За едно обично привезоче никогаш не би дала 100 евра па и повеќе,со тие пари ќе си купам бело злато со дијамант(таа комбинација ја обожавам) а не за обична бижутерија..
Имам неколку парчиња сваровски - поклон ми се, и стварно се прекрасни, како светкаат....за мерак. Инаку сама не би дала толку пари за накит, можеби некогаш ако заработувам подобро
Имам две ланчиња со приверзоци од Swarovski,подарок за матура ми се. Ги обожавам и многу често ги носам. Еве некои работи кои ми се допаѓаат
имам само еден пар обетки од сваровски и преубави се инаку многу е скапо така нешто поубаво да земеш е изгор и да,на дечко ми му реков -без СВАРОВСКИ немој да ме просиш
Темава у срце ме гаѓа Одсекогаш сум сакала како светкаат, и се многу добра замена за дијаманти, и да не се лажеме, некој ќе каже подобро да дадам пари за дијамант отколку за Сваровски (демек повредно и ќе трае, мада и кристалот трае), а добро знаеме дека цената на овие кристали е далеку поприступачна отколку дијамантот а изгледаат скоро идентично. Исто така неможеме да споредиме стакло и Сваровски кристал...апсолутно се разликуваат, барем јас ги препознавам! Целата работа во нивниот добар изглед и "папрената" цена, е добрата обработка. Си имаат уникатен систем и начин на брусење на кристалот, со многу страни и агли за подобро прекршување на светлината. Не ми се свиѓа само што како подлога го користат родиумот бидејќи потемнува, а незнам дали има начин за негово чистење како што може кај среброто на пр. Но има вистина во тоа дека родиумот го користат баш поради тоа што така кристалите доаѓаат во израз...сум имала прилика да видам како изгледаат Сваровски кристали на жолто или бело злато...дефинитивно не е исто. Јас си ги сакам и посакувам во иднина накитот да ми биде само Сваровски. Не ми треба злато Имам неколку парчиња добиени на полон, а јас сама имам купувано само ситни со долна рамна подлога кои се користат како апликации за облека (се лепат). Исто и јас на дечко ми му викам, без Сваровски не ми доаѓај да ме бараш за жена
Не сум некој љубител на скапоцености ама никогаш не би одбила Сваровски Всушност и не сум купила туку она што имам сум добила на подарок. Имам ланченце со привезок срце целото со кристалчиња од брат ми и комплет ланче со обетки од зелен кристал подарок за роденден од дечко ми. Е сега дека им разлика има. Пред да го добијам подарокот од дечко ми си купив обетки - бижутерија, исто со зелени како кристали. После ги споредив и двете и всушност нема споредба. Колку само прекрасно светкаат Сваровски-те, ммммм. дизајните им се прекрасни и рачно се брусени, па затоа и се скапи. Од друга страна воопшто не ми се допаѓа тоа претерување со фрижидерите и лаптопите ама тоа ти е - бизнис.
Ги обожавам сваровски кристалите. Имам неколку парчиња и знам дека се оригинали бидејќи не се од МК туку од др. држава и се со сертификат и гаранција. Многу тешко е да препознаеш оригинал и фалсификат. Ги носам во одредени ситуации и кога ми одговараат со гардеробата,
Може ќе делувам снобовски - но јас сум на`мкната на кристали. Ретко што може да ме направи по-среќна од едно обично камче што светка. Ме фасцинира убавината на кристалот, исто како и убавината на ледот на сонце... Блиските го знаат тоа и скоро во секоја поважна пригода ми купуваат кристални дрангулии -најчесто накит - и најчесто сваровски. Бтв. незнам како ќе бидам сфатена, но јас бев изненадена од ниската цена на сваровски кристалите. Бев да си купам едно ланче(привезок), мислев којзнае колку скапо ќе е, (морска звезда кристал, големкичок и прекрасен) ајде викам од првиот хонорар ќе си го дозволам. Можеби на попуст го начекав незнам, но цената му беше 2500 денари, што мислам дека воопшто не е скапо за ланче од таков бренд. Имам неколку ланчиња, една терезија, и неколку пара обетки од сваровски и ги обожавам.
Имам неколку парчиња,Dolce&Gabbana часовник со кристали на Swarovski,една нараквица,еден пар обетки и срцето како на Ирена само моето е розево ,и кујната наша е на Swarovski.. Вака изгледа отприлика
Сега скоро за роденден мајка ми и татко ми ми купија (да си се пофалам нели ) вакво, само ѕвезда и много ми се допадна.Сега го чувам како црнката во очите што се вели
Имам две ланчиња, три пара обетки и нешто како брош. И искрено не ми прават мерак. Да, убави се за гледање, така префинето и елегантно делуваат, ама јас не ги носам. Мајка ми и сестра ми повеќе ги препочитаат, додека јас попрво си носам бижутерија, и евентуално сребро. Ептен ми се некако испопуларизирани, да не кажам снобовски. Башка... веќе клише станаа ланчињата што дечковците им ги купуваат на девојките за годишнини, празници итн. Колку некреативно, трк до Сваровски и работата е завршена , зошто нели сите жени сакаат дијаманти.
Мене многу ми се допаѓаат, не поседувам, но би сакала да имам дома сваровски кристал. Се надевам дека некој ке ми подари наскоро.
Jaс имам обетки сваровски кои ги добив на наградна игра пред 2 години каде требаше да напишеме некоја творба за сваровски и најдобрите 10 добија обетки Никад ги немам ставено, не ми се убави, ми изгледаат како евтин акцесорис од пазарче Само бел си е кристалот. Сваровски во глобала ништо посебно не е обични изработени ефтини кристали со супер реклама. Не ме привлекуваат. Јас може да влезам во продавница и да речам леле што се убави, ама нема да купам ништо. Дедо ми ми има дадено пари за дипломска да си изберам сама накит од сваровски. И 2 години ми стојат парите зашто не знам што да купам. Едноставно не ме привлекува тој накит да го носам и точка! Може само да го гледам
хммм... Кога бев во Италија погледнав неколку.. ама беа премногу скапи, ако не добро се сеќавам едно малечко, најмалечкото кристалче беше околу 150 евра. Ама прекрасни се!
Иако имам неколку според мене не вредат за парите Немаат трајна вредност, убави се дур не им помине модата и после се за во ѓубре! Скапа бижутерија што би рекол татко ми. Тие што ги имам ми се поклон од мајка ми некој, некој од дечко ми
пред 2 години си купив едно малечко срценце на врвка-како герданче од Swarovsky и многу си го сакам, а скапо го платив околу 50 евра ама еднаш се живее, како што велат во филмот Moulen Rouge дијамантите им се најдобри пријатели на жените, а јас би додала и Swarovsky кристалите
Обожавам се што светка Па така и Сваровски. Имам неколку работи од таму коишто со задоволство си ги носам. Исто така имам зимано и од АВОН кога ќе видам дека е со сваровски кристали. Ама ми кажаа пред некое време дека била бижутерија,поскапа некоја, и се разочарав.