1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадбени случки

Дискусија во 'Свадба' започната од Snow-Queen, 10 ноември 2011.

  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    За вакви глупости по свадби, јас сум експерт. На една свадба кај братучетка ми паднав рамно четири пати... Значи, брука и пол. :rofl: На една друга свадба, скинав 3 пара хулахопки, и на сите слики сум точно фатена со расцепеното напред... На трета свадба, прво ми се скина каишот, па чипката од фустанот, па патентот ми пукна.... Неброени пати ми се кршела штикла... Ова се само неколку примери од моите егзибиции по свадби и веселби! :rofl: Сега мајка ми ми вика ќерко, за твојава свадба во стаклено ѕвоно ке те ставам да не се изрезилиш пред народ, хахахаа! :D
     
    На thelittle17, Lolo5, CrazyGirl15 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    На мојата веридба имаше случка. Бевме во кафана околу 30-ина души - најбилиски роднини и пријатели. На еден другар на жена му и падна сукњата. Скоро сите приметија :tmi: :$ (Жената полничка така, сукња на ластик горе и толку да не примети како и се слизнува надолу незнам :x , се уште е мистерија тоа).
    Многу ми е смешно кога на свадба сите изиграваат ,,Вашите 5 мин,, од пусти мерак да се запее :)

    И најинтерсно е на свадба на еден другар. Ок си е човекот, нема лоша душа ама многу е таков да се рчка, зеза на твоја сметка и не за џабе има прекар ,,злосторник,,. И дојде време да го жениме. Одиме во матично, матичарот чита и оној дел ,,дали има некојнешто против,, ?? И сите другари во еден здив ,,ДА,, и штама бидна во собата. И као матичарот да ја извади работата на смешка и вели ,,е ајде де кажете, што, кој,, и еден другар ,,да си го признае ванбрачното дете,,
    Жената го погледна oстро, сватовите се погледнаа а ние сите почнавме да паѓаме од смеење.
    Ете така си има овековечен момент од другарите :D
     
    На thelittle17, Lolo5, CrazyGirl15 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^ХААХАХАХ слатко ме насмеа за последново :D

    нема да заборава,и ден денес се смеам. На моја пријателка мажот и е свештеник.И кога бев кај неа на гости, се засмеавме на секакви теми и кажува маж и, како на една венчавка кога влегле младенците он му рекол на младоженецот: Абе,нели јас тебе те венчавав пре некој месец?А невестава фаца направила o.O
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Младоженецот пребледел, и тука свештеников се насмеал и им реков дека се шали.
    Хахаха кога ми раскажуваше се умрев од смеење,како само му текнало :lol:
     
    На thelittle17, Lolo5 и pamelche им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Кога бев мало и буцкасто (сега сум големо и буцкасто) на сите им беше ќеиф на нивните свадби да ме облекуваат како невестиче. |( Дека меѓу првите внуки во фамилија, и на сите свадби, невестата, и зад неа невестичето-буренце-бумбарче-крофниче-јас.

    Кај блиски роднини на свадба, една баба зема да ме дига кога беше тоа мавилето. Демек, меракот да ми го направела. :rofl: :rofl: А јас салам 50тина кила, па и на стол, сосе стол ќе ме дигала. А бабево 60тина години, кај слабичка па и модерна беше жената, со високи штикли, и дига женава... нече бре, нече, не иде стол нагоре! :rofl: Е, значи, уште се смеам кога ќе ми текне на ова.

    Исто на свадба, нели пак јас мала, улога на невестиче како и секогаш |( , и имаше специјална маса за играње чочек. Јас така мирољубиво си стоев и си чукав раци, а некој проба да ме качи отпозади. И ова на снимката го има дури, ме дигаат бабава и дедово зад мене, јас се обидувам да се испентерам и не ја бива, не можат да ме додигаат. :rofl: Се гледам како се јазам со нозите на маса, речиси во хоризонтална положба, чочеци ечат, Дузи планинари... Боже мили. :rofl: Да доловам сликовито :!: .

