1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадбени случки

Дискусија во 'Свадба' започната од Snow-Queen, 10 ноември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Дали знаете некоја случка(сте присуствувале), можеби лична свадба, каде што паднал некој, каснење, се скинал фустан, се расипала музиката...кавга, било што, некој настан од свадбите?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Сеир тема а ? :lol:
    Ќе биде интересно... :lol:
     
    На Hortenzija, Lolo5, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    зависи од случките :lol:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Кај еден роднина на свадба..Сите бевме фатени на оро незнам точно кое оро беше ама едно од тие побрзите,и мајка ми ‘‘играорка‘‘ игра,скока се весели..кутрата се заборави дека се на штикли,ама од оние на плута што се и едно време само гледаш орово што беше некако не иде..се пулам и ја гледам мајка ми долу..неможев да престанам да се смеам..кутрата малце поцрвена..ама и помина стана отиде до масата каде што корени фатија татко ми и тетин ми ги остави штиклите и боса продолжи ..хехехахах тоа ти е ум за друг пат...хахаххахаха неможам,незнам како да ви ја опишам таа случка ептен беше јако..аааа и друга од кај страна на зетов една бабичка се имаше распафтано со раце со нозе и таа како мајка ми ‘‘играорка‘‘ и во еден момент чевелот,штикла којзнае што беше летна и право во камерманот,поточно во камерата,на снимката се гледа како лета чевел од некаде и трааас во камера..да поцркаш од смеење,гостите незнаеја дали да се смеат или да плачат..камерманот ваков беше :@ ,а бабичката си продолжи да си игра како ништо да не било,не се ни потруди да си го побара чевелот..хахахах :lol:
     
    На JoanaS, thelittle17, buba4e89 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    За мене најинтересно беше на една свадба на близок, ама не можев да се соземам од смеење и тоа во црква на самата венчавка. Значи застануваат младите пред попот а сите од страна возбудени и сега попов бара регистрацијата од матично нели, за да може да ги венча, и зетов се тутка се црвенее брца по џебови , му го нема документов. Е сега тука се избацува свекорот (таткото на зетот) и вика ,,Не се секирај тато, еве го документот од матично кај мене е,, , и му го дава на попот документот од матично , а овој го отвора и вика ,, епа добро од денес треба да пишеме соопштение дека ќе почнеме да венчаваме во црква и со гаранција за машина за перење,,. Замислете наместо тоа регистрацијата да ја земат од матично , свекоров си ја земал гаранцијата за машината за перење. Е не можев да се соземам, значи веќе почна чинот на венчавање , а јас у несвес паѓам, ама тоа ти е :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На AAN, thelittle17, buba4e89 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    На една свадба кај блиски пријатели невестата и зетот каснеа во ресторанот...и тоа не 5-10 минутки, туку цели 35 минути. :o Настана хаос пред ресторан...гостиве сите наредени како построени ученичиња чекаат ред да се сликаат, се створи гужва...родителите на младоженциве црвенеат и само гледаат на саат :lol: :lol: и во секој момент очекуваш да :@ . И по 35 минути ете ги конечно и младоженците кои "малку" задоцниле затоа што правеле фотосесии. Па добро бе луѓе се случува да се закасни, ама на 40 степени сред лето, ти да ги оставиш гостите да се варат и да се туткаат пред ресторан, па не иде. Барем приемот да го напишеле во поканата половина час подоцна штом планирале да прават фотосесии. Како и да е беше весела свадбата така што сите заборавивме на немилиот настан :)

    На друга свадба пак што беше на отворено, се случи неколку пати да снема струја и да прекине музиката...и беше многу смешно, само што ќе почнеш да играш, снемува музика па луѓево не знаат дал да стојат или да седнат. По 2-3 минутки доаѓа струја, пак почнува музиката, таман ќе се заиграш...пак снемува :lol:. И едно добри 3-4 пати се деси истото...Ама пак добро помина оваа свадба, за разлика од една за која ми кажуваше друкарка ми. Свадбата била една зимска, врнежлива вечер и во еден момент имало тулку силна молскавица и грмотевици што снемало струја околу 15 минути. Прст пред око не се гледал. Младоженците ги фатила паника...гостиве исто така...бруки :$ :$. И таман келнериве почнале да носат свеќи...за среќа струјата дошла...па се спасиле сите од една пропадната свадба :)
     
