Ми го носеа на проценка да видат дали може или не да се искористи гаранцијата и после неколку дена бев да си земам друг за таа вредност бидејќи немаа од истиот модел, но не можев да најдам нешто соодветно на цена и големина и ми дадоа да си изберам што сакам за таа вредност. Пари не враќаат мора да земеш нешто за сумата што ти е или поскапо со доплата иначе ако ти е со помала сума не ти враќаат пари.
Накитот со Сваровски елементс (значи не оригиналниот Сваровски накит) за колку време ви потемнува? Ако имала некоја и од двата вида, може да спореди
Имам еден комплет со Сваровски елементи од Буши (Чаршија) и задоволна сум и од кристалите и од сребрениот дел. По неколку носења ги полирам со крпче за бришење наочари и блескаат како нови. Само да напоменам дека комплетот не беше воопшто евтин и може слободно да им парира( по дизајн и квалитет) на оргиналните парчиња Сваровски накит кои ги имам. Е сеа, по продавници се среќаваат и доста “Сваровски” кристали со сомнително потекло (алиекспрес) и многу лош квалитет кои за брзо време не личат на ништо, “сребрениот” дел потемнува по неколку носења, камчињата делуваат ко пластични и слично...
Имам и оригинал и OUXI .. Не сум воопшто задоволна ниту од едните ниту од другите. За тие пари би си купила нешто трајно (златно,сребрено)
Спојлер еати сваровските, пардон "сваровските" елементс. Само што си купив така звано кристалче, утредента го гледам подизгребано отпозади. Не го купив такво сигурно, а тоа му ја дава нијансата. И го премачкав со безбоен лак. Чуму ми е сертификатот?? пих. за тие пари ништо повеќе не очекував, ама од битпазар да го земев за 50 ден. немаше толку брзо да се оштети.
не чинат сваровски елементс , исто како фејк да сум купила ми се , џабе пари давање . Ќе си зимаш оригиналното пакување , плава кутијка со сертификат , др не ..
Здраво, ми се допадна еден прстен на Crystals from Swarovski, но не знам да не е фалш нешто. Внатре има сертификат, фирмата се вика Фивос од Чешка(во продолжение има слика). Па да прашам дали некој има накит од истата фирма, како сте задоволни, дали накитот рѓосува и сл..