Немам таков накит.Едноставно мојот стил не се вклопува со кристали. Но гледам многу луѓе купуваат Колку и да е тренд не би зела
Прекрасни ми се! Си добив на подарок ланче со сваровски кристали. Кога го видов беше љубов на прв поглед Деновиве каде и да одам гледам да го носам
Имам само еден комплет од обетки и ланче кои ги добив како подарок од дечко ми за нова година. Имам ставено слика во омилен накит. Во план сум да си купам уште нешто,имаше едни убави проѕирни обетчиња во форма на срце.
Ги обожавам прекрасни се, јас имам од оние поефтините што се Сваровски елементс ама преубави се. Мене не ми е важно да бидат скапи важно ми е како изгледаат и тоа што знам дека се вистина кристали а не пластика или стакло. А за оние вистинските(читај скапите, никогаш не би дала толку пари и кога би имала, навистина не вреди за нешто толку минијатурно, кога и овие што ги имам изгледааѕ преубаво и се од истиот бренд.
Продавницата за сваровски елементи во стара чаршија дали ја затвориле/преместиле, или пак ја никако не можам да ја најдам?
Многу ги сакам овие кристали. Ептен ми се елегантни и луксузни. Имам неколку ланчиња и 3 пара обетки Ми се вклопуваат со мојот стил на облекување
Имам едно ланченце, подарок ми беше за роденден и си го носам, ме изненадија со ланчето што ми се допаѓаше. Инаку беше околу 1000 денари, не е ни малечко многу ни големко. Ете го
Имам ваков модел на обетки,па ќе ве замолам пишете како ги чистите ? некако го изгубија сјајот,а не им се случи ништо
Најискрено многу евтино е, дури не ми се верува дека за 1000 денари има вакво убаво ланче од Сваровски.
денес бев да купам поклон, за девојче. И тргнав да купам нешто златно и се запрепастив кога видов дека за многу пари имате никакво злато. Јас не сум љубител на накит...ама ич.. Сепак ...да се вратам на темата...незнаејќи што да купам, отидов до продавницата на Сваровски и од таму купив нешто...како и да...навистина е премногу за едно мало мало минијатурно привезоче , кое BTW не е златно ...да се дадат 3000 денари. Ама како и да е..битно е тоа малото да се израдува и нормално СО ЗДРАВЈЕ да си го носи!