1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадбени случки

Дискусија во 'Свадба' започната од Snow-Queen, 10 ноември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Епа еве во саботата бев на свадба. И фини лепо кога дојде време за бидермаерот неарна багра ги испотепа сите девојки околу себе. И јас бев една од нив попив лакат во рамо и ме бутнаа :@ Значи воопшто немаат осет. Дивјаци беа од самиот старт на свадбата почнувајќи со буткање на вратата кај невестата па надаље.
     
    На Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Ова ми има една другарка раскажувано, дека на некоја свадба умрел човек.
     
  3. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Јас досега не сум била на многу свадби, но на тие кај што сум била секогаш имала некоја случка за паметење.

    На чичко ми свадбата имаше една жена која беше подалечна рода, ама се правеше главна на свадбата.
    И влегува жената се занесува нешто, а стара жена во години...ама у филм влезена до немај каде.
    И вели гледајте фризурата колку ми е убава, ја платив 1200 денари. И сите и велат ''аа убава е Станке'
    И се врти женава да си оди накај масата, и што да видиме...таа одзади на главата заборавила три витлери. :lol:
    А тука вели, на фризер бев...абе некои кога сакаат многу да се фалат...ете на крајот што излегува :D
     
    На Sailorgirl, thelittle17, Lolo5 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    153
    Леле и мене ми се случи истото. Но не само што девојќите се туркаа, туку имаше и едно машко..он го фати бидермаерот :@ Значи осет нула! А жал ми е што ова се случи на свадбата на сестра ми..ех кога ќе ми текне..ццц :doh:
     
    На thelittle17, Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  5. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    сега ми текна на една случка :D ...кажуваат невестата ќе го фрла бидермаерот...застанете сите девојки...се редиме сите девојчиња и пеачот што беше вика на микрофон се молат значи САМО девојки! се вртиме се гледаме меѓу себе..само девојчиња сме...а тој пак вика ај ве молам тргнете се, на една девојка облечена во панталони ама со кратка коса и без шминка :o и таа вика мене ме викаш..леле луѓе тој жив пропадна, поцрвене, вика леле се извинувам....дал да смеам мајко мила ил да плачам беше работава...девојкава фати си замина а тој по неа да и се извинува...
     
    На Justicija, thelittle17, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Тоа со фрлањето на бидермаерот ја изгуби целата смисла.
    Ќе се наредат мажишта окезени сите распоредени на сите страни, едвај чекаат невестата да фрли. |(

    Така и јас присуствував на една свадба, толку рипаа да го земат бидермаерот, што две девојки завршија на земја, и двете со скинати фустани, на едната дури кондурата и летна... страшно.

    Јас затоа никогаш не се редев да го “ловам“ бидермаерот. Не ми се допаѓа тој адет.
    И оти никогаш не сум го фатила, гледам не се омажив. :D
     
    На Justicija, thelittle17, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев на свадба кај едни братучеди туку во Скопје правеа свадба инаку живеат во Германија и на свадбата им дојдоа некои пријатели од Германија...Германциве искочиа да играат сп нашиве некако се споија и почнаа на песнана излези момче право на тераса.. :rofl: рипат скокат ко да се издрогирале до даска....песната завршува и земаат чаши со пијачка оно да си било ракија :rofl: нашиве ракии како што се јаки до 60 степени коа дигнаа ракијата коа фатија да пљукат да викат :rofl: засипнав од смеење..после само кисела водичка и пивце си пиеа :D
     
