Јас немам присуствувано на некоја свадба каде имало некоја посебна случка, но мајка ми како мала била на свадба и со децата таму се заиграле нешто, но на мајка ми не и било нешто по кејф и со нешто замавнала по едно девојче, па почнало крв да и тече па сите испаничиле, кога дознала баба ми почнала да ја брка мајка ми, таа пак бегала.. За среќа не било ништо сериозно, ама мајка ми на крај си изела голем ќотек од баба.
Еднаш една од што се наведна да го фати(да не речам зграпчи) бидермаерот и пукна фустанот од позади. На крај се покри со него и си избега
Хехехе Јас кога бев на свадба кај една другарка, една девојка за да го фати бидермаерот се сопна и си ја скрши штиклата и падна. Добро, падот не беше многу лош поблаг беше ама битно таа го фати.
Присуствував на свадба каде што невестата беше англичанка а зетот по татко англичанец а по мајка (тетка ми ) македонец, и покрај се свадбата е правеа во македонија,,,,, идеме во ресторанот се англичани (младите беа сите дебели, а старците високи и слаби пребледени ) чуден народ многу.... лелеее кога се разиграа оро, кога се раскокаа тоа беше смеи живи санки со по две леви нозе ,,,, и да се фатиш до нив да играш ке те испогазат ,,,, цела свадба помина во смеа
Па ајде да ви ја казам и јас мојата случка од свадба на масата кај младоженциве имало свеќи запалено ама кој да ги види се створи гужва сите разиграни разиграна и јас играјки така покрај масата осекам некој чуден мирис ама ништо не се вртам си играм и одеднаш сите околу мене ме гасат ми се запалила косата од свеките се вртам одеднаш пламен горам узбуна ке си умрев од срам потоа си седев цела свадба така шута а цела сала мирисаше
Кај другар на мм на свадба летово . Младоженецов е од Тетово од маало другар на мм , а невестава од Битола , ама од порано живеат во Америка цело семејство . И сега си тече свадбата се нормално , кога наеднаш се свират и пеат никој друг туку Рибља Чорба татково на младоженецов е таков секогаш насмеан и се му е заебанција , па во списокот на песни ги ставил и Рибља Чорба игра , скока , човекот се весели , гостиве уште повесели , младоженецов малку се поцрвене ама знае не му замеруваме , го знаеме татко му и нема потреба да се устручава . Се на се , свадбата испадна одлична иако се вметнаа рок песните на Боро
Ќе се самоцитирам . Кај друг другар од маало на маж ми , пред две години , истиов човек на свадба . Почнува песна ( не се сеќавам која ) со потивка мелодија на почетокот , гостиве се стишуваат на минутка ( песнава од Балкан беше , а на свадбава 90% Кинези и Американци ) и туку го слушам чичко Тони : " ЈАОООООООО !!!! " , и станува од маса почнува да скока и да пее абе легенда е . Може човек да умре од смеење со него .
На една свадба невестата кога го фрлаше букетот младоженецот го фати Невестата кога виде ваква мислам чуреше од нервоза, а младоженецот пијан се радува си честитува со другарите.
Канета сум на свадба кај колега од работа. Не очекував покана, бидејќи не сме баш блиски, ама кога веќе ме поканил ќе одам. Колку е отприлика културно да се однесе поклон во плик со оглед дека се е поскапено (а платите исти) ?
50€ е сосем доволно, во просек по 20€ е порција јадење од човек, и 30€ ќе останат како подарок за нив.. Ние секогаш така рачунаме, нашите порции да си ги платиме со дел од подарокот, и плус колку ќе им остане, не бива да однесеш пари само за порциите да си ги платиш според мене..
Па не се должни гостите да им го плаќаат трошокот, па и плус пари да им останат... Ако одлучиле свадба да прават, валјда веќе ги имаат парите за трошоците, не треба да очекуваат дека секој пари ќе им однесе или сума со која ќе бидат во ќар. Не знам што да речам, свадбите се претворија во бизнис за заработка а не веселба да се прослави љубовта на младите. Порано кога се носеа сервиси, тањири и чаши, кој им ги плаќал порциите па и плус да им остане? Ја мислев сума меѓу 25 и 30 евра. Не ми е близок, башка сама сум канета.
Колку можиш толку ке ставиш... Кај мене имаше 4ца со 1500ден да не им дадев да јадат оти порцијата не си ја платиа. Битно ми беше да присуствуваат па и да, не носеа ништо сепак сега кога гледам видео мило ми е што дојдоа парите и така се трошат ништо нема да остани... (искрено повеке сакав и поклони бидејки млади сакавме да си земаме наша куќа и кога се вселивме и тие неколку поклони што беа ми беа најкорисни)
Според финансиската состојба на гостите, толкав и поклон. Има луѓе што се ептен сиромашни ама блиски, 4ца. Секако нема младите да очекуваат од нив сума, штом ги поканиле и со 1500 да дојдат, ќе им биде мило што присуствувале.
Колку можеш. И маж ми се води по оваа филозофија да се покрие порција, па да им останат пари, мене тоа не ми е ок 50е реално не би дала за некој кој не ми е близок. 1500-2000 максимално би издвоила.
Барем порцијата да ја покриеш. 30 евра или 1500-2000 денари. Ако не сте многу колеги и ги канел останатите глупо е да те дели тебе, или да покани 10 а да изостави 2.
Така е, кога веќе одлучиле да прават свадба сигурно веќе имале финансии и не очекуваат гостите да им ја платат. Треба да им биде мило што ќе присуствувате колеги и роднини па кој колку има толку ќе дава. Искрено 50€ за сама мене ми се многу. Да си со сопруг или дечко ок. ама вака, плус рече не сте блиски, реално и јас да сум нема да дадам повеќе од 2000 ден.
20 евра, 1500 денари или 2000 денари, зависи колкави ти се можностите. Според мене апсолутно доволно, порцијата ја покриваш, штом како што кажа не си блиска нема потреба да му даваш повеќе и за да му остане.