Колку се скапи сваровските кристали,дали претставуваат луксуз тие за нас,и што во суштина претставуваат тие,нешто вредно,или само кристал,или пак дијамант,а за некој само циркон?Која е нивната права вредност?
Убави се стварно мислам кој не би посакал да има по некој кристал дома но како што кажуваат и не биле баш ефтини но не сум влегла да прашам а и не носам нешто посебно со кристали ова она од 200 денари ќе си купиш и ќе си го износиш
Јас имам доста накит од Сваровски, што јас сум купила, што за поклон сум добила. Инаку се малку скапички, сега зависи што купуваши дали е најнова колекција, последно што купив беше ланче со многу убав привезок и чинеше околу 6000 денари, прстените се поскапи а ако сакаш комплетче од ланче, менѓушки и прстен богами скапо ќе те фати . Во секој случај ако некој има мерак на Сваровски може да си дозволи едно парче накит. Исто и во Оксет има убав накит, барем е сребрен, а во Сваровски е родиум или така некако се викаше Овие ги имам и вредат за парите, едното сама си го купив, а срцето го добив на поклон ( од дечкото )
И јас имам неколку парчиња од Сваровски, и иако се скапички, мора да признаам дека вредат за сите пари! Родиумот како метал е подобар и поскап од среброто, и е хипоалерген, што за мене е многу значајно кога е во прашање накит. А самиот метал е сличен со платината, која е најскапа од сите благородни метали. Среброто некако не ми одговара со Сваровски кристалите...
А јас појма немав што е родиум, цело време мислев дека среброто е подобро за накит. Фала Annath за информацијава
И јас многу ги сакам. Имам еден привезок што го обожавам, а други парчиња сега за сега - не, ама ќе биде
Пред некоја година купував фрижидер од Горење и го видов овој фрижидер, изгор скап беше, значи што се нема да им текне Фрижидер со Сваровски
ммммммм за телефонот...И ја имам една наруквица ја добив за матура од дечко ми и и ми е омилена си ја носам увек на се иде хех
Мајка ми ги носи и си ги почитува,најдраги и се часовниците,јас имам тинкербел украс.Мене не ме фасцинираат вакви нешта со нереална вредност,искрено.Дури напротив...баш заради тоа ми се одбивни,без поента ми е сиот тој квази гламур околу нив.Стакло со олово,убаво избрусено,тоа е се.Почитувам бело злато,со полудраги камчиња,иако ако можам да избирам ќе се фатам за првата бижутерија или дрвен накит.Имам вреден накит од баби и жаби,што никогаш во животов нема да го носам.Сваровски ми е аздис,снобизам и слично... Не ме сфаќајте лично,секој со своите размислувања и почитувања.
Лилит до негде си у право, ама ја обожавам циркони , посвечениот накит цел ми е со циркони, е сега да не ме замислиш како бугарска певаљка. Шала на страна името Сваровски е извикано, особено кога почнаа на фрижидери, коли и во вецеа да ставаат циркони, тоа е снобизам , да . Ама мене ми се свиѓа самиот дизајн на накитот, ми се свиѓа што се изработени без грешка, не потемнува, и после 10 години накиотот е таков каков што бил дента кога е купен. Инаку, не дека не ми се допаѓа и дрвениот накот или монистрата. Жолто злато не носам ,а накитот од Оксет ми е пронајдок.
Целосно си во право.Се работи за аздис и помодарство.Подобро ќе платам скапи драгоцени камења, бело злато, платина појма неам што уште има друго...ама за стакло толку пари не давам.А искрено по нашиве продавници има одлична одлична бижутерија за евтини цени.
Ги имам оваа огрлица, обетки и брош, ги носев на свадбата и уште во неколку други "посвечени прилики" и толку... така ми стојат.