Редовно си носам сваровски и мислам дека убаво ми прилега по нежно нешто. Имам 3 пара обетки, 3 ланчиња, прстенче и нараквица. Преферирам да ги носам на посвечени излегувања, но некогаш си носам и ланче за обична прошетка.
Мислам дека не се некој голем луксуз. Цената им зависи од големината. Носам ланчиња од Сваровски и многу ми се допаѓаат бидејќи се нежни.
Последен Сваровски подарок од љубовта... Иначе имам многу накит од Сваровски баш се супер... Некако ми се нежни женствени парчињата накит...
http://www.swarovski.com/Web_US/en/1121 ... ndant.html Фино подароче за роденден од дечко ми Отсекогаш сум ги сакала Сваровскиве прекрасни ми се Не го вадам од мене ланчево
Мноогу сакам накит со сваровски кристали зависна сум од нив стално носам по нешто,имам прилично бројна колекција.Еве ја мојата најнова нараквица...кога ќе сликам уште нешто ќе го прикачам
дечки убаво е да носите накит каков што сакате ама искрено ќе ви кажам дека сваровски кристалите се само скапи а воопшто не се квалитетни, не се ни нешто посебни, не знам зш толку девојките лудуваат по нив, јас абе денар не би дала за нешто што не е квалитетно
Девојки ми се скина ланче од Swarovski. Т.е. тоа привезокот беше како со две дијамантчиња и ми се разделија (скинаа). Е сега има гаранција до мај оваа година. И дали за поправка треба да го носам во таа продавница каде што е купено, или може во било која продавница на swarovski ?
пробај таму каде што го имаш купено..но ако имаш гаранција би требало и во други продавници на сваровски инаку еве ова го купив за поклон за свршеницата на брат ми
Има многу убави работи во Сваровски,но секако,неможе секој да си ги дозволи.Најголем впечаток ми имаат оставено нивните обетки,но се е убаво.
секогаш кога проаѓам од таму, ме привлекува излогот...џиџани се, но сепак тоа е премногу висока цена за таков накит. Сепак не би дала пари за тоа, освен ако купувам поклон некому!
Дел од мојата колекција на накит со сваровски кристали повеќе во наредна прилика ќе сликам и ке ги прикачам...Инаку Ana-sweet не би ти препорачала да се тушираш со накитот обично сваровските кристали одат заедно со сребро зашо неможе само кристал е сега среброто може да се топи со вода зашто и ако поцрни се чисти со сода или во сребрара арно ама кристалите лесно пагаат доколку бидат потопени со вода и губат дел од сјајот...јас мојот накит го чувам во оригиналните кутии,го пребришувам после секое носење со мека крпа и пред туширање или миење на раце го тргам настрана и ми делуваат како вчера да се купени парчињата..се надевам помогнав