јас имам часовник и привезок со сваровски кристали секако не сум ги купила подарок ми се а за убави убави се,часовникот нон-стоп си го носам и ми одговара на се додека привезокот еднаш го извадив од кутија го прошетав и пак назад
Многу се убави и елегантни. Имам многу ланчиња, обетки, прстени, часовници... Многу ретко носам бижутерија, скоро никогаш. Затоа овие секогаш ми се наоѓаат.
Имам 5 ланчиња и пар обетки. Мене ме бендисуваат. Не се лицкани со шесто миљарди кристали, по едно кристалче во боја е секој привезок, и многу ми се убави и со мерак си ги носам со години. Кристал нема мода поминување. Плус не сакам помодарци.
Прекрасно изгледаат, многу се префинети. За квалитетот да не станува збор, дефинитивно вредат за парите. Ги обожавам! Инаку, имам еден пар обетки, две ланчиња и прстен.
Јас си го одбрав свршеничкиот прстен, кој сака да ме запроси бујрум Немам ништо од Сваровски али секако не би се бунела доколку некој изрази желба да ми подари. А највеќе од се сакам јас да можам да си ги купам тие светкави камчиња отколку да чекам некој да ми купи.
Многу се убави има многу убави парчиња која лично би ги носела стално. Убаво е што е квалитетна изработка и не се нешто многу скапи. По фри шоповите се многу ефтини, преубави обетки така нежнички за 35 евра. Не е многу за Сваровски воопшто. http://www.swarovski.com
Кога бев во Чешка си купив убаво комплетче гердан и обетки со сваровски кристали. Таму не се воопшто скапи во споредба со цените кај нас Ватевр си ги сакам
Јас имам обетки Сваровски и убави се гледајќи го фактот дека не носам многу обетки, повеќе ѓердани или алки и морам да кажам дека злато си е злато за мене иако златните обетки не ги носам долго време, златни ланчиња имам не би носела, единствено може ќе го носам ланчето со мојата прва буква, не носам ни златни алки. Но, кога се работи за прстени, само златни прстени. На лева рака 2 и за ништо не ги менувам, имав еден со розев камен на десна ама го извадив. А, добро би ми дошло што било од Сваровски не го враќам назад кога би ми поклониле и со задоволство ќе го носам
http://www.swarovski.com/Web_AA/en/onli ... in=landing Ги имаш тука цените, само претвори си ги во денари.
ги обожавам Сваровски кристалите...прекрасни се... ланчина, обетки, прстени од Сваровски имам еден куп...прекрасни се
Имам неколку парчиња сваровски. Некои сум ги добила поклон, а некои јас ги имам купувано(т.е моите ) . Премногу сум задоволна вредат за парите.Прекрасни се.
A kaде има бело злато со дијамант за 100 евра?Јас заљубена сум во дијаманти ама толку ефтин не сум видела
Имам прстен и ланче. Цената зависи од класата, колку што знам јас одат по класи колку е повреден кристалот.