Мене ми рече свеки, ко ќе ме фателе болки за раѓање, млеко со путер ќе стопела и да се мачкам долу за да се отворам полесно? Како ќе одам така во болница долу цела млечна? Чек дали има ефект ова?
Ништо такво надворешно не помага за отварање Едноставно ќе си се отвориш ко ќе почне пораѓајот Со такви маргарини може само беља да си направиш, може инфекција да си закачиш
Извини вака морам да прашам. А не се понуди додека го правевте бебушот со сопругот да ве намачка двајцата за да лизга? Мојата рече јајце да сме кршеле првите неколку пати во водата кога ќе се бањало бебето. Важи...
Незнам пресеков дискусија во секунда. Не разглабав што како. Слушнала од колешките на работа. Реков не доаѓа в предвид.
Кај нас беше забрането некој да каже што јадел или да се спомне јадење што го нема дома. Причина за тоа, да не сум стрвувала па да ми биде нешто.
Аман бе па тие жени не треба да се толку стари и затупавеани, колку имаат до 60 год, па баба ми не кажува такви обичаи и глупости како они, у кој век живеат побогу. При толку напреден свет они сеуште веруваат во непиење вода 40 дена, мислам кој здрав човек ова може да го помисли дека е нормално. Не можам да си ставам во глава,деновиве толку глупости се изначитав и изнагледав насекаде и наслушав на секоја тема, ете врв ми е ова. Жени јака ви душа стварно, алал да ви е како сте смирени по се што слушате.
За да биде цврсто како јајце. Ама јајцата колку се цврсти, еве не знам Поарно со камен да велат да го бањаш
Ќе има не едно/две јајца на него при секое капење. По цврсто од тоа амин ...ајде доста трескам зелени да си легнам да спијам.
Женчиња, читам во 1 сатот ноќе не можам да се воздржам од смеење Научници да дојдат од од цел свет овие наши свекрви нема д можат да ги дешифрираат...
Добро бе јас не знам дали да се смеам или да плачам? Простоќа на ниво, што да кажам.. до сега не рекле ништо вакво, ама и да речат нема да бидат послушани, одма у старт им кажувам да не се будалеаат, а не би ги послушала во никој случај. Спремна сум и на ова.
Јас па знам тоа со јајцето дека е за главата да била убаво обликувана, затоа јајце се ставало на бањање. Еее оваа моја глава колку јајца и кромиди истрпела.
Што ве гледам чудни, што се однесува до мајката и свекрвата. Јас да имав можност да ми помагаат, бар дел од денот раат ќе бев. Ете ти го, чим си попаметна, прај му како мислиш дур да одморам (и така на крај по мое ќе биде). Никад не би пребацила. А за овие што даваат совети неповикани, најтерет ми се оние жени кои се "просветлиле со раѓањето на децата", па на секое седнување ти збори за цуцли и пелени, па збори во множина, па запчиња му растеле, па како го ставаш да легне на твој кревет - бактерии... па што трујат се околу себе со нивните деца, е за нив сум најсмрт. Мислам дај жено, родила дете, ни прва ни задња.