украсуваат со марципан, природно или вештачко цвеќе, ќе го направат само филот како што сакав и за украси треба сама да се снајдам. Сакам да ставам неколку божури, бели со зелено, природни не знам колку ќе најдам, ама вештачки знам дека има само не знам каде. Дали знаете во Ск некаде каде што продаваат? Притоа сакам да изгледа вака, ама со божури, не ружи.
Овие ми личат на се освен на божури @1209 природни ќе најдеш, обично идат по порачка во сите подобри цвеќари во Скопје ама не знам колку ќе ти издржат, многу си се нежни За убави вештачки прашај во Флорис мислам на фб ги има, Гросист или евентуално Рамос Илиадис
Морам да ги пофалам Ла Крем Лептокарија за тортата. И на изглед и вкус преубава. Сите гости ме прашаа од каде сме ја нарачале, а и искрено не ја плативме скапо. Ми ја украсија со природно цвеќе и преубава искочи.
Девојки дали може да ми препорачате некоја слаткарница во Скопје за невестинска торта, ресторанот не ни нуди па мораме сами да си нарачаме. По можност со пристојни цени а не плафонски хахаха. Не мора да е нешто екстравагантна, само да е вкусна и со нормална цена
Не знам која би била пристојна цена, но ние имавме од Ла крем Лептокарија (орео торта), на два ката 40 парчиња и цената беше 3500ден. Украсена беше со свежо цвеќе.
Ќе прашам таму, фала многу. А колку парчиња би требало да биде тортата според бројот на гости? На пример за 180 гости колку отприлика би требало да нарачам? Искрено воопшто не сум упатена на оваа тема