Здраво девојки. Не сум многу упатена во овие работи па можеби прашањето е глупаво. Закажавме свадба за околу 300 гости. Би сакала да биде секој послужен со торта. Не ми е јасно со колку парчиња би требало да ја порачам? Колкава?
Колкава торта порачувате ако за секој гостин има веќе десерт во менито? Дали се сече и од таа торта за гостите?
Да споделам искуство од слаткарница Аромати. Имавме нарачано свадбена торта - 140 парчиња за свадба од 300 гости, вкусот мислам беше бајадера (сопругот ја нарачуваше, затоа не сум 100% сигурна за вкусот). Декорацијата беше солидно погодена, имаше доста фондан (пак, по избор на младоженецот, негова обврска си беше, а сака момакот фондан). Гостите ја бендисаа, дури неколку идни невести ме прашаа од каде е тортата и си нарачаа за нивните свадби. Е сега, зошто баш за Аромати се одлучивме - затоа што беа најевтини. И тоа не за 2/3 илјади поевтини, туку од некои слаткарници и на пола поевтини. Ние плативме 10.800 за тортата. И многу важно - на вас како невести нема ни да ви текнува на тортата на свадбата (освен ако не е ептен утната, ама дури и тогаш нема да ја приметите). Јас прв пат тортата ја видов на слики . Муабетот ми е - освен ако немате некоја особена желба или ви е ептен битна декорацијата - не се замарајте и не давајте многу пари. Иииии уште еден марифет што го направивме - наместо кумовите и старосватите да носат посебни торти, учествуваа во главната торта Реалноста е дека немаше да се изедат 2 торти плус, немаме каде да ги чуваме и непотребен трошок ќе беше in general.
Еве и јас на кратко да споделам искуство со Канела и со Зафир слаткарниците. Не порачав од нив, порачав од друга фирма во Гевгелија што работи. Канела ми дадоа понуди за 120 парчиња 400 евра и плус мислење од други кои слушав е дека пола ја прават и со стиропор. Ми побараа 2000мкд само за да ја донесат од Струмица до Гевгелија. Зафир ми побараа 16.000мкд за 120 парчиња и плус 100еур за превоз да ја донесат од Куманово за Гевгелија. Сега порачаната ми е 15.000мкд со се превоз и 120 прс. Вкусот ќе е овошен, јас си одбрав таков пошто летен период ми е не сакам тешка торта.
Јас сепак се решив за Шарлота. Ама, ми рекоа да им се јавам 2 недели пред свадба, тоа малку ми е чудно. Јас мислев треба многу однапред да закажам
Прв пат слушам да се закажува 2 недели пред свадба. Обично месец време минимум се закажува. Мене ми е закажана од пред 1 месец т.е 2ипол месеци пред свадба.
Тортата ми рекоа да биде од кумата, таа невестинксата. Ќе имаат 300 гости, колку парчиња да нарачам, а да не е пак премала оти реално буџетот така како за невестинск го надминува. Ние мислевме 50-70 парчиња торта од кумот и толку
Јас имав околу 320 гости на свадба, тортата беше со 140 парчиња. Минатата година се јавив во скоро сите слаткарници во Скопје, најевтина понуда добив од Аромати. Тортата беше одлична.
Јас порачав торта од Аромати Чоколатерија Скопје-Влае,на три ката,чоколадна многу вкусна и лесна,120 парчиња 10 400 ден,800ден за достава,презадоволна и од изгледот и од вкусот и од услугата.Мене свадбата ми беше скапичка ама навистина нема потреба да фрлате пари за скапа торта од 400е,мој совет