Од сваровски ми е прстенот од маж ми за веридбата. Во приницип јас не уживам многу во скап накит, затоа и бурмата ми е најобична од бело злато,без никакви светки и додатоци. Исто од нeго имам и едно ланче со знакчето инфинити. Овие ми имаат и сентиментална вредност па многу си ги сакам. Инаку и мене ми стои повеќе ко за фалба ова сваровскиот. Ако е убаво парче не е важно од каде е и колку чини.А и не мора да светка за да биде убаво.
ЕЕЕ и јас ја имам истата...Подликува на морска ѕвезда и има прекрасен одблесок... Јас сум духовно и сентиментално заколната во тоа парче, и ретко и да го вадам од мене... еве го моето исто е:
јас имам само ушнички сваровски како топчиња,ги добив на поклон и ми се допаѓаат,скапи се,ама доколку би имала повеќе пари сигурно би си купила нешто.
единствено нешто што го имам е едно ланче со срце преврзок, од свекор ми поклон А мајка ми има од Авон едни, ама колку се Сваровски менѓушиве не знам Направи нарачка над 6000 и и го дадоа, ама има мнооогу малце кристалчиња, така да Не можеш да видиш дали се Сваровски
Мене ме интересира дали некоја девојка добила СВАРОВСКИ свршувачки прстен сигурно е преубав како и се друго...засшо му реков јас на дечко ми -без сваровски не ме барај а колку чинат отприлика прстените знае некоја
http://www.swarovski.com/Web_US/en/0112 ... Rings.html eве бе види си, додуше одбери си Jас сакам прстен од Тiffany & Сo Пример ова 2 во 1 Ма сеедно немора и овој, кој он сака ама од Тифани да е 100% сум сигурна дека ќе останам немажена ако ова барање за веренички јавно го кажам
Еве го мојот веренички прстен, имам и обетки кои ги купив од Турција од една продавница на Сваровски но можеби е била некоја лажна но и сертификат ми дадоа ама камењата почнаа да ми паѓаат после 1 година носење, некои ми велеа дека не треба да се потопуваат со вода т.е да не се бања со нив па каков квалитет е тоа, ги платив околу 150 евра а се минијатурни. Исто така од Фри Шопот што е на Грчката Граница за 1годишнина мажот ми ми подари срце со кожна врвка но за жал таа се скина.значи јас не сум задоволно од Сваровски кристалите
Јас не би свршенички прстен од сваровски, пре би дијамантче и од тифани да, по можност да е И на дечко ми така му кажав и ми рече да сум почекала, сега немал толку пари за прстен
Есенва и купив на мајка ми еден приврзок од Сваровски, за 50-тиот роденден. Прекрасно есенско ливче, со златест отсјај. Ми се допаѓаат малите и нежни парчиња накит, и онака не носам бижутерија, повеќе сум по софистицираните мали детали што не бодат очи.
Изгледа јас сум единствената жена на планетава Земја (освен мајка ми) која не припаѓа во несвест од овие кристалчињава. И свршенички прстен еве, да добијам, не сакам да светка. Не ги сакам, што да правам. Кичести ми се. Да не навлегувам во дебата колку сум против дијамантите. Сега кога бев на пат пред католички Божиќ, видов во еден град продавница од Сваровски, туристи се сликаат пред неа, паѓаат во несвест, јас ќе повратев од кичот. Кочија цела во излог накрцана со кристалчиња и свети. Снобизам на тони. Се извинувам девојки ама едноставно не No hard feelings. Да треба дечко ми да се плесне по џебот и да ми купи скап накит, поарно со тие пари ќе си го накрцам куферчето со секси долен веш и ќе отидеме заедно на Карибите на секси патешествија по островите.
Одамна сакам да си купам обетки и прстен но фактот дека металот не е злато не ми се допаѓа од аспект дека за брзо време може да се промени. Сум купувала фигурички за подарок и знам како секогаш објаснуваат да се чисти со памучна крпа, ако е накит да не се прска парфем на него итн. Сигурно не би ставала парфем на обетките и со прстенот не би миела садови ама раце да си измиеш а прстенот да се распадне и тоа не иде. Како го оддржувате накитот и каква е неговата издржливост?
Издржлив е, барем оние парчиња што ги имам. Го чистам со обична памучна крпа и ништо повеќе, досега не променил боја металот. Не ги носам постојано, си ги чувам во кутиите во кои се купени. Прстени немам, па не можам за нив да кажам, ама обетките и приврзоците ми се во одлична состојба.
Многу е издржлив,јас секојдневно носам саат,со накитот-обетките и ланчињата се туширам а парфем ставам редовно.Саатот го имам 2 години,ниту боја му се променила а и на накитот ништо не му е. Убав накит има и во Oxette,и тој е доста добар и квалитетен.Плус таму има и попуст и можеш да најдеш убав накит.
Поседувам само едно ланче, ама по него можам да кажам дека дефинитивно се прекрасни, квалитетни и вредат за парите!