Мене искрено ми се допаѓа обработката на кристалот иако е нели...само кристал. Е сега колку навистина вредат нивните изработки не знам...Остајте ланчиња, привезоци... Претеризам се цените на некои од украсите што ги имаат... Има едно пиленце направено ( големина на врапче ) и е околу 70 000 ден. Инаку сметам дека е секогаш совршен поклон за девојка. Имам неколку ланчиња и ги обожавам...Пред се, бидејќи се нежни и навистина одговараат скоро на се.
И покрај негодувањето со подароците, дечко ми запнал и ми поради привезок. Не сум фан на вакви мали привезочиња, а и клише се накако, подарок од дечко. Ама ќе го проштам, здравје, не оди да не го ставам ниту еднаш. Прееска шетав низ центар, да најдам подарок за мајка ми , за роденден. Во Сваровски донеле нова колекција, ланчињата глава боли, ај што се убави, ама тоа цените.....
Баш за 8март на мојата докторка и купив комплет ланче и обетки од Сваровски. Не сакав да ја утнам, па изгледа ја погодив.
Мене искрено ми се допаѓаат.Таков тип сум по природа обожавам вакви нежни,слаткички и квалитетни работи.Сакам квалитетен накит,не можам да носам секакви џинџурии на себе.Сакам префинетост,тоа ми е една од карактеристиките на Сваровски.Љубител сум на накит,посебно на накит од ваков калибар Имам синџирче со приврзок срценце од дечко ми и мн.си го сакам и ми е драго затоа што ми е подарок од него.Мислам и дека среќа ми носи тоа дека е дадено со љубов... Во план си имам и сама нешто да си подарам за пролетта што доаѓа.
Многу сакам накит со Сваровски кристали.Поседувам 2-3 пара обетки,2 алки и неколку ланчиња и премногу си ги сакам.Некои јас сум си ги купила а другите ми се подарок од мајка ми за разни поводи. Сега видов многу убаво ланче.Имам план да си го купам..ама прво треба да се пребројам..
Сваровски накитот го сакам и ми се допаѓа, искрено сама си немам ништо купено (тоа е поради фактот што не сум некој љубител на каков било аксесоар без разлика дали е злато, сребро, кристал или пак обична бижутерија) но го имам добиено на поклон едното ми е од бившиот (ланче) а другото од моите за дипломска (ланче со приврзок и прстен). но не ми се допаѓаат ''кристалите'' налепени на чанти , по фустани ,на чевли, наочари ....а особено кога влегувам во некоја продавница и кога продавачката ке ми искоментира ...АМА ТОА ТИ Е СО СВАРОВСКИ КРИСТАЛИ .....бла бла бла секое цирконче не е сваровски ама ај...
imam nekolku raboti os svaroski gi sakam zavisi ako ima poveke kristali na niv se poskapi ako nema tolku kristali i ne se tolku skapi gi obozavam poveke od zlato a za sekojden na rabota si menam sekakvi i poevtini...
Девојки може ли да ми кажете каде во Скопје можам да најдам накит од Сваровски, овде во Велес има но нема голем избор, четврток ќе одам Скопје па би сакала да разгледам. Може и ЛП.
Освен главната продавница на Сваровски која се наоѓа на Рекорд, еден вид на аутлет Сваровски има и во една продавница за накит во ГТЦ на вториот спрат. Не ми текнува како се вика, ама лесно се распознава, зошто за разлика од бижутериите, има доста поскап и поелегантен накит. Исто така, во чаршија во многу од златарите има обетки и прстени со сваровски кристали. Има постари моделчиња и сериски изработки и не се многу скапи.
Во Оксет има исто така Сваровски кристали, имаш во Рамстор доле во холот и во ГТЦ на втори како во пролаз е
Леле женски на Фри Шоп да знаете колку убави белегзии, ланчиња и обетки има од Сваровски лелеее Белегзиите беа 100 евра, обетките и ланчињата помалку.
Ги обожавам, имам 10-тина парчиња накит и мн повеќе ми се допаѓаат отколку златото. Имаат прекрасни обетки, ланчиња, прстени. Ма све е прекрасно
Ми се допаѓаат аксесоари со сваровски кристали но сама си немам купено. Ми имаат подарено за полуматура ланче и обетки со срциња камчиња и за роденден детелинка со четири листа