темава у срце ме гаѓа, сваровски накитот ми е слабост и буквално цел накит ми е од сваровски од секоја нова колекција купувам по нешто. ги обожувам кристалите
http://www.sisi-shop.at/jewellery/bette ... stern.html Ова го добив на поклон, и ми е единствениот сваровски накит, и мноооогу ми е драго
Го обожавам накитот на Сваровски и слабост ми се кристаливе... имам неколку парчиња од кои еден од тие ми е прстен кој ми го подари баба ми, многу ми е драг и ми е убав спомен од неа
обожавам сваровски имам обетки и еден украс другарка ми од шведска ми го донесе за дипломирање. кога сме кај сваровски ....една работа ми иде на нерви ненормално а тоа е ставање на "сваровски " на венчаници ма како не !!!!!! идам послениов период по венчаници и ви се верува или не на неколку места ми се крена косата со тоа ....оваа венчаница е со сваровски!!! си мислам лугево будала ли ме прават !!!! ако ја нареди цела венчаница со сваровски треба да кошта оооооооооооооо а не 50 000 денари ! искрено незнам кој им е филмот ама ова треба да си го земат во раце и лугево во мк од сваровски за тоа што девојки наседнуваат на штосот
Јас за дипломската од кумата добив ланче со убав привезок Сваровски. Ланчето е многу убаво и нежно, баш ми се вклопува во стилот бидејќи најчесто носам кошули. Кумата ми рече дека наводно привезокот ја апсорбирал негативната енергија, а на одредено време требало да се мие со млаз ладна вода. А имам читано дека после миењето, кристалот треба да се стави да се наполни на сончева светлост или полна месечина.
Ги сакам Сваровските кристали Малку се скапички ама се многу убави и воочливи.Имам едно ланче и на него има три привразоци од сваровски кристали.Го носам нон стоп и ми преставува среќен предмет.Дури и се бањам со него.Поклон ми е од мајка ми,а пошто мајка ми моментално не е тука во Македонија,ми недостига,го носам него.Имав и еден прстен од сваровски ама него го загубив за жал
^^^^Јас за свадбата прво сакав вакви,али не ми одговараа на фустанот,инаку ги имаш во Сваровски на ул.Македонија.Мене не ми се бендиса што боите се прелеваа на кристалот-жолто,зелено,лила,јас сакав бело и затоа не ги зедов. Инаку беа 6000ден.
^Фала. А инаку што е финтата со продавницата swarovski во стара чаршија? Тие да не се копија на swarovski?
Не знам која е таа но како што знам само една продавница во Скопје е Swarovski. Останатите се со елементи Swarovski, односно тие кристали но среброто и останатите детали се од Македонија. Доколку не ти се брза и имаш некој кој ќе патува со авион ти препорачувам на фришоп да провериш за цена. Во принцип е поевтино само внимавај кој курс ќе го стават. Единствено гаранција не следува кога се купува така.
Во неа се продаваат кристали Swarovski Elements, не се копии туку можеш да прочепкаш и по интернет дека ги има и на други места каде што се продава накит (исто и во Скопје, има во Две шмизле, во Пенелопе кое го имаше во Рамстор и ГТЦ, и сега има и во Сити Мол, а имаше и горе во ГТЦ една продавничка со кристали која ја затворија, до Тренд продавницата истите раб ги има кои се дупло поскапи од таа во чаршија) а оригиналните модели на Сваровски се продаваат само во нивните брендирани продавници и секогаш има нови модели кои не се исти со оние погоре Сваровски Елементс И во таа продавница во чаршија даваат кутија и гаранција дека производот е од Сваровски елементс. http://www.swarovski-elements.com/home/index.en.html
Ич не ги сакам Сваровски кристалите. Така почнаа на све и свашта да ги ставаат што ми изгубија секаква вредност.
Е мене со ваков ме запросија и си го носам и убав ми е. Имам и обетки што ги носам ретко, во некоја прилика. не ми личи баш така лскава, светкава да сум преку ден, за ката ден. И обетките ми се поклон.
Воопшто не ги сакам кристалите Сваровски. Плаќаме многу а добиваме ѓубре, како што ми рече еден златар во чаршија. Кристалите се остатоците од дијамантот при фина обработка. Имам едно ланче, го добив на подарок, ниту еднаш го немам носено, башка што има жолт сјај...
Имам многу Сваровски кристали,и мислам дека не се воопшто скапи. Последното нешто што си го купив беа обетки со ланче што ме чинеа само 2500 денари и се преубави ! Добро, има и скапи, има и над 10 000 денари, но има и поефтини. Ќе си ја пуштате ногата колку што ви е долга чергата..
Ова му доаѓа колку пари толку музика...ако сакаш некое извонредно парче сваровски кристал се разбира дека нема баш за ефтино да го најдеш....имам дома ланче со сино срце од сваровски од Виена,поклон ми е и доста често го носам баш ми се допаѓа...доколку би била во можност би си купила и прстен од сваровски
.. ...го обожавам Swarowski накитот.. . ...имам неколку парчиња ланчиња,и сега планирам да купам обетки. затоа што од накит и тоа само носам....иначе ги купувам по Free Shops,а цената е во зависност од моделот на накитот,а изборот према парите во џебот...едно ланче со срце во срце го платив 100 eu, друго вера љубов и надеж 80 eu,трето со привезок солза 95 eu,сега меркам едно долго околу 100 eu и едни обетки 100 us.......наскоро ќе патувам па ако ги има на лагер ќе си се почастам... . ...во Mакедонија мислам дека дистрибутерот за оваа фирма е од Куманово,така да таму има продавница имам видено на Swarowski,ама немам проверено шо имаат и колку пари е...