    На Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  8. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Братучед ми правеше свадба прв зима беше пред 1 година и ајде вечерна свадба
    и денот дојде ѕвони сабајлето во 8 се јавува тој ние сме три сестри и вели обавезно да дојдеме бидејки многууу снег падна лани ако се сеќавате ден и ноќ вееше и многу луѓе му откажале :worried: и ајде сестриве две нема шанси каде уште се немавме избањато ни фризура ни наспани и мајка ми срамота е мора една да оди и како и секогаш јас туку да не се задржам на ова јас станав ненаспана несредена не бев нашминкана ниту коса средена и дојде братучед ми друг ме зема :) отидовме по невеста во скопски планински села живеат и невестат и младоженецот и снег три пати повеќе :tmi: отидовме по невестата морам да кажам смрзнав цел ден по снег морав обично да бидам облечена снег до колена па и си вееше оф оф и земавме невестата и ајде сите коли накај црквата исто и таа во планина леле кога заглавија луѓето едни прилепчани на сред пат во комбето во снегот саати ипол ги влечеа,се зависеше каква кола имаш и дали ќе успееш да се вратиш од таму луѓево у снег останаа, арно ама без нив не иде венчавање и така чекајки на минус пред црквата чекаме чекаме :) :devil: едвај дојдоа аман кај не средена отидов лом испадна со снегов на крај дојдоа отидовме во ресторан испотресовме газови и смрзнавме и така :D
     
    На thelittle17, buba4e89, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да кажам, бевме на една свадба и сега невестата качена на столот игра,се весели и само како што играше наеднаш се напрчи или згазна на работ од столот и само ја видов како пага со нозете нагоре,сета среќа некој ја фати да не падне на земјата ... по 1-2 мин. ја гледам пак на столот игра ко ништо да не било. :D :D
     
    На thelittle17, Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    На една свадба кај што сликал девер ми, му се слошило на некој од гостите. Човекот бил млад, околу 35 години. Го однеле во болница и таму починал. Не кажале на никој за да на се расипе свадбата. После свадбата ги известиле сите.

    На една свадба, додека се сечела невестинската торта, свекрвата цело време и викала на невестата да ги сече парчињата потенки. Невестата се изнервирала и парче торта и плеснала во фаца на свекрвата.

    На една свадба, по некое време го снемало младоженецот. Невестата отишла да го бара и го нашла во WC. Го фатила како се " работат " со кумот.
     
    На buba4e89 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  11. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Доаѓа време да фрлање на бидермаерот,наместо цвеќе,сите фаќачи од невестата добиваат бокал со вода. :lol:
    3,2,1..повторно фрање,но овојпат бидермаерот се закачува на еден од лустерите.Па ајде скали се носат за да се извади. :lol:

    3,2,1..(трета среќа) бидермаерот успешно заврши во рацете на идното невестиче. :rofl:
     
    На buba4e89, Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ај и јас со нашата незаборавна свадба и ако е пред 25 години.
    Свадбите почнаа да добиваат еден поинаков тек во тие години излегоа камерите , па почнаа по ресторани да се прават...и.т.н.
    Спремивме се закажавме во матично, викнавме камерман,кувар за ручекот,кум старосват се. Пративме покани . Доага овој мојов во петокот и ми вика ДОБИВ ПОКАНА ДА СЕ ЈАВАМ ВО ВОЈНОТО ЗА ВЕЖБА ВО ЈНА .Јас :o гледам и не верувам.Повикан е уредно а со војни покани нема играчки.
    Едвај среди некако да го пуштат ама... :$ МАТИЧАРОТ КУВАРОТ И КАМЕРМАНОТ не ги пуштија.
    (Камо и мојот да не го пуштија , мала шала :lol: )
    Се регистриравме после два месеца .Гостите го јадеа ручекот на тетка ми.Ние имаме еден никакова фотографија (олкуцка) црно бела :tmi: Свирачите некомплетни.. :tmi:
    Кога заиграа војници што беа од Србија на вежба во нашето место мене ми се плачеше . :'(

    Живот шта чеш.

    Се венчавме оти попот не го викаатза војна вежба
     
    На buba4e89, Lolo5, Elennaa4 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    Вчера на свадба ја накитија јаболката за на бајракот полна зо пари железни кој сребрени кој златни кој позлатени,кој старо злато.... дедото дублин даде и стави ја шајка 13цм да ја држи за дрвото кога од кај деверот накај невестата одиме а касниме јаболката се распрсна на автопат,овие ќе допираме да ја земеме не допираме и ајде ја одминаа каснеа а тој свештеникот као имал после тоа крштевка и не можел да ги венча ќе доцнел.не ја зедоа направија друга обична :(
    Се најдоа двајца улави и изиграваа паметни,една плавуша и еден ќелав тој одвеан крева нозе колку што може таа бетер од него сите и ја видоа тангата бела,а еден странец не ги знаеч нашите ора и ги гледал нив како играат и тој по нив,цела кафана кома.
     