    На buba4e89, Lolo5, CrazyGirl15 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    знам еден случај каде што невестата и снаата се скарале околу сечењето на тортата
    невестата сечела подебели парчиња, а свекрвата сакала потенки(за повеке да остане за нив :lol:)
    и така почнале да се караат, свекрвата ја штипела снаата,и невеста ко невеста збеснала, и побегнала од венчавката :D
     
    На buba4e89, Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  8. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Сум била на свадба се добро поминува....ама дојде на ред фрлање на букетот...невестата го фрла букето и две женски го фаќаат една од едната страна друга од другата страна...па ко почнаја да се карат на кој е букетот кој да игра напред за коси се влечкаа буквално..но келнерите ги извадоја надвор ааа напред си играше невестата само затоа што тие сеуште се карале надовор :D :D :D
     
    На Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  9. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    :rofl: баш ми текна на една случка, братучед ми ми ја кажуваше пред некој ден.
    Невестата во кола, зад нив останатите, свират ли свират. Тапани, што ти не, камери ги снимаат, ги сликаат од страна. И, не ќе застане колата?! :D На сред улица? Братучед ми возел, видел, не видел, излегол и така по одело ја туркал колата. Некоја женичка дошла и прашала, шо прајте синко?! Ее, таков ни е адетот и рекол, ја туркаме невестава, таа седната в кола :) Нов е :D Камери ги снимаат, тие пола час туркаат, се кикотат. Сред свадба, колата у квару. Живот, шта чеш. Кога ќе очекуваш најмалку, екцес.
     
    На buba4e89, Lolo5, CrazyGirl15 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Неочекувано дошол богатиот вујко на зетот директно на вечерната свадба од друг континент. :rock:
    Му дал на зетот кутивче кибрит како подарок. :o
    Зетот низ сите поклони го фрлил в канта. Мислел се зафркава вујче, и му било малку чудно што вака скржав, што му е на вујчета!? :fubar:
    Чистачката, како чистачка си го зела кибритот од в канта (била пушач) и гледа внатре клуч од кола. :tmi:
    На крај се расчистила работата: вујче им ја паркирал колата на младенците пред хотелот, а клучевите на зафрканција ги тутнал во кутивче од кибрит.
    На крај вујче и рекол на чистачката да си ја задржи колата, дека бил нејзин к`смет. 8)
    Чистачката полудела од среќа. :rofl:
    А, колата - од најновите модели на бмв/или мерцедес беше, не ми текнува. :!:
     
    На thelittle17, Lolo5, Avokado и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Јас ова го знам малку поинаку, свекрвата и се мешала во сечењето торта, и викала "абе снао потенко сечи", снаава наудрена си се правела, пак оваа абе снао ти реков потенко сечи, и невестава и рекла остај ме моја свадба е,тргни ми се, па по една минута свекрвава Aбе снао потенко,потенкооо
    и снаава се свртела и едно парче торта што го исекла и го шлапнала во лице и и рекла, ете ти потенко потенко
     
    На Lolo5, CrazyGirl15, elenkata20 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    хах, ми текна на една. не сум ја била, туку ми ја кажувале.
    праеле некои свадба, и нели се собираа порано пари за вечерата. и невестата ги собрала парите, стаиле вечера и она си кидне со друг! од свадбата! ама младоженецот со кола со неа и ја стасал и ја вратил.
     
    На Lolo5, CrazyGirl15 и Nita им се допаѓа ова.
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    На свадбата кај една моја другарка, татко и и свекорот се напија, па се одземаа.
    Едно време татко и се качува на масата, седна на колена и почна да се клања како у џамија, па после почна нешто да ги крева рацете нагоре, абе мислиш ритуал прави за викање дожд :D , па му текна едно време, зема флаша од литар прилепска Газоза, па гаѓаше со неа накај орото. А свекорот имаше неколку неуспешни обиди да се качи и гледаш едно време легнал врз масата и се тркала лево-десно.
    Невестата и домашните пробаа да ги симнат од масата, ама овие ,пијана работа, пак се качуваат. :rofl:
    Падавме во несвест од смеење :rofl:

    А еве и едно клипче од една романска свадба. Обратете внимание на ќелавиот тип што игра, посебно делот околу 4:27 :rofl: :rofl: :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=lBpycvdcbZY
     
    На buba4e89, Lolo5, CrazyGirl15 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Не сум присуствувала до сега на ниту еден смешен или трагичен настан на нечива свадба, но сакам да споделам една која ме мрдна од смеење :D

    Линк до циркузот
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На дедо ми некој роднина, (ова порано уште пред јас да се родам) починал на свадба :o
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Смешки по свадбиве колку сакаш, скраја да е од лошо само :)
    За вујкото од странство, јас инаку го знам ова. Го каниле кум човекот, и си дошол сам, си купил нова кола, си ја вози, си шета, за дар ништо не прашува. На денов на свадбава на младоженциве не им донел поклон, си донел човекот културно торта, па бовчалоци, па се по ред, арно ама зетов и невестава цела свадба не рајат, кумов демек од странство динар скршен не им дал за поклон. Поминале цела свадба во муртење, и зетов на крај, веќе салам налутен, де ќе го брка кумов(ебате материјалистот), едвај го запреле човеков, арно ама кумов сетил дека нешто не е во ред, ни зетов ни невестава никаква чест кон него не покажале, и дотрајал до крајот на свадбата, кога отишле сватови кај зетов, си чул муабети од сваќите-портарки. Разочаран, извадил од џебот клучевите од колата, со машничка украсени, му ги дал и му рекол „од денес дар имате, кум веќе немате“. И не се јавил уште еднаш. А овие си останале ко покакани, срамота |( Зар за поклон каниш кум |(

    На наша свадба, кај што бевме кумови, татко ми голем веселџија, невестава прекрасна и превесела, почна да ја напива бело вино со кутлача :D Тоа беше ршум свадба, кутлачата почна да кружи низ сала, кој стаса се напи :D , за на крај да стаса кај газдата од кафаната и чоеков почна чочеци да мава :D Чаши не беа потребни, се користеа три лајци за пиење :rofl: И сега свадбата ја помнат како кутлачата сите што ги испијани :rofl:
     
    На AAN, thelittle17, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    За една свадба што ми имаат кажувано... Дента уште кога требало да доаѓаат по невестата нели има мезе, све тоа јадење пиење арно ама летно време било и многу муви се береле околу тоа мезето.
    Па за да не биде таква работата свекрвата го попрскала со пипс мезето да не се берат муви :tmi: Ако не друго барем жива душа не пришла на мезето, операција успешна..пациент мртав :rofl:
     
    На Lolo5, CrazyGirl15, elenkata20 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    На денот на свадбата, нели има обичај да се туркаат на врата и да лепат пари за да ја земат невестата, епа има случај кога на зетот сите пари му ги зеле и не го пуштале пак да влезе и се изнервирал и си заминал :D :D :D После тоа од женска страна му платиле да дојде да ја земе пак :D
     
    На thelittle17, Lolo5, CrazyGirl15 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.473
    Отидовме во црква без бурми. Мојот бивш сопруг ги заборавил дома. :) Отиде човек по нив и патем му нарача цигари да му купи пошто бил при крај. :)
     
    На thelittle17, Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  20. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    59
    Идеме на свадба кај на тато другарите.И таму сите пијат,пеат се веселат жива свирка знаеш.И еден го здрви.Мртов ладен-камен!Се опијани.Почна да игра на една столица па да ги крши чашите му вика на тој АЈДЕЕЕЕЕЕ ЖИВОООООООООО ГОЦОООООООО!ПУШТИ МАКЕДОНСКО МОМЕ ЛИЧНО!ТААКААА ЗАПЕЈЈЈ!Абе лудница шо да ти кажам!Старициве се прва лига.Демек шо праел човеков.Застанала пред него и само тн тн.Бардовци беше.Чоекот не можеше да пее од него.Само го бунеше и киксираше.Момче,моме...Лудница.После одиме и овој пее се дере по улици.Па бараше да го носеле до дома.Бегај бе никој не сакаше да го земе.Сообракајка ќе направиш хахахахах.Будала :rofl:
     
    На Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.