Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрви, мајки и останати „советници“ во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од naturallmess, 19 октомври 2020.

  1. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.696
    Пол:
    Женски
    јас пак ќе речем генерации се и се менуваат работите , празноверието и адетите некои ги почитуваат и уживаат во тоа , некои не. Да му наметнуваш на некој правила и адети па не е во ред тоа , кај кажува совет уште те прекорува ако не направиш така па после домашните те гледаат чудно , а суштински таа или тој што советува глупости е оној кој треба да го гледаат попреку .... невројатно беше па по телефони со роднини со колешки , муабети како требало , како било правилно и од сите страни собрани адети просто да се збудалиш :rofl:
     
    На thelittle17, PurpleMind, poppie и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Сега ја гледам темава и си се посмеав на вашиве приказни иако не е смешно пошо се реални :D
    Јас ќе си имам со мајка ми проблем. Маж ми во ситуацијава е како некои од вас со свекрвите :rofl:И вика он ќе правиме за детето како ќе кажат докторите и ќе си дојде патронажна, мајка ми му вика јас колку деца сум изгледала, не ви треба патронажна. Кога ќе фати да збори 'ние на времето ко бевте деца не правевме така' ме нервира. Ќе ми се разболело бебето, облеката што сме му ја купиле тенка била.
    Сака да земе одмор од работа кога ќе се породам (пошо маж ми нема да може да земе одмор) и да ми помага да доаѓа кај нас. И реков, нека доаѓа ручек да прави да ми запегла и зачисти, додека да фатиме ред на почеток ама да не ми попува за детето што и како да му правам, без да ја прашам. Знам како ќе е се пошо и со сестра ми беше иста.
    Свеки од друга страна е незаинтересирана до в крај, абе еден партал нема купено за бебе да рече еве ова од ќејф за внуката. Ништо не кажува и не прашува, само чат-пат си кажува редови до 40 дена никој да не примам и стандард тие адети со чорапчето наопаку против уроци, чао да не сум викала кога ќе излегувал некој. Ама барем не се наметнува што е најважно. И поарно, уште таа ми треба да ми попува.
    Ќе пишувам сигурно допрва ќе доаѓаат 'бисерите' кај мене :P Јако ќе е ако се активира и свеки :rofl:
     
    На Milkiway, thelittle17, Алек*** и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.978
    Допаѓања:
    133.568
    Кај мене мајка ми беше првата недела по пораѓај, цуркуси слушав само.
    Водата од бањање у цвеќе морала да се фрли. Викам ја неам цвеќе, де иди прашај у комшии дали може кај нив. Толку беше.

    По стемнување надвор да ме идам. Почнав на мм пред не да му викам, де на тераса поземи ми тоа и тоа, јас не смеам, самовили има, мама не ми дава. Она врие.

    Па ми вика, леле може ќе имам добиено кога ќе се породиш, нема да може да дојдам. Викам арно ти текна, да се јавам до клиника да направам список на која сестра и бабица кога и иде, да не идат на работа кога ќе тргнам на пораѓај.

    Јади кромид, ме пукна. Ама среќа па мајка ми е, па се и реков и не се лутеше.

    Свекрва ми океј жена е, еднаш само искоментира како тоа сум немала киселини а сум родила дете со коса. Друго не се сеќавам.
     
    На bertold, MeowMeow, thelittle17 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    А може и во темава совети да ви даваат вејќе "искусни" мајки?:)
    Жени,немојте да ја правите истата грешка како повејкето нас. Нема да сакате бебето да го давате на никого,никој нема да ви биде довочно чист за да го држи и никој нема да ви се гледа способен да го чува. Не велам дека нема да можете,ке можете но ке се истрошите.
    Штом нудат помош земајте:!: без разлика за домашни активности или за бебе.
    И да знаете не е срамота. На сите ни треба пауза.:drunk:
     
    На Kitten, Milkiway, thelittle17 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Е кај мене мајка ми е, ама што и да ѝ речам - со драми е и со кавги.

    Јас немав никогаш никакви проблеми со адети и чуда, мајка ми такви работи не ни знае, а свекрва ми и да знае, знаеше дека нема што да ни ги кажува. Уште од свадбата си знаат дека не сакаме ништо поврзано со адети, религии, деца не крштеваме, попови, молитви, добиено - ништо не нѐ интересира.
    Маж ми имаше денови земено, па исто така се знаеше индиректно дека ни едната ни другата имаат потреба да доаѓаат и да помагаат.
    Си признавам - јас сум дивурија малку по природа, откако сме одвоени со маж ми, ептен си ја сакаме приватноста, и многу многу не трпиме мешање. И тоа чувство мислам дека растеше експоненцијално, особено вивна кога се роди првото дете.