    На buba4e89, Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Епа сигурно знајте дека малденците в црква се врзват со некој материјал рацете, и иди попот да ги врзи, ова кај 1 брачеда на свадба, и му вика ајде сега фатете се за раце како прв пат да се запознавате, или на фејсбук се запознавте, ние сите по земја :D

    Плус на друга свадба, наместо букет добивме банана, ајде после го фрли :D
     
    На Lolo5, CrazyGirl15, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Кај мене имаше три интересни случки, едната и не беше интересна зошто таа ме изнервира и тоа е единствениот момент од свадбата кој ме направи на момент нервозна другото се си беше тип топ.

    1. Ја заборавив личната карта за во матично :lol: :$ потоа мм ме утепа од зезање: гледаш кој неќе да се земеме :D

    2. случката со лошиот старт на музиката кај песната за младоженецот каде, мм се пушти од оро...па на пола се врати. Не ми е за друго има секаков народ којзнае што ќе си помислат....а тој сиромашкиот што да прави кога не си е поиграњето....нозе ќе заплетка :)

    3. бидермаерот им го фрлив и па си го земав :rofl: и нормално добив аплауз од салата :lol:
     
    На thelittle17, Lolo5, CrazyGirl15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. AnonymousGirl

    AnonymousGirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Кога бев 12-13 години бевме на свадба кај прв братучед на татко ми. Бев месарика од страна на младоженецот и се возев во невестинската кола заедно со невестата и младоженецот(најголема радост ми беше :D ). Отидовме кај невестата, таму ги напраивме сите обичаи и сл. и ај одиме во црква за да се венчаат. Таму цело време стојат и попот си чита и ги венчава. И едно време при завршетокот ајт невестата во рацете на младожената се најде. Сите се зачудија што и е, како е... Се приближуваме до невестата, она онесвестена..Сите почнаа да паничат, а мајка и и младоженецот почнаа солзи да ронат. И по 2-3 минути таа се освестува и продолжи венчавката. Наредниот ден дознавме, таа трудна била... :lol:

    Исто така, на свадба на една моја прва братучедка пред 2-3 години дојдоа сватовите за да ја земат невестата и кога ги завршивме обичаите, дојде ред да одат накај црквата. Пред да тргнат, невестата и младоженецот се качија во автомобилот и таман 7-8 метра од куќата на невестата направија, му се јавуваат на младоженецот и му велат „Абе одма враќајте се, твојот братучед се изнапил и седнал на скалите, несака да мрдне од таму“. И зетот кога се изнервира, застануваат на патот и тој излегува од колата и целот изнервиран кога отиде и кога му се раздере го турна во кола и тргнаа сите во црква, а овој пијаниот си отиде дома. :D
     
    На thelittle17, Lolo5 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  17. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    Што е „мавиле“? :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^мавиле е велешки адет. Пред или по вечерата, музичарите ги повикуваат младенците и ги седнуваат на 2 столици, оди специјална песна која се свири Мавиле, и ги креваат.
    Еве како изгледа:
    http://www.youtube.com/watch?v=KHIh0kKVPz4
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    Ахааа, сега ми текна и дека како мала имам присуствувано на таква свадба во Велес :) Фала на инф.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Oва нема никогаш да го заборавам, бев помала и на една свадба на пријатели на моиве и јас се фатив во оро играм арно ама бев настинета многу ми течеше носето и во тој момент не сум се досетила и не ми текнало намрсто со мојата рака си го избришам носето со девојката која што играше до мене нели нејзината рака врз мојава и јас само си поминам убаво со раката на носето хха леле кога ми текна во еде момент шо аправив се пуштив од оро и избегав :rofl: :envy: :devil: и ден денеска кога ја сретнам девојкама се насмееме |-)
     
    На thelittle17, Lolo5, CrazyGirl15 и 3 други им се допаѓа ова.