Свекрви, мајки и останати „советници“ во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од naturallmess, 19 октомври 2020.

  1. naturallmess

    naturallmess Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.844
    Пол:
    Женски
    Незнаев дали да пишам во недолични коментари дали во адети , па ова е малку посконцентриран случај на конкретна тема па отворив нова ( ако има слична нека иде во канта :D) и искрено толку се изнервирав што морав да пишам ...
    трета бременост нели и мислев ќе помине без муабети што како треба да се прави и ќе си терам по мое , кога вчера лека полека си се качи свеќи да ме потсетела зашто ја сум заборавила се , купивме нови алиштенца и креветче и ја исправ нешто и си подзапеглав , ми вика како сум можела да пуштам во машина требало се на раце да исперам ( водата да не идела во одвод во цвеќиња да сум ја истурала) , не требало да се вртат алиштата во центрифуга , се стрча накај креветчето земала од кај син ми некоја мечка па да сме ја ставеле да седи внатре , не требало да седи празно, да сум си знаела она ќе купела за искачање комплетче и да сум знаела она ќе дошла горе да спие првите недели зашто ако сум заборавила требало на праг да се стави нешто дека кога ќе зајде сонце јас никако да не ги поминувам праговите ..... ни поканета ни ме видела цела бременост ни ми помогнал некој нешто , се правам сама се дрзнаа да ми објаснуваат големиве како да ги воспитувам па сега за ова баба ќе го учела како треба и рекла на ќерка ми едно дете бар да било воспитано на место , крвен притисок до плафон , мислам дека од петици почнав да викам , да си се собере надоле по скали и како што не дошла до сега исто и натака да не ми се качува , за да ја затвориме дискусијата секако на крај ме потсети на муабетите нејзини , е што ми требало уште едно дете сега кога килава и онака сум била па се бременостите со компликации ми биле ..... дали да плачам дали да се смеам :worried: мислев луѓето се менуваат , ај викам не се дрзнаа овој пат да ми попуваат еве скоро 8ми месец сум ама изгледа грешка сум била , му раскажав на мм па попладне ќе ја досреди работата он ....
     
    На Alishan30, crazylady, Cka и 12 други им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    4.716
    Допаѓања:
    41.242
    ова не е за нервирање верувај ми иако си бесна во моментот
    За жалење е овој простатилак мртва ладна изнаклешти и се у очи и речи и те жалам жено човеците на месечината се качија а ти заглавена си у 15 век
    Ај сеа прибери се оти ке ти се смеат сите и ој си доле
     
    На Alishan30, Miss666, crazylady и 17 други им се допаѓа ова.
  3. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    3.407
    Пол:
    Женски
    Се изнасмеав, абе јас им го пуштам патот со овие суеверија, верувај ми нема да им го докажеш спротивното. Ова со мечкава ко мајка ми моја да ја читам, да не било празно креветчето мече да сум ставила плус и ми купи мече, јас само добро мамо ќе ставам нема проблем. :D
    Иначе ти сама одлучуваш колку деца ќе имаш.
    Баш јас со свеки пред некој ден ручав и и викам се надевам не ќе сум царски пошо само три деца максимум можеш да родиш и ми вика, па што ќе ти се повеќе од 3?|(
    И викам никогаш не се знае, и си заќуте. Тоа, таа генерација сите се исти.
     
    На Alishan30, crazylady, Butterfly1107 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. naturallmess

    naturallmess Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.844
    Пол:
    Женски
    Маката ми е само се глуми наоколу а позади затворени врати се гледа кој каков е , пред луѓе мед и млеко ни мајка ми не е поарна ама ај со неа сега само на телефон строго и толку од едно влегло од друго излегло (facepalm)
    ми пререче за јадење се сум наоѓала мани во бременост па децата маанџии ми биле , ете диња не сум сакала за инат да пробам во бременост па ниедно дете не ми јадело ( инаку ќерка ми обожава дињи ова лето на ден по една цела сама ја јаде ) и викам седи си доле од таму баш не се гледа што јадат а што не јадат моите деца (facepalm)
     
    На Alishan30, Bella_Stella, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. ivance..

    ivance.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.402
    Пол:
    Женски
    Колку проста жена сеуште живее во минатиот век која е она да се дрзне да ти коментира како си ги исчувала и воспитала твојте деца па нејзе ако и беше карактерот и воспитанието како што треба немаше да се меша и да ти кажува што треба да правиш и како да си ги воспиташ твојте деца ич не и се замарај ако пак ти рече нешто речи и дека нема право да се меша и да збори како да воспитуваш твој деца доволно си голема и паметна а она нека си го гледа нејзиниот живот и нека не се меша многу
     
    На Alishan30, thelittle17, Milkiway и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Tsukinory

    Tsukinory Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    4.195
    Пол:
    Женски
    Се што ти кажала ситно ронела трици. Само ме изнервира она со од три барем едно да е воспитано. Е за тоа не заслужува не последното на сите три внучиња веќе очи да не им види. Имам јас таква една не свекрва, баба што си ги дели внуците ден денес. Како да и докриве што прва во фамилијата ќе родам правнуче. Еве ја 9 месеци не се јавила и не ме прашала како сум. А на братучедите толкави мажи веќе за леб што заработуваат им дава секое идење по 50/100евра. Ама ако нит ми е требна нејзината грижа нит пари. Само да сум знаела како дете да не сум се трудела толку за нејзината љубов и внимание. Пораснав како пепелашка чистејќи и работејќи барабар со нејзе куќа двор од 10 год до 21. Ни друштво ни излагање си ги потрошив најубавите години докажувајќи ја мојата вредност.
     
    На Alishan30, BloodElf, thelittle17 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    11.999
    Пол:
    Женски
    Советници колку сакаш. Мајки, свекрви, тетки, стрини, комшивки... ма не второ, трето, шесто ако сака нека ти е бебето, ти не знаеш, тие знаат, изгледале пред 30, 40, 50 години и се знаат. И класика муабет, вие младите денес ништо не знаете, не сакате совети да слушате :D . Не само овие што ги знаеш, што ти се блиски... по улици се дрзнувале советници да ми се прават. Мајка крени го бебето, греота е да плаче, мајка нека не му свети сонцето, стави му пеленка... а ова гладно е, затоа ти плаче. Абе сите знаат се за твоите деца, само ти не знаеш, хахаха.
     
    На Alishan30, lovely91, Idedemja и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Алал да им е на тие снаи што можат да премолчат и да го терат денот без да се изнервират од нив (тие што се во заедница) (facepalm)
     
    На thelittle17, poppie, Krofna* и 3 други им се допаѓа ова.
  9. naturallmess

    naturallmess Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.844
    Пол:
    Женски
    5 години во заденица , поминато и сито и решето , секакви муабети секакви попувања , вака требало ,онака требало , ние не сме знаеле да работиме со пари ние сме биле неодговорни .... се одвоивме излезе работата дека се средивме направивме спрат од 170m2 и деца сами израснавме исчувавме и работа добра , а они уште се во две соби , пола спрат ненапраен и заглавени во кредити 25години во куќава ништо вложено од кога сум дојдена тука ..... заедницата само те уназадува и дека за советување по основ бременост сите имаат по нешто да кажат знам и јасно ми е , ама да не се претерува .....
     
    На Alishan30, Осе, crazylady и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Пред да се омажам не ми беше јасно дека секоја втора е таква, мислев само баба ми била таква, цел живот нервози од неа мајками има, ама сега гледам дека баш реткост е да ти се погодат свекорот и свекрвата.
    Јас од првиот ден сум на страна, видов со што луѓе ќе имам работа и одма стан зедовме сега сами нема проблем.
    И сигурна сум дека уште не веруваат во вас, обично такви се тие сезнајковците :D
     
    На Alishan30, thelittle17, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Ygritte

    Ygritte Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    18.139
    Пол:
    Женски
    Кај нас креветчето уште 1.5 месец стоеше неотпаковано :D мислеа дека во 8ми месец ќе се породам, па настана општ хаос за купувањето. За алиштата сите си ги исправ во машина, и играчки и алишта, за облеката од болница, јас си ја одбрав, свеки ја плати, не направив проблем воопшто, прво внуче и беше чекано 6 години :D мајка ми го купи креветчето, свеки количката и ај чао.
    Свеки ми е млада, и не емногу по адети. Една сваќа и се јави да праша кога сме го капеле бебето и кај сме ја фрлиле водата до 40 дена, и јас и таа бевме :drunk: :^) ^_^ како каде и вика, па во одвод.... Неее вика, бебе наутро се капи, водата во цвеќе се фрла :) и тоа по 2 пати денот, и сабајле и вечер, и таа вода од вечер во цвеќе се фрла :headbang: :headbang: :headbang: :headbang: Јас се изнасмеав :rofl: и виде колку е саатот и заќути. Единствено што ми пречеше беше да објаснам, дека храната нема врска со количината на млеко :) ама помина
     
    На Alishan30, tina2018, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. naturallmess

    naturallmess Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.844
    Пол:
    Женски
    да не почнам да везам по темава што се се изнаслушав минатата бременост , односно кога се породив :x насила морав да пробувам изнутрици некои , џигери и слезенки ( еднаш само пробав и се исповраќав ) , ја гради имам како балони , млеко за четворка да дојам , викаа е не ми било квалитетно млекото ќе ми секнело , зато ми плачело бебето попладне ( а малиот имаше многу грчеви ) , му се воспали папочето и не сме смееле да го носиме луѓе да го гледаат за тоа имало патронажна сестра ( а таа пустата неспособна ) па за еден лекар цела населба не дозна , вода не ми даваа да пијам до 40 дена не се пиело , само јогурт и боза требало ( фисури си направив и се утепав од крварење после тоа ) , на маса сама сум требала да јадам а не со другите па на малецка масичка ме ставаа да јадам :@ и со ќерка ми паметната свеки кога имаше 19 дена бебето после доење ми ја зема она да ја подригне , ама отиде во другата соба ,не ја тапкала како треба не ждригнало бебчето и заспало , она па уште на грб го легнала и слушам вика од соба , ја влагам ( ме прати пелени да пеглам ) бебе плаво во лиценцето оваа наопаку го свртела и го тресе , луѓе незнаев каде сум и го грабнав ја ставив на стомак па ја удирам одозгора да се искашла да вдиши , едвај се оправи бебево:sweat: леле леле имам книга да напишам од нејзините глупости :rofl::rofl::rofl: среќа овој пат сум сама горе и малку мирна глава ќе ми биде
     
    Последна измена: 21 октомври 2020
    На Alishan30, Milkiway, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Ygritte

    Ygritte Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    18.139
    Пол:
    Женски
    Зависи од луѓрто, јас живеам во заедница, воопшто немаме такви проблеми фала Богу, до ден денес...И тоа јас одбрав да живеам тука, зашто не сакав стан... а ми беше понудена таа можност
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ygritte

    Ygritte Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    18.139
    Пол:
    Женски
    Ништо буквално од ова, затоа реков, зависи од луѓето. Тие како беа потресени над мене и бебето, раска не даваа да падне над нас.... Јас се породив природно, и немав проблеми, веднаш почнав да помагам по дома, свеки викаше по мене, да одмарам, да го гледам бебето :) мене ми беше чудно...
     
    На Alishan30, thelittle17, BabyD0ll и 2 други им се допаѓа ова.
  15. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    2.955
    Пол:
    Женски
    Колку години имаше тогаш? Тој маж ти кај беше.... Мене што те читам ми иде да се телепортирам до таму кај тебе назад во времето и да те спасам (facepalm) Озбилно вода не пиеше или скришно си пиеше? А тоа со фисурите, што е тоа, од што?
     
    На Alishan30, SofiMar_, Kate Rina 93 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. naturallmess

    naturallmess Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.844
    Пол:
    Женски
    ја 20 години брв, скришно пиев вода :rofl:, фисурите се направиле од недостаток на течности ( тоа се како расцепи на дебелото црево кои се појавуваат од нередовно празненње и тврда стоилица , со балансирана и по течна исхрана , до 2 л вода во ден се средуваат , во спротивно неможат да зараснат и крварат ) , чудесии , а мм се правеше партали со нив со двајцата ама ја глупава бев многу и дете бев , ај да нема кавги , ај да биде се мирно ќе слушам и ќе правам како ќе се каже ..... ама во голема заблуда сум била , излезе дека не се моите постапки тригер или кочница за мир и хармонија во домот , туку нечиј карактер и лудило ;)
     
    На tina2018 и K7M10J им се допаѓа ова.
  17. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    2.955
    Пол:
    Женски
    Еее и после младиве сме биле сите испоразболени, нервни, неплодни и не знам какви ... Па од вакви садисти искомплексирани :emo:
     
    На Alishan30, raww, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    188.996
    Пол:
    Женски
    Тешко цвеќињата :) ќе скапат од толку вода :rofl:
    :f:(lalala):fubar:
     
    На Alishan30, Kitten, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    11.999
    Пол:
    Женски
    Истото си го помислив. Садизам!!!
     
    На noteforself, tina2018, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MissBreezy

    MissBreezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Женски
    Безалкохолно пиво да сум пиела за да имам млеко, само затоа што ќерка и пиела кога била бремена.
    Веногел да сум купела, сигурно ќе ми се проширеле вените.
    Сапунче да му ставела во газето за да се искака.
    Свекрвата ова. Не живеевме во заедница, но беа доволно присутни за да се изнаслушам бисерчиња. (facepalm)
     
    На Alishan30, Milkiway, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.