    [​IMG]

    А, бе, вака кога ќе се препрочитам уште еднаш жално е ова бе, жално, ама ај, да си се посмеам на маката. :fubar:
     
    На thelittle17, Lolo5, CrazyGirl15 и 33 други им се допаѓа ова.
  5. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Ова беше пред неколку години кај моја брачеда на свадбата.
    Музика, играње, јадење .. се‘ беше перфектно, додека не дојде моментот да се фрли букетот.
    Хотелов беше на 2 спрата, па таа се качи на вториот кат. Како да објаснам сега .. имаше голем кружен отвор на подот, што значи дека се гледа првиот кат од тука, нешто како тераса му доаѓа, иако е внатре. :D

    Застанува невестава да го фрли букетот, јас горе со неа. Го фрли и погодете кој беше среќникот?
    Огромниот лустер!! :rock:

    Сите гости замалеа од смеење, а мене жал ми падна некако, се расипа моментот. Па ајде еден келнер со една шипка го турна долу, па повторно го фрли ама овој пат од првиот кат (колку што ме држи меморијата). :lol:
     
    На Lolo5, CrazyGirl15, Saraa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Другарка ми ми кажуваше за една случка.
    Дошло време невестава да го фрла бидермаерот и сите и мажени и немажени и тетки, стринки се наредиле за да го фатат. Еден од музичарите им рекол да останат само немажените, ама овие не го слушале. 1...2...3... и го фрлила невестава, арно ама сите скокнале да го фатат и тоа резултирало со судар на две полнички жени кој се акнале со главите додека скокале. Едната се сопнала, преку тапанот, паднала кај музичарите. :D Ај тоа што паднала, туку ја фатила некоја хистерична смеа и легната така на под, не можела да стане, па дошле да ја кренат. :D
     
    На Lolo5, CrazyGirl15, elenkata20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    На Lolo5, CrazyGirl15, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    Свекрвава со низок шеќер, и цело време на свадбва им вели на гостиве нешто да поткаснат, ама на никој не му се јади, и наеднаш женава паѓа, никако да се освести, ја маваат со шамари, кутрата ја помодрија, и се освестува наеднаш и гледа како снаата и мава шамар, и свекрвава незнам од каде собра сили, и вели на снаава : на кого маваш ти! и и мавна и таа шамар и пак се онесвести :punch: .. хахахахахаххахахаха :D Од сон се будам за да се изнасмеам кога ќе ми текни ова
    И уште една сега ми текна...
    Свекрвава од стара гратска фамилија не ја сакаше многу невестата, и кога дојде да се сечи тортата свекрвава вели : Ајде сега да видиме селанкава како сечи торта! и на сите ни дојде непријатно, ама невестава се снајде супер, ја зеде тортата в раце и и ја мавна на свекрвата на глава :clap:
     
    На Lolo5, CrazyGirl15 и pamelche им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    На свадба со младожењата што живее во Англија. Му дојдоа и некои колеги и другари, и јас им објаснувам адети од тоа што знам. Стоиме во црква и вака така, круните да не се чукнат, врзување со платно, адети, им кажувам што се дешава, они радознали па интересно им е. Почнаа да биколат нели три пати околу масата на средина, и кумата извади од тие украсените, бомбони, во нив и паричка ставала, и почна да фрла де натам, де навам. Си рекла жената ајде и натаму да фрлам, дека стоеа енглезиве, да си фатат и они по едно за спомен од свадбата, а јас да не ти ја ни забележам артилеријата што идеше кон нас. Сите се наведнаа одеднаш, ама јас и таа до мене од муабет не видовме, и кога ја плесна неа едно, баш под окото! За секунда траеме, па кога не фати смеа, она се држи за образ и она се смее.
    Една бабичка веднаш извади железна паричка и фана залепи и ја на местото дека ја удари и ја држи така. Оваа целата таква :o ме гледа мене, што ми прави оваа жена поглед, а бабичката вика кажи и така нема да и отече окото. Е кажи и де, кога јас не можам да се соземам.
     
    На Lolo5, CrazyGirl15 и AIT им се допаѓа ова.
  11. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: невестата и снаата абе срце ме насмеа
     
    На Lolo5 и anichka94 им се допаѓа ова.
  12. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Најсмешно ми е кога се тепаат за бидермаерот :lol:
     
    На thelittle17 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Немам одено многу на свадби но еве што се деси кај што сме кумови.
    Беше тоа пред 10 години.Мајка ми немаше една недела од кога го роди брат ми,а свадбава закажана и сега не го личи тато сам да оди,а женава со бебе мало никаквата.А јас имав 3 и пол годинки.
    И одиме јас и тато,тато-кумот јас кумата :$ Е која чест ја имав тогаш.Кума дека :rofl: :rofl: :rofl:
    И почнува свадбава ги најавуваат зетот и невестата.
    И следни по нив : А сега кумот и кумата ве молиме огромен аплауз за нив!
    Аплаузов следи,и само одеднаш настана тишина во салава,сите молчаат и гледаат во мене.И само тој што најавуваше викат..Оф кумата мала била. :lol: :rofl:
    И наеднаш смеење,а јас кутрата си умрев од срам.
     
    На Lolo5, CrazyGirl15, Espadrila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Се изнасмев со случкиве :D Ај и јас да ви раскажам за случка што и мене ми ја прераскажаа :)
    Весели луѓето, нели насвадба се, и како што на сите ни е познато старите баби и дедовци неможат, али за тој ден се утепуваат од играње, нели нивна ближна свадба е во прашање. Така и овој дедо некој, весел играл оро, вртел со марамчето, клекнувал кога од еднаш клекнува станува и има што да се види,пукање на панталоните, станува дедото со толкава дупка на газот xаxaxax во несвест паднал цел хотел :D
     
    На Lolo5, CrazyGirl15 и elenkata20 им се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    На Lolo5 и Arianna им се допаѓа ова.
  16. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    И најновиот бисер кој го видов на една од свадбите летово... Оди невестата да се слика во дворот во црквата, и другарите на зетот, на скоја слика од позади мајмунлаци изведувале, абе што да ти кажам се сликите, од прва до последна, само дотичниот фотограф каде гледал не ми е јасно... ЦД-то, бетер... Не ни се веруваше кога го гледавме, кретен до кретен. И ко да не беше тоа доста, истите мајмуни скокаа по бидермаерот, се гаѓаа со торта, го малтретираа камерманот, значи беа бетер од jackass ако сте ги гледале. Катастрофа. Кога помина се, некако ги преживеавме кретените, и како ги гледавме сликите и ЦД-то, одвај ја убедивме невестата да не се разведува од мука што и беше од другарите од мажот, хахахахаха! Готово, она тргна адвокат да бара! :rofl:
     
    На thelittle17, Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    истото на дедо ми му се има случено :lol: :lol: :lol: :lol:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Сестра ми ми има кажано на некоја свадба невестата се породила! :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Уф јас сум била на многу свадби каде што имало интересни случки, последната свадба пред 1месец кумашинками се мажеше и сега кога го фрлаше букетот нејзини две другарки со голема желба за мажење се буткаат една со друга која да го фати бидермаерот, и едната ја фати таа пред неа што стои за да ја помести понастрана а таа не стоела стабилно на штиклите и летна на земја, сите кога ја видоа се згазија од смеи а она одма станува од подот и упорно пак трча за бидермаерот :) на истата свадба младоженецот и кумот се качуваат на маса да играат и масата се крши а овие на земја :D Оваа случка не е смешна ама непријатна беше, невестата на денот на свадбата и дојде циклусот и фустанот и се направи а она како не приметила дека и дошло мене и ден денеска не ми е јасно, па со безопасни и го фативме назад за да не се гледа бидејќи имаше и те како голема флека. Е овие 3случки незнам дали се вистина ми ги имаат кажувано други личности, на некоја свадба за време на ручекот невестата ја снемало никаде, се туфкал младоженецот насекаде ја барал ама неможел да ја најде, и на крај кога ја нашол во вц-то со кумот :), оваа ми ја кажуваше еден таксист тој бил присутен на таа свадба, невестата кога завршила свадбата и кога отишле кај момчето имало некои адети што требало да се прават кога ќе влезе снаата за прв пат во куќата, арно ама оваа невестата инаетлива за жива глава несакала да ги направи адети и се налутила со се фустан си се вратила кај татко и :) и оваа дедоми ми ја кажуваше одамна се случила, некој дедо и баба секоја недела оделе непоканети на свадба, земале камен го ставале во кутија, ја украсувале кутија и така иделе на свадба само за бесплатниот ручек нормално, арно ама камерманот кога се женел му текнало дека нонстоп ги гледал нив на сите свадби и му станало чудно па ги викнал старите а исто и родителите негови и родителите на невестата и ги прашал од која страна се поканети а они уствари не биле канети и така ги фатиле на лага
     
    На thelittle17 и Lolo5 им се допаѓа ова.