Ние за 150 гости имавме торта од околу 90 парчиња. Остана дел од тортата , исто и од кумот не се искористи . Можеш да земеш ти и со помалку парчиња .
Од секаде каде што прашавме , Шарлота ни даде најниска цена за торта на 3 спрата за околу 90 парчиња, мислам дека беше 6-7.000 ден . Можеш да си ѕирнеш .
Никако повеќе од 100, останува тортата. Кај нас 100 парчиња имавме, и остана остана од нашата, плус од кумот и старосватицатацела. Не ја разделуваат после. Така да помала.
Па јас мислам нбајдобро е да се консултираш од таму кај што ќе нарачуваш, ама посекако помала земи, парчињата нека ги сечат помали зашо се фрла.. подобро да се изеде. По мое за 250 гости добро би било за 200-220 да биде.
Здраво. Каде можам да нарачам мафини по повилна цена за свадба? Ми требаат околу 30-50 парчиња. Може и некоја жена дома што прави или слаткарница. Ги гледав во повеќе слаткарници ама премногу се скапи, 500-600 ден за 6 мафини.
Нарачав торта од slatkarnicamagnolija на инста, во Марино се. Тортата изгледаше поубаво од сликата која ми беше идеја, многу вкусна и лесна. Одбрав шумско овошје затоа што некако најлесна ми е на вкус. За 70 парчиња платив 4000 ден. Имавме околу 60 гости и остана еден спрат. Топла препорака за слаткарницата. Кога ќе имам убава слика ќе прикачам доколку некој е заинтересиран.
Ние нарачуваме од таму за роденден постојано. Девојката е ептен професионалец, мислам дека ни сама не е свесна колку е добра. Тортите изгледаат преубаво и се превкусни. Нормално дека од таму ми беше и тортата за свадба. Тортата ја направи иста како на сликата за пола од цената што ја добивме за истата торта во слаткарници како Шарлота и Зафир. Да напоменам, цената беше со вклучена достава. Ти ја препорачувам од срце
Дали може линк од фб/инстаграм? Најдов профил на фб но последни објави се 2021, на инстаграм нема објави
Step pan cakes прават многу убави торти на изглед. Ама многу ги каснат, не ги носат на време. Кога ќе порачувате обавезно 2-3 часа порано кажувајте.