    Ама со мајка ми си останав блиска, и двете осеќавме дека можеме да си кажеме сѐ што мислиме. Но, сфаќам дека со тек на времето, ќе да животот си го има направено своето, па малку нѐ разиде во некои погледи. Зборувам на едно покомолексно ниво.

    Повеќе од аспект на тоа што јас се чувствувам сигурна како мајка, а таа не може да прифати дека нејзиното дете порасна и дека не трча кај нејзе за секој проблем. Колку и да се караме, колку и тоа да ме нервира, кога со ладна глава ќе размислам, можеби и мене тоа ме чека. Можеби е тоа едно ново патешествие, еден нов предизвик кој нѐ чека сите нас со нашите деца. Не ја судам... Си велам може има цела една позадина на сето тоа која носи многу покомплексни емоции - соочување со сегашноста, со тоа дека децата ти пораснале, ти си подостарел.... Не знам. Пробувам да дадам сѐ од себе да ја сфатам.

    Мислењево ич ко да не е за тука.
     
    На Herrera, PurpleMind, elena.mak и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски

    Респект за напишаново.
     
  7. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Можеби не и е прво внуче на свеки, ама нема врска бар нешто нека купи (ако е во можност), кај мене двете баби се натпреваруваат која повеќе ќе купи.
    Вчера баш со маж ми правев муабет, му викам бебе не смее да јаде ништо до 5ти месец само млеко, аха вика мора да јаде да биде јак. Ауу викам ај ќе видеш мора на педијатар да се оди, па ќе ти каже докторот, се зачуди "каков доктор вика" :rofl::rofl:(facepalm)
    Појма нема.
    Ќе полудам ко ќе родам 100%|(
     
    На Nefertiti., LivingGlam и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  8. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.696
    Пол:
    Женски
    леле дека поминаа кај нас 8 години од син ми , баш истава тема јаа отворивме со мм вчера , шетаме по продавници и ми вика а бе шишенце некое да купиме за секој случај а чажички и тањирчиња здравје дури на лето :o:worried:
    му викам а бе околу 5 месеци се почнува со храна не на 8 месеци , вика еј ме зезаш , сиротиот ги помешал лончињата нешто :rofl::rofl:
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Абе она ни даде пари креветче да си купиме, ама сама да излезе да си рече еве една цуцла или едно боди со сопствен ќеиф да си го купи за внуката-не :D Незнам може јас сум таква некој многу близок кога ќе ми каже дека чека дете ми иде да одам да купам бар некоја ситница, па очекувам и другите околу мене да се такви. Сестра ми, мајка ми и јатрва ми доста работи ми изнакупија досега.
    Ај може има купено ама чека да се породам па ќе изненади :D
     
    На bertold, thelittle17, Nefertiti. и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Исто и мојава па ти,за првото ми имаше купено бодиња и патичиња. А за второво корона е нели па се чува и не излегува:clap: еве уште малце еден месец ке прави малиов не ме изненадила:lol:
    Дека ми е сеедно не ми е. И тоа и е внуче но нека и стои.:emo:
    Јас се си спремив. За мене корона немаше:x|(:)
     
    На thelittle17, kukla21, naturallmess и 2 други им се допаѓа ова.
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Е вака сега за ова, да и оставам со бебе да прави што сака свеки, утре ќе ми пререче гарант, таа сега за глупости ми пререкува, ако собере наши алишта пререкува како се преработила денес,не па утре дете да чува, боже пази, ќе каже она ми го израснала детето. А некој да помогне, и после тоа 100 пати да ми каже, како тоа ми помогнал и ми исчувал дете, не фала, таква помош не ми ни треба. Друга работа е што, ни потенцира како пријателките нејзини ги чувале внуците и се жалеле, дека биле стари, и кажува дека она не би била способна баш, за да го чува. А од друга страна, кажува како ќе го бањала сама... и не знам како тоа не е способна за една работа, а за друга работа, кај што може да се докажува пред други е способна.:whew:
     
    На edna_malecka, Nefertiti., naturallmess и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Likeopus

    Likeopus Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2020
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е една и единствена во која имам доверба.
     
    На tina2018 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  13. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Па сите од истата причина не оставаме да ни се најдат при помош. За да не се тупаат по гради дека тие ни ги израснале децата.
    Но верувај има моменти каде што сакам да се затворам во wc да си плачам и да ја барам свекрвами па ако сака и со сестраи нека дојде на помош^_^
     
    На Fatalnata, naturallmess и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Јас не знам дали некогаш би стигнала до таму да ја барам, дали нешто пемногу на инат ја имам фатено, не знам, ама можно е и јас така да викам, не знам стварно. Јас мајка ми би ја побарала секако.. не знам што да кажам на другово..
     
    На Nefertiti., naturallmess, ivance.. и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Не дека ја побарав во овие година и пол со дете а сега со две,но има ден каде што сум истрошена и нервозна зошто неможам да постигнам. Па ке ми текне дека на некои им се нудат и ги одбиваат па ми се плаче:)
    За другото мајка ми ја малтретирам. Како и повејќето тука:)
     
    На BabyD0ll и thelittle17 им се допаѓа ова.
  16. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Ах да се пожалам и јас од свеки, јатрвата се породи пролетта абе пред да се породи секој ден скришно од мене одеше и купуваше ствари, дури јатрва ми сама ми кажа све што имам дома е од свеки.
    Јас сум месец пред пораѓај абе ништо ми нема купено, мојте купија еден куп ствари и не можеше да издржи дај нека ги донесат да видиме дали нешто ќе фали да докупиме, мојте донесоа се, оба разгледа и толку! ]:) И наместо да докупи тоа што ми фали потиде на првото внуче докупи тоа што јас го имам а го немаат они :swear:
    Не да ме има фатено инат за неа само да се породам ќе ги расчистам сметките.
    Сеа почнав онлине сама да си нарачувам зашо ќе останам без некој битни ствари :headbang:
     
    На tina2018, LunaGrey, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Може мислела да ти дадат се што купила за првото внуче од јатрва ти :D Така изглеа и мојава мисли, пред некој ден ми вика а зашто купувате кога имаат да ви дадат. Не ќе барам јас на сестра ми и јатрва ми кога не ми се ни понудиле, од кај да знам може сакаат уште по едно дете во блиска иднина и нејќат да ги даваат стварите. А и ти е гајле да ти кажам, јас искрено сакам пари да ми даваат наместо да купуваат они, бар ќе си купувам по мој вкус.
     
    На naturallmess, ivance.., thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Жалосно, јас имам среќа што сум прва снаа и ова им е прво внуче. Мислам дека на другата ќе и ги нудат моите стари работи.
    Јас сум прва снаа, изгледа и до тоа е, сега имаат мерак се да ми купуваат. Свеки дури и свилен мантил за во болница ми купила, стварно многу ми има олеснато.
    Од ко сум дојдена тука, сите алишта таа ги перит, постелнини. Еден ден земав да пеглам и ајде вика остави ме јас ќе ги допеглам. Е сега за во иднина ако пререче нешто, па и јас ќе и преречам, ама како и да е, голема помош имам од неа.
     
    На Fatalnata, naturallmess, ivance.. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Кај мене со мајка ми е така, а не е прво внуче. Исто се понаша како да е, во ниеден момент не и рече на сестра ми дај и ги стварите, исто како што и купи неа, ми купи и мене :) Ќејфот и е голем и да ми испегла стварите за бебе и да ми ги намести, исто како на сестра ми така и мене. Дури и напорна ќе е некогаш и тоа знам, ама барем ќе имам помош од неа:D Е свеки си се повелкуваше и за јатрва ми не ни покажуваше дека и е ќејф. И неа и даде пари-еве купи си што сакаш од мене. Ништо не и помагаше, не верувам дека и мене ќе доаѓа да ми помага, гледајќи дека мајка ми е заангажирана доволно. Различни жени се, небо и земја. Јас знам што е работата-нејќе да мислиме дека ни се меша, не дека е она незаинтересирана, ама тоа си го потиска во себе. Се што купив досега и покажував, она воздржано само ќе кажеше Аии што е убаво, со здравје да се носи и толку, ама таква си е жената. Си кажува одвреме навреме некои свои умови ама не инсистира за ништо. Ќе видиме допрва. :)

    А за умови, козметичарката што ме депилираше ми рече ноктите на бебето што ќе му се сечеле да се фрлале во саксиско цвеќе дома. Првпат слушам и и викам до кога? Па првата година ми вика.. И јас и викам, аха, значи додека не му пораснат канџи на цвеќето :rofl:
     
    На Milkiway, thelittle17, naturallmess и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    @Lovebug01 неее она несака ништо да се земе од кај нив фала богу несакам ниту јас, прво дете ми е све сакам сама да си купам.
    Туку кај нас е што она е вљубена во другиот син и недава ништо да им фали, ние да имаме повеќе и поубаво а он помалку ( а во сооредба со нас они живеат во царство :x) али нема везе, сеа пред крај ми почнаа нервозите, ем 2 години претежок пат поминавме за да стигнеме до тука, ем ивф, боцкања, финансии, чуда ама она нема мозок.
    Мајка ми е друга приказна, и нејзе не и е прво внуче ама со татко ми решија све што дале на првите внуци истото ме следува и мене, нема старо све ново
    @BabyD0ll ти уживај во привилегиите што ги имаш :rock: и јас бев прва снаа, и покрај се се препочитувани од мене, ама не ме рецкаат. Затоа другава матер им расплака ама ете влечат накај неа.
    Изгледа до мене ќе да е, ќе треба да се сменам :^)
     
    На GolemaMala, thelittle17 и Lovebug01 им се допаѓа